Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
И без Гече едвај 3 разлика ни направија Русиве..... ЈАКИ сме бе шо ви е !!!
 
Како и да е Македонија после Србија е најдобра во Моментов на Балканот сите имаат млади екипи но ние со оваа репрезентација сме ТОП.

НЕ верувам дека во наредните години ќе имаме ваков тим.
 
Русиве се во предност само зашто се високи ко стапови, на почетокот многу топки ни забија од под кош. Само Бо да се разигра ко што знае и сполај му на Чековски за тројките, ама нека не се заглавува онака под кош. Мислам дека Марин ќе ја рашири зоната и ќе им рече на нашиве да шутираат.
Ако има памет, Соколов и Мираковски нема да ги пушти воопшто.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Што се случува со Илиевски? Дали е овој оној играч кој треба , односно кој беше сензационалното засилување на Ефес? Па само реномето на Врбица ќе го уништи и ништо повеќе!
Од 7 или 8 удари .. за три два па и слободни... тој погоди... да, НУЛА!
Ова е нешто неверојатно, другите се во ред, не гледам доволна борбеност, сакам да се гине на терен но кај сме уморни, влеговме како пократки од сите, па и со повреден Гечевски... тешко е знам...
Сепак МАКЕДОНИЈА може, и знам дека ако сакаат, ќе успеат момциве.
ПС: Илиевски- Аут! Четврта може малку да влезе или почекот на трета ако не го бива па да знае до крај ич да не го става.
 
Русија не игра нешто посебно, па да се плашиме од неа. Разликата ја прави Фриџон кој постигна три тројки, без промашај е.
И неможи да си дозволиме уште еднаш да ни поминат 24 секунди, па ако треба и така нека мавнат кон кошот. Срамота е три напади во прво полувреме да ни завршуваат така.
 
треба да играме со повисока петорка против русиве пошо се високи а и така Илиевски везе си нема троши време утиња
Која повисока петорка бе пријателе?
Вие или не гледате или лудаци со сила се праите, нема трето жими мајка.
 
ама убаво беше кога положи илиевски за победа против хрватска ( и за спас на првенството) , нели ?

не дека не се нервирам кога промашуваат нашите кога се без чувар , ама ајде , белки во 1/4 ќе се истуриме .
 
Де бре смирете страси...не знам што очекувавте искрено од овој натрпевар но реално толку и ни се можностите....Илиевски сите знаеме дека е одличен плеј но кога игра секој натпревар по 30+ минути и веќе и годините го стасаа па не знам како очекувате да има концентрација за шут на таква улога..рамзислете малце зошто е непрецизен па ќе ви светни во главата...Чековски не знае воопшто да се поставува под кошот но од друга страна е одличен шутер и повторно го докажува тоа...реално и Русите играат одлична одбрана а во напад не се нешто посебно(исто како нас)...Соколов повторно на пробив јаде банана(не знам какос е обидува сеуште),Војдан и Дамјан одлични,и Антич и Мекејлеб вистински лидери во нашиот тим....штета што среќата не напушти во неколку наврати и нашите обиди излегуваа од обрачите а нивните обиди со ''многу кружења'' влегуваа...

Офф:Иначе Криленко не ви личи на балтерот од Адамс фамили...
Lurch.jpg
:D:D
 
Русиве се во предност само зашто се високи ко стапови, на почетокот многу топки ни забија од под кош.

Токму така, високи се маму му и тоа ги вади, ама како и да е докажуваме дека не се предаваме лесно макар биле и по 5 метри. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom