Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
KAKO, KAko coek so 3 centri? Ne se ni centri klasicni.

Abe sekoja cest i da smislime samo ni ostanuva nas na navijacite i makedoncite nekoj posseben precek. IDEI?
Па да беше малце попаметен Самарџиски да не праеше глупи лични грешки сигурно тие 20 и нешо офанзивни скока на русите ќе беа намалени. Како и да е не планирам да плукам по никого, или да обвинувам за поразов. Сите заедно се виновни за секој успех и неуспех. А овој пораз дефинитивно не е неуспех !
 
Вака според мене честитки до сите Балканси држави кое навиваа за нас Кајгана ја читаат во сите Балкански држави од се срце,
♥♥♥♥♥♥Thanks,Prosim,Zahvalujem,Blagodarja Greece,Serbia,Montenegro,Slovenia ,Croatia ,Bulgaria♥♥♥♥♥♥

Јунаци за Македонија

1)Марин Докузовски се нафати човекот да ја води Македонија од нула ја направи солидна екипа Медал за него

2)Бо Мекејлеб иако натурализиран даде се од себе со срце Медал за него,

3)Владо Илиевски човекот буквално даде се од себе и да играше во Шпанската репрезентација ќе му изградеа статуа.

4)Перо Антиќ најдобар скокач и пасинг на ова првенство човекот даде се од себе да докаже дека е повеќе од бек.

Нека ми простат другите играчи од Македонија ама учете од овие буквално се дадоа на теренот.
 
Сега го дадоа целиот тим и сите беа со солзи на очите вклучувајќи го и Марин Докузовски.
Луѓето се борци! Луѓето изгинаа за земјава! Што да се прави кога двајца од нив се неспособни...едниот игра со години во репрезентацијава и се подоле паѓа а другиот е Гатузо. Другите беа МОЌНИ! Беа Приказ на храброст... ОРДЕН за победа на битки и мегдани! Нешто неверојатно! Видовме Македонци на терен како никогаш до сега што не сме виделе...и незз дали ќе видиме...но се надевам дека по Кометал и сепак ова е повеќе...репрезентацијава МАКЕДОНСКА... ќе има и следни подвизи! Следи Ракометарската репрезентација наша! Па потоа се надевам на ХАЏИ да се убие ...ако има Бог... и да почне фудбал да се игра, мада можеме и таму некој американец да ангажираме ако не друг може и Бо да се земе :rolleyes:
 
абе победиле или изгубиле добивме 4то место! немојте да ги потценувате кошаркарите ни најмалце! секој 2 ден тешки утакмици, напната атмосвера, прегласна бучава во салата, преморени играчи, судии и така натака.. замислете како би се осеќале вие на нивно место барем 5 6 минути? зарем малце победи имаме зад себе? победата над грција е огромен успех!!! светов научи дека постои држава со име македонија! научија барем каде се наоѓаме ако ништо повеќе! цената на играчите скокна, граѓаните на македонија покажаа дека знаат масовно да се соберат на плоштад и да го исполнат во целост. баталете го поразот со русија што е тоа е нема веќе назад!

најбитно од се - утре треба да им покажеме на нашите кошаркари како ги бодревме цело ова првенство и колку им останавме достојни цело ова време! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !!!
 
Бев на плоштад, атмосферата беше феноменална, таква сплотеност и национален дух ретко се гледа. Срцето ми се наполни кога гледаш маса народ обединети околку една идеја и сите разлики заборавени и поништени за заедничка цел.

Изгубивме ама покажавме дека сме класа, равноправни до крај, не скина Кирилинко, офанзивните скокови и уморот заради нашата тенка клупа но имаме светла иднина.

ВРАВО ДЕЧКИ ПА ГОЦЕВА ИЛИ ФИЛИПОВА РАСА НАШИ СТЕ И ГОРДИ СМЕ НА ВАС!
 
Ајде Македонијо идеме на Олимпијада. Да им ја дадеме нашата подршка. Мислам дека ова 4 место е само почеток на нашите големи успеси во спотот. Кошаркарите повлекоа рака (нога) :D

demotivacija.mk_Vi-Rekov...-Ne-Merete-Se-So-Makedonija-_131603032136.jpg
 
Русија иде на отворен играч, отворен играч се остава на тројка зашто најмала веројатност е дека ќе погоди центарот нивен од таму. Да идеш на тројка на 11 секунди пред крај е рамно на самоубиство, поготово знаејќи колку нашите центри рипаат во моментот. И јас сакав да идеме на тројка, ама друго е што е реално возможно, еднаш имаме шанса за бронза, нема да ја коцкаме на тројки.

И, кој ќе ја шутираше, мислиш русите ќе дозволеа Илиевски, Мекејлеб или Стојановски да шутнат? Не.

Ќе требаше Антиќ, Чековски или не дај боже Самарџиски.

Дај веќе ако дискутираме за should have, could have - нека држат вода муабетите.

Требаше да идеме на три од причина што во продолжение ќе беше навистина тешко да се добијат Русите, дури и со Црна Гора паднавме на кондиција. Имам замерка на Докузовски последнава утакмица зошто дозволи Кириленко и Мозгов со по четири лични да ни го полнат кошот последната четвртина. Требаше Антиќ да игра центарски на Кириленко уште во моментот кога ја добија четвртата лична кога веќе е инфериорен со Мозгов, наместо да се извлекува на три и да ги остава центрите на Русија без борба да си освојат топка.
 
Ако некогаш наши идоли беа Американците , Шпанците и останатите сега си имаме свое најубаво и најгордо во ова треба да ја најдите мотивацијата а и се останато во врска со нашите ХЕРОИ ...

Овие се тие волшебници кои не обединија и не направија горди што сме македонци !
 
Уште едно нешто....

И Бог е тажен , невремево е приказ на солзите негови поради поразот по втор пат од Судиите ( за време на меч против Руската репрезентација)
 
Секоја чест дечки!!! Најдобри сте!! Браво Владо, Антиќ, Бо, Гечевски, браво и за нашите идни лидери на репрезентацијата Дамјан , Војдан и Самарџиски! Браво за борбеноста на Чековски. Браво за докторот Докузовски!! 4-ти во ЕВРОПА луѓеееееееее. Дечките ја разбрануваа цела ЕВРОПА!! Ги придобивме сите симпатии и респект од цел свет. Идеме директно на следно ЕВРОПСКО!! Браво МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА !!!
 
Уште еден пост од мене...
Очекувавме втора фаза.... Очекувавме повторување на успехот од минатото европско... Добивме многу повеке...
Колку и да сум изнервиран ( мислам дека е нормално бидејки бронзата ни беше на дофат ) сепак неможам да им се налутам на нашиве... Изиграа машки изиграа со срце изиграа за Македонија...Браво за сите... Им благодариме за убавите изминати 18 денови со нив и да се надеваме на уште многу такви слични резултати...Главата горе не сме ние губитници, ние сме победници...

БРАВО ЦАРЕВИИИИИИ!!!!!!!!!!!!

моментот кој вечно ке го памтам



Тимот кој не направи горди и кој вечно ке се памти

imgres



Браво шампиони
 
Уште едно нешто....

И Бог е тажен , невремево е приказ на солзите негови поради поразот по втор пат од Судиите ( за време на меч против Руската репрезентација)
Море заради тоа невремето неможам да го изгледам финалето. :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom