Европската бизнис заедница со низа барања до Владата
Во спроведената анкета, досегашните антикризни мерки бизнисмените ги оцениле како недоволни за да му помогнат на стопанството.„Да се земе капитал и да се обезбеди ликвидноста, проблемите со даноците и царините, проблемот број 3, административните бизнисмени“, изјави Гинтер Офнер, претседател на Европска бизнис заедница.
Домашните бизнисмени ја обвинија Владата дека води неправедна даночна политика, наместо да му помага - му отежнува на стопанството.
„Ние уште повеќе сме
кредитно онеспособени, кредитно оптоварени, каматно оптоварени и се секој пат неликвидни, никогаш не можеш да излезеш од ќор сокак“, рече Ленче Барзова, „Баргала“.
Капиталот станува се поскап и до него се доаѓа се потешко, велат бизнисмените. Во услови на затегната монетарна политика, странските банки не навестуваат пад на каматите и олабавување на процедурите.
„
Да не се поддржуваат компаниите коишто се веќе на вештачко дишење, туку да ги поддржиме добрите извозни компании“, вели
Бернард Коениг, „Охридска банка - Сосиете Женерал“.
Владата останува на ставот дека Македонија, за разлика од многу европски економии, полесно ја пребродува кризата.
„Треба да се проверат сите мерки и сите можности како македонските банки, без разлика дали потекнуваат со странски или домашен капитал, да најдат начин поагресивно и поактивно да ги поддржуваат македонските претпријатија“, рече Веле Самак, вицепремиер за странски инвестиции.
„Македонската економија
мора да ја диверзифицира својата индустрија и да ја придвижи кон пософистицирани производи со повисока додадена вредност“,
изјави Димитар Богов, вицегувернер на НБРМ.
Според владините проекции, оваа 2009-та ќе заврши со минимален раст, меѓународните финансиски институции, НБРМ и бизнисмените очекуваат пад на вкупната економија.