Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Само мене ова не ми изгледа на нешто сериозно?

Мислам на скршеница на рака, од вакво паѓање со убаво испружени раце не сум видел досега. Можеби е само набивање, од каде инфо за официјално скршена, а можеби и тактизираат пак со него.. како што ги изненадивме Хрватите кои не го очекуваа на терен.

Гечо е ко феникс, пак ќе изникне во 1/4финалето против Литванија(Срб, Тур).

И мене не ми изгледа сериозно.Некако паѓањето му е сосема нормално и поставеноста на рацете му е добра но никогаш не се знае ...
 
Неизвесен е понатамошниот настап на Тодор Гечевски на ЕП


Настапот на центарот на македонската кошаркарска репрезентација Тодор Гечевски е неизвесен за преостатаните натпревари кои нашата репрезентација треба да ги одигра до крајот на Европското првенство во Вилнус, а потоа и во Каунас.
mkd-fin-1-508_69755.jpg
Во натпреварот во кој вчера Македонија ја победи Словенија со 68:59, Гечевски се повреди, а по направените снимки констатирана е скршеница на левата рака.
До крајот на првенството Македонија ќе одигра уште четири натпревари (еден во Ф групата и три во борбата за пласман).
Следниот натпревар Македонија го игра в понеделник со Русија, што е директен дуел за првото место во групата Ф. Русија синоќа убедливо ја победи Грција со 83:67. Во третиот натпревар од групата Финска ја порази Грузија – 87:73.
На чело на табелата се Македонија и Русија со по 8 бодови, пред Грција со 6, Словенија и Финска имаат по 5, Грузија е последна со 4.
Денеска се играат натпреварите од 3.коло од групата Е. Во 14:30 часот во директен дуел за четвртфиналето играат Србија и Турција. Победникот од натпреварот Шпанија – Франција (почеток 17 часот) ќе го освои првото место во групата, додека Германија во последниот натпревар од програмата (20 часот), ако победи со доволена кош-разлика против домаќинот Литванија ќе може да се надева на пласман во четвртфиналето.
 
Цело време читам што се пишува и решив и јас еден пост да оставам.
Најпрвин честитки до репрезентативците и се разбира до Докузовски. Стигнаа толку далеку до каде што никој и не сонуваше.

Ги гледам коментариве за Самарџиски и ме фаќа смеа кога некој пишува дека играл просечно или дека имало потенцијал во него. Јас мислам дека е далеку и од просечен, ако веќе ја гледаме статистиката тогаш нека се направи компаративна анализа со статистика на играчи од другите селекции а кои ги имаат неговите предиспозиции - да не должам многу дрво невидено е. Потенцијал може да има некој млад или играч на кого не му се4 дало шанса да се докаже но овој со толкав стаж и променети клубови абер нема од потенцијал.

Што се однесува до Чековски мислам дека човекон игра со голем страв. Го следев и на турнирот во Словенија и очигледно беше дека дури и во изгледни ситуации се плаши и да шутира на кошот туку гледаше како побрзо да се ослободи од топката.

Антиќ е одличен, за мене изненадување број еден кај нас.

Илиевски игра променливо но се согласувам со еден пост од вчера каде дечкото вели дека е Владо голем чувар на топката и еден од најдобрите организатори на играта на ова првенство. Критиките во смисла дека ја држи премногу топката а кога ќе се ослободи од неа веќе има премалку време за организација на шут кон кошот по мене не држат место затоа што најверојатно тоа е по сугестија на Докузовски.

Повредата на Гечевски е дефинитивно голем хендикеп за понатамошните средби. Потенцијалот Самарџиски ќе изгуби чувство за простор покрај "руските бандери". Се плашам дека Антиќ за кратко време ќе заработи лични грешки па ќе бидеме препуштени само на влезовите на Бошко и на шут од дистанца а знаеме дека шутот ни е за никаде.
 
идеме на уште една победа ! мора да бидеме оптимисти и се надевам дека не е ништо посериозно со гечевски би сакал да го видам со русите...него видовте вчера чековски кога имаше шут од тројка и го утна цел обрач среќа погоди во таблата:pos:
 
идеме на уште една победа ! мора да бидеме оптимисти и се надевам дека не е ништо посериозно со гечевски би сакал да го видам со русите...него видовте вчера чековски кога имаше шут од тројка и го утна цел обрач среќа погоди во таблата:pos:
:pos:Добар е Чековски. А после коа Бо му ја пушти и овој сам беше за 3, не го ни погледна кошот
 
Абе сеа Лоба за кој ке навија??
Ке ги папа волкот и Русите !!!
 
Што и да се случи пласманот го имаме, останува да видиме со која репрезентација ќе вкрстиме, јас би сакала да се тоа србите/турците.

PS.Имам снашка русинка, се договоривме денес заедно да гледаме да ја бодриме Македонија :)
 
Што и да се случи пласманот го имаме, останува да видиме со која репрезентација ќе вкрстиме, јас би сакала да се тоа србите/турците.

PS.Имам снашка русинка, се договоривме денес заедно да гледаме да ја бодриме Македонија :)
Мислиш утре. :D
 
Гечо ќе игра, тоа е играч, тоа е борец, тој е и главен на теренот, пример за сите како се игра повреден, а и богами треба да го седне саммарот да го поучи троа.
Самаров врска нема искрено, се сложувам со сите предходни постови дека е дрво и тоа изделкано, многу лошо се движи, недај боже да фати топка после 6.75, својата висина незнае ама ич да ја искористи, од чисти ситуации прави компликации, освен ако не му ја дадеш на тацна па да даде кош кога рацете ке му бидат високо поставени со максимум, чекор два, слаба центарска игра. Е сега Русиве се јаки на 4 и 5 туго леле, таму ке се решава натпреварот, и доколку имаме подобар шут од поле, ќе биде интересно ... во секој случај
 
Мислам дека мора да ја победиме Русија.
Сите ни љубоморат и ако изгубиме ќе почнат да мрчат дека досега сме играле со слаби репрезентации, а од некоја појака веднаш губиме.
Тешко ќе е.
 
Ова на мене се однесуваше?
На сите како тебе што пишуваат цели реферати :pos: Инаку сега ја гледав статистиката и сме репрезентација што правиме најмалку грешки 10.4 Шпаниците ни се најблиску со 10.9 а со оние што игравме сите имаат на 12-13 грешки минимум а во просек е сигурно над 15 :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom