Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
ќе биде интересно , ако мораат да го варат...клин чорба за народ да прават...за тоа јавните кујни... :)

Абе не само што ќе го варат туку и ќе го јадат :) Првин они,после и народот. Сега гледам вести после долго време и пак налетав на иницијатива за споменици.Овие или си го ладат со нас или навистина се ненормални,трета опција нема.
Ако со овие параметри се дрзнат на уште една тура споменици,време е да побарам од овие жолти страни оставка на цел состав.Ме послушаа за Славко може пак ќе ми успее :icon_lol:
 
Има бе трета опција, како нема :.....некој ги држи...ЧВРСТО.. за јајца и им кажува што треба да прават.....
Реално гледано...да се толку величенствено луди е практично невозможно...:)
 
Јавниот долг на Романија достигна 22,7 отсто од БДП

Јавниот долг на Романија достигна вредност од 120,7 милијарди леи (едно евро се менува за 4,23 леи), што претставува 10 отсто повеќе од неговата вредност кон крајот на минатата година, соопшти романскиот весник „Адеверул“.Сумата претставува 22,7 отсто од домашниот бруто-производ (БДП) на земјата, пресметан за оваа година.

Владата очекува БДП-то годинава да достигне 531,3 милијарди леи при прогнозирано намалување на економијата за четири отсто. На крајот од минатата година јавниот долг беше 109,75 милијарди леи и претставуваше 21,78 отсто од БДП-то за 2008 година, покажуваат податоците на Министерството за финансии.На 31 мај 2009 година, приближно 64 отсто од јавниот долг беа во леи, 25 отсто во евра, а 11 отсто во други валути.
БББ и за Романија?
 
Интересно е што Романија пред падот на Чаушеску,воопшто немаше надворешен долг,ни едно евро.Значи за нив влезот во ЕУ според овие параметри ќе представува “промашена приказна“.:smir:
 
Од Вечер
БИЗНИСМЕНИ, ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ, МИНИСТРИ...
Светло има на крајот од тунелот, но како да се стаса до него?

На ова прашање вчера во Скопје се дебатираше на конференцијата "Пазарните економии во криза" што ја организираше Европската Бизнис асоцијација (ЕБА) во соработка со фондацијата Конрад Аденауер
За Бесими неопходни се структурни реформи во стопанството, оти главните сектори металургијата и текстилот се најпогодени од кризата.
Вицегувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов смета дека кризата дојде однадвор, па по таа логика и излезот од кризата ќе дојде однадвор.
-Најважно е да се обезбедат свежи пари однадвор за стопанството, односно инвестициите да продолжат - вели Богов. Според него на долг рок треба да се зголеми извозот, но затоа пак е неопходно да се смени структурата на нашето производство, односно тоа да биде далеку поконкурентно.
За првиот човек на Охридска банка -Societe-General Group, Бернард Коенинг економијата во земјава сега е подобра од онаа во април кога се одржувала конференција за кризата.
-Македонската економија е подобра и од онаа во соседството, смета Коенинг.
Претставникот на штипска Баргала побара поголеми бенефиции од државата, за да полесно ја пребродат светската криза.
Гинтер Офнер претседател на ЕВН Македонија Холдинг укажа дека кризата предизвика сериозен недостаток на капитал и ликвидност на компаниите, поради што оди тешко наплатата на побарувачката меѓу компаниите.
Од Дневник
Бизнисмените наместо кредит, ќе добијат кампања
Македонска банка за поддршка на развојот прави кампања преку која ќе ги учи бизнисмените како да ги искористат 100-те милиони евра
Компаниите oчајни за свеж капитал
Како резултат на кризата, фирмите се соочуваат со намалена наплата на побарувањата, а поскапените кредити дополнително влијаат
Абе сите се очајни за свеж капитал. И трафиките и колонијалите...и граѓаните. Не само големите фирми.

Бла, бла, бла...
Се прочитав освен каде е светлото во тунелот.Конференции се организираат за да се исперат пари,бидејќи една конференција носи со себе ивент менаџмент фирма,конференциска сала,сместување,закуски,фоторепортер,озвучување, дневници,плати...Сите од дома по еден лист и кој слушнал слушнал,кој дошол само пред говорот,кој заспал на столица (особно ако има симултан превод).
Јас шиткам лексилиум,дијазапам или деметринче по ефтини цени,кој е за нека се јави:helou:
 
Сите од дома по еден лист и кој слушнал слушнал,кој дошол само пред говорот,кој заспал на столица (особно ако има симултан превод).
Јас шиткам лексилиум,дијазапам или деметринче по ефтини цени,кој е за нека се јави:helou:
Епа тие се експертите кај нас, други нема од нашите, све се странци (како оној евреинот, Бишев, професорите од фон...). Освен од Охридска Банка и од ЕВН.
Или има и други експерти кои ги нема во текстот? Како на пример
http://docs.google.com/gview?a=v&q=cache:u1GciDiiW8IJ:www.forum.com.mk/_tools/pdf/900/article+%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%B8&hl=mk

Интересно е ако се стави срч во гугл на економски експерти и економски аналитичари, ќе се добијат многу сајтови со такви зборови. Имаме многу експерти (самонаречени титулари), прашањето е кој навистина вреди и кој се нема извалкано во економско политичките релации, товарот од неквалитетното извршување на својата функција и криминалните бизниси.

За овој од Охридска имам и од други извори слушнато за ваков став кон македонската економија, посебно банкарскиот сектор (не од медиуми, од разговор).

Еве и од А1 текст кој повеќе одговара на темата-банкрот.

Европската бизнис заедница со низа барања до Владата

Во спроведената анкета, досегашните антикризни мерки бизнисмените ги оцениле како недоволни за да му помогнат на стопанството.„Да се земе капитал и да се обезбеди ликвидноста, проблемите со даноците и царините, проблемот број 3, административните бизнисмени“, изјави Гинтер Офнер, претседател на Европска бизнис заедница.
Домашните бизнисмени ја обвинија Владата дека води неправедна даночна политика, наместо да му помага - му отежнува на стопанството.
„Ние уште повеќе сме кредитно онеспособени, кредитно оптоварени, каматно оптоварени и се секој пат неликвидни, никогаш не можеш да излезеш од ќор сокак“, рече Ленче Барзова, „Баргала“.
Капиталот станува се поскап и до него се доаѓа се потешко, велат бизнисмените. Во услови на затегната монетарна политика, странските банки не навестуваат пад на каматите и олабавување на процедурите.
Да не се поддржуваат компаниите коишто се веќе на вештачко дишење, туку да ги поддржиме добрите извозни компании“, вели Бернард Коениг, „Охридска банка - Сосиете Женерал“.
Владата останува на ставот дека Македонија, за разлика од многу европски економии, полесно ја пребродува кризата.
„Треба да се проверат сите мерки и сите можности како македонските банки, без разлика дали потекнуваат со странски или домашен капитал, да најдат начин поагресивно и поактивно да ги поддржуваат македонските претпријатија“, рече Веле Самак, вицепремиер за странски инвестиции.
„Македонската економија мора да ја диверзифицира својата индустрија и да ја придвижи кон пософистицирани производи со повисока додадена вредност“, изјави Димитар Богов, вицегувернер на НБРМ.
Според владините проекции, оваа 2009-та ќе заврши со минимален раст, меѓународните финансиски институции, НБРМ и бизнисмените очекуваат пад на вкупната економија.
Баргала тешко доаѓа до кредити. Кој е одговорен за условите за кредит и висината на каматните стапки (од кои за разлика од банките во странство кои потклекнаа, нашите остварија одлични профити)? И за забраните за давање кредити на населението? И такви одлуки има.

Едино интересни размислувања имаа Коениг и Богов.
 
Епа тие се експертите кај нас, други нема од нашите, све се странци (како оној евреинот, Бишев, професорите од фон...). Освен од Охридска Банка и од ЕВН.
Или има и други експерти кои ги нема во текстот? Како на пример
.................................................... Имаме многу експерти (самонаречени титулари), прашањето е кој навистина вреди и кој се нема извалкано во економско политичките релации, товарот од неквалитетното извршување на својата функција и криминалните бизниси.

За овој од Охридска имам и од други извори слушнато за ваков став кон македонската економија, посебно банкарскиот сектор (не од медиуми, од разговор).

Еве и од А1 текст кој повеќе одговара на темата-банкрот.

Баргала тешко доаѓа до кредити. Кој е одговорен за условите за кредит и висината на каматните стапки (од кои за разлика од банките во странство кои потклекнаа, нашите остварија одлични профити)? И за забраните за давање кредити на населението? И такви одлуки има.

Едино интересни размислувања имаа Коениг и Богов.

Секој може да биде ЕКСПЕРТ...тоа е бе денес најлесна работа , само јас едно 40 пута сум менувал поле на експертизам...:)
Остајте заебанции...однесувањето на владата, бидејќи таа ги креира условите во кои функционираат и банките е јасно и конзистентно во текот на функционирањето на СИТЕ ДОСЕГАШНИ МАКЕДОНСКИ ВЛАДИ....: Македонија треба да ја нема....како Македонска Македонија :)
најлесно се сотрува една држава со нејзино економско девастирање....тогаш пропаѓаат сите вредности...да не ги набројувам.
Тогаш е лесно да моделираш и рејтинг , да носиш недоквакани индивидуи на места каде не би ги пуштиле, во нормални услови , ни со препорака на Римскиот папа и Далај Лама ...заедно...:)
Кога така се погледне на проблемот сите неразбирливи небулози ,чудни, невообучаени дури и за луѓе со проблеми во мозочните активности...стануваат ЈАСНИ И ЛОГИЧНИ...:)
 
Секој може да биде ЕКСПЕРТ...тоа е бе денес најлесна работа , само јас едно 40 пута сум менувал поле на експертизам...:)
Па и ја, во скоро сите подфоруми имам дадено "експертски џанам" мислења. Религија, економија, мистерии... политика.
Македонија треба да ја нема....како Македонска Македонија :)
Очигледно е, со повеќе различни средства, а сепак да делува како природен процес, движење на општеството :smir:, само од себе
 
Е сега дури сум во дилема, да ги продавам обврзниците што ни ги дадоа по повод денационализација, или да чекам да банкротира државава :raz:?
 
Е сега дури сум во дилема, да ги продавам обврзниците што ни ги дадоа по повод денационализација, или да чекам да банкротира државава :raz:?

не знам какво ти е портфолиото и колку обврзници имаш, но најверојатно најдобра опција ти е да ги продадеш и добиените денари ОРОЧИ ги на 12 месеци со фиксна камата.

ако немаш идеја за бизнис, ова ти е најисплатливо за следнава година.
 
Абе алек ти и од берза си се разбирал,алал да ти е машко :)
Какво може да му е портфолиото со обврзници за денационализација,кој патем паѓаат надоле.
 
Камати на орочени се доста високи 10-11% во некои банки ради ризици, но Ставревски изјави дека до есен нема да има девалвација, а после? затоа и се високи...
А да си ја прашаш Леандра (која патем би требало да почне да наплаќа за финансиски совети), што е сигурно, сигурно е.

Хм, во меѓувреме ти одговорила.
 
Абе алек ти и од берза си се разбирал,алал да ти е машко :)
Какво може да му е портфолиото со обврзници за денационализација,кој патем паѓаат надоле.

од кај да знам какво може да му биде портфолиото???

ти знаеш?

П.С. Од многу работи се разбирам. за да си докажеш сама (пошто не ми веруваш), пробај следи и виртуелно пресметувај си - колку ќе има принос од обврзниците секој ден, колку од денарите со камата. ако се плашиш од инфлација (која нема да ја има), врзи го тоа со колку лебови (или телевизори или евра, ако толку сакаш) ќе може да купи на крајот од обврзниците и од денарите со каматата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom