Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
не знам од каде ти е идејата, ама еве да претпоставиме дека ТИ не си на власт? КОЈ ТЕ СПРЕЧУВА ТЕБЕ ДА КУПИШ???

Многу ти е паушално мислењето. Записите се продаваат на АУКЦИЈА, кој даде најдобра понуда ПОБЕДУВА!
Слободно обрати се до најблиската банка и дај понуда. Ако имаш пари.... И ако веруваш во Македонија....

Ами ме спречува малата понуда во однос на побарувачката,а до евробврзницата успеаа да се доберат само неколку банки и по некој привелигиран “бизнисмен“.Инаку членови на управните одбори во истите тие банки се и одредени министри во актуелнава влада по основ на поседување “златни акции“.Всушност Трајко им ги исполни желбите пред заминување,па го тргнаа за да не сноси консеквенци поради ваквата криминална емисија на вака висококаматни еврообврзници.:toe:
 
де бре --- баш за тоа зборувам --- колку сеирџии има во македонија.... читај погоре, ќе видиш дека тоа е главниот проблем на македонија. леандра барем мисли (и многу погоаѓа, некогаш си извртува од контекст за да и „одговара“), АМА вие што само фаќате сеир... .се кладам дека ништо не сте направиле корисно за Македонија во цел живот?

Да ве потсетам дека МАКЕДОНИЈА ве одгледала - од пороѓај, преку градинки, училишта основни и средни, до факултети итн... сето тоа (колку токлку) солидни услови...

Хмммм, дали бе alek34 толку многу ПРАВАЧ, за Македонија било кога си потпишал исплата на плата....за себе или за себе и твоите вработени...еве утре е 15-ти..... :) како ти оди???? заработи ли доволно за да ги платиш луѓето , а и делот за државата?????
или само онака си кокодакаш????
 
На тоа НБРМ му одговори со дигање на каматите на благајничките записи од 9% и задолжителна резерва од 10% на 20%.Домино ефектот донесе каматни стапки кај банките до 15,9% и стоп за кредитирање на стопанството кое е неликвидно и има проблем во рефининасирањето.

со оглед дека не ми одговараш на постот за побарувачката на обврзниците, кои се ептен директен показател дали некој е кон умирање или е потентен и ќе го биде кога ќе оздрави, ајде уште еден краток и прецизен коментар на дел од твојот мегаломански пост:

НБРМ не му одговори на МФ со порастот на каматата на БЗ и стапката на ЗР. НБРМ им одговори на сите (неодговорни) трошаџии, кои НЕ ЗАРАБОТУВААТ, а сакаат да трошат. Сите, Владата (во %) е еден од помалите, бидејќи таа ДА многу троши, ама и многу собира (т.е. „заработува“). Мене повеќе ме загрижуваат новите коли низ скопје, одморите во „грчка“ и турција, па дури и јадењето од увоз. тоа сето треба да СОПРЕ, на нив им одговори НБРМ.

Не е проблем за кредитирањето на стопанството кое СОЗДАВА. Има милион разно разни кредитни линии со многу мали каматни стапки, ако фирмата создава. проблем се луѓето кои не си ја знаат чергата, па се презадолжиле, а не сакаат од ништо да се откажат. и трошат, и тоа странски производи и услуги. нив ќе ги погоди најмногу... не само што ќе мора да се откажат, може и да изгубат некое обезбедување кое го дале во некоја банка...

Ами ме спречува малата понуда во однос на побарувачката,а до евробврзницата успеаа да се доберат само неколку банки и по некој привелигиран “бизнисмен“.Инаку членови на управните одбори во истите тие банки се и одредени министри во актуелнава влада по основ на поседување “златни акции“.Всушност Трајко им ги исполни желбите пред заминување,па го тргнаа за да не сноси консеквенци поради ваквата криминална емисија на вака висококаматни еврообврзници.:toe:

абе сега не можам да сватам - дали си ограничен, па не разбираш што е аукција ИЛИ просто сакаш да бидеш негативен и да контрираш?

батали ја еврообврзницата - поминала. еве ти шанса. наредниот вториник или тој по него ќе има аукција со приближно ист принос и исти перформанси (девизна клаузула). зошто не дадеш понуда и не победиш? ако е мала понудата, ти биди тој што е најкурназ и дај најмал принос и победи ги другите, пак ќе биде околу 9%. кој те спречува?

Хмммм, дали бе alek34 толку многу ПРАВАЧ, за Македонија било кога си потпишал исплата на плата....за себе или за себе и твоите вработени...еве утре е 15-ти..... :) како ти оди???? заработи ли доволно за да ги платиш луѓето , а и делот за државата?????
или само онака си кокодакаш????

утре е 15, значи е КРАЕН РОК. јас не чекам до толку. мојата помина одамна (низ глупиот систем на УЈП, ама тоа е друга приказна)

плус може ти со ономатопеи на кокошки да ме вреѓаш колку сакаш, нема да докажеш дека Македонија ќе банкротирала (а никој не знае да ми каже ни кога - за 1 месец или за 3 или до нова година?) само тресете зелени.... тоа - вреѓањето со животински звуци е само знак на вашата немоќ да докажете дека македонија ќе банкротира.... ќе дојдам пак за нова година тука - да ве поздравам, па макар и преку ХСДПА.....

П.С. заборавив - да сум потпишал и налози за купување ДРЖАВНИ (Македонски) записи и обврзници, многу... и лично и за фирма.... што друго те интерсира? (некои ми поминале, некои не, па што - нема одма да плачам)
 
Како не нареди во постов како на стрелање да одиме:pos2:
Освен банкрот нема да има,ништо друго не кажа.А кој ги купува обврзниците и со каква намера ги купува имам зборувано десет вечери по ред низ темиве во економија.Доста ми беше,одам да спијам утре ме чека напорен работен ден:smir:
 
убаво да спиеш и да ја сањаш македонија уште поразвиена... :-)

а, утре - кога ќе се наспиеш - повтори си како ништо не сум кажал, кога многу конкретно кажав:
1. тебе - дека НБРМ не е против МФ, туку против тие што неконтролирано трошат од увоз (ти тврдеше дека е против МФ)

2. на АБЦ - дека никој не го спречува да инвестира во МАКЕДОНСКИ хартии од вредност, а не да мрчи за неправди и наместени работи, бидејќи на аукција победува најдобриот

3. на тој последниот мрчатор (не ми текнува како беше (не скролам за него), само знам дека ништо не напиша зошто би банкротирале во ниеден пост, туку само сеир фаќаше) му кажав дека немам проблеми да си ги исполнам обврските и плус ВЕРУВАМ во македонија.

Како резиме - ЗНАМ дека не е најдобро. Знам дека е така 18 години и дека последнава година отиде на полошо. Знам и дека Владата не е баш сјајна. НО НЕ ПРИЗНАВАМ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОПАДНЕ. Имаме уште многу адути во картите што не се изиграни и треба владата да биде ептен глупа за да изгубиме. Баш напротив, Србија и Бугарија ВЕЌЕ ги изиграа адутите....

Отидов и јас да спијам и МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БАНКРОТИРА!
 
Отидов и јас да спијам и МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БАНКРОТИРА!

Стварно си срце,на крај ме пресмеа со заклучоков:pos2::pos2:
Убави соништа и тебе:back:
 
утре е 15, значи е КРАЕН РОК. јас не чекам до толку. мојата помина одамна (низ глупиот систем на УЈП, ама тоа е друга приказна)

плус може ти со ономатопеи на кокошки да ме вреѓаш колку сакаш, нема да докажеш дека Македонија ќе банкротирала (а никој не знае да ми каже ни кога - за 1 месец или за 3 или до нова година?) само тресете зелени.... тоа - вреѓањето со животински звуци е само знак на вашата немоќ да докажете дека македонија ќе банкротира.... ќе дојдам пак за нова година тука - да ве поздравам, па макар и преку ХСДПА.....
немам намера да те навредувам..и не е ономатопеа туку мноогу стар поим :)..., а дека ќе банкротира....ќе банкротира на жалост на сите нас на кои им е битна......, кога не би знаел точно, но секако во текот на неделата по оставката на Гошев.....
и на крај....ама ич не те разбирам...од каде тоа ќе дојдеш да не поздравиш??? ..........................зарем не заработуваш, вработуваш народ, исплаќаш плата и плаќаш даноци...ДОПРИНЕСУВАЈЌИ за Македонската преродба...???? како сите ние смртните, ситни претприемачи :) ....................се надевам дека не си од тоа светите крави...оние кои земајќи си ја буџетската плата СМЕТААТ дека нешто допринесуваат за "преродбата".....??? :)
 
абе сега не можам да сватам - дали си ограничен, па не разбираш што е аукција ИЛИ просто сакаш да бидеш негативен и да контрираш?

батали ја еврообврзницата - поминала. еве ти шанса. наредниот вториник или тој по него ќе има аукција со приближно ист принос и исти перформанси (девизна клаузула). зошто не дадеш понуда и не победиш? ако е мала понудата, ти биди тој што е најкурназ и дај најмал принос и победи ги другите, пак ќе биде околу 9%. кој те спречува?
П.С. заборавив - да сум потпишал и налози за купување ДРЖАВНИ (Македонски) записи и обврзници, многу... и лично и за фирма.... што друго те интерсира? (некои ми поминале, некои не, па што - нема одма да плачам)

Знам јас многу добро што е аукција,како што знам и што е криминална камата на државна Еврообврзница од 10%,токму во време кога ги имаш истите пари како понуда од ММФ со 2% камата.Јас како поединец можеби ќе успеам да се доберам со сопствените пари да купам неколку обврзници,ама банките кој всушност со нашите заштеди купуваат Еврообврзници со високи камати ќе купат огромен дел пак за милионите кој “ни ги чуваат“ на сите,како заштеди,и пак со нашите пари ќе си поделат дивиденда како и оваа година.Е сега криминалот се гледа токму тука,кога некој со нашите заштеди купува Еврообврзница со криминална камата,а обичниот граѓанин тоа мора да го прави со сопствената заштеда која и не може да биде во никој случај толку голема колку што е активата на Банките,посебно доколку се знае дека никој одеднаш нема да ги подигне сите пари од сите банки во кратко време,освен доколку не се појави депресија и голема инфлација,па и не се врати несигурноста во банките како порано кога граѓаните ги чуваа парите под перница.:toe:
 
немам намера да те навредувам..и не е ономатопеа туку мноогу стар поим :)..., а дека ќе банкротира....ќе банкротира на жалост на сите нас на кои им е битна......, кога не би знаел точно, но секако во текот на неделата по оставката на Гошев.....

lol оваа или другата? значи до петок 17.07.09???? абе ептен ќе промашиш... случајно знам дека гошев ќе оди на одмор утре вечер и две недели нема да биде тука за да даде оставка :-)))))) и дека ќе се врати... ај помножи два со два и ќе видиш дека НЕМА оставка ни во текот на оваа, ни во текот на другата, ни во текот на третата недела :-)))))

и на крај....ама ич не те разбирам...од каде тоа ќе дојдеш да не поздравиш??? ..........................

абе ќе дојдам ТУКА, на форумов. Зашто мислам да прекинам некое време, едно 5-6 месеци: заврши одморот... :-)
 
Прашањето ти е погрешно!

Правилното прашање е:
Дали при моменталните економски услови (да не ги набројувам) ти се исплатува да воопшто и се зафатиш да произведуваш нешто или да се префрлиш во трговец и правиш увоз и продажба на туѓи производи?!?
Една стара вистина која ја рекле и ја применуваат Евреите:
Кога сите продаваат ти купувај, кога сите купуваат ти продавај...
Ете вака Евреите го освоија светот со нивната трговија, ја створија кризата и сега ќе купат се за џабе пари...:toe:

Што се однесува до кризата во Македонија,па нашата мила држава е уште одамна банкротирана,стабилноста ја одржуваа со кредити кои не можеме да ги исплатиме до 248.245 година!!!
 
Знам јас многу добро што е аукција,како што знам и што е криминална камата на државна Еврообврзница од 10%,токму во време кога ги имаш истите пари како понуда од ММФ со 2% камата.

морам уште ова и да одам да спијам..

значи ММФ дава со 2% камата, ама по НЕГОВИ услови. тие многу често вклучуваат „консултанти“ кои ЈАДАТ од главницата, па ти се фаќа многу повеќе од 10% КАМАТА, да не зборам за ДИНАМИКАТА на исплата и УСЛОВИТЕ.

знам дека е лошо 10%, ама 5-6 милиони повеќе или помалку во 2013 нема да направат разлика, ако направиме добра основа до тогаш. впрочем и други земји се зајмиле со приближно исти камати од ПАЗАРНИ услови. А ММФ не ни бега, ако сакаме СТАГНАЦИЈА, како досега. Ако почне да тоне бродот (кон банкрот) и стагнација е подобро :-) Затоа и велам - БАНКРОТ НЕМА ДА ИМА. Џабе пропагандистите ја напаѓаат македонија....
 
За 92/93 тоа посебна приказна е. Ќе не купеа како на добош, вистински банкрот.

8.април 1993: државата која претходно аплицирала за членство со документ S/25147 е примена во ООН под референца "the former Yugoslav Republic of Macedonia".

Историјата потврдува: нема менување име без банкротство. Кажано со воено тактички речник, банкротирањето му доаѓа нешто како артилериска подготовка пред главниот напад.
 
морам уште ова и да одам да спијам..

значи ММФ дава со 2% камата, ама по НЕГОВИ услови. тие многу често вклучуваат „консултанти“ кои ЈАДАТ од главницата, па ти се фаќа многу повеќе од 10% КАМАТА, да не зборам за ДИНАМИКАТА на исплата и УСЛОВИТЕ.

знам дека е лошо 10%, ама 5-6 милиони повеќе или помалку во 2013 нема да направат разлика, ако направиме добра основа до тогаш. впрочем и други земји се зајмиле со приближно исти камати од ПАЗАРНИ услови. А ММФ не ни бега, ако сакаме СТАГНАЦИЈА, како досега. Ако почне да тоне бродот (кон банкрот) и стагнација е подобро :-) Затоа и велам - БАНКРОТ НЕМА ДА ИМА. Џабе пропагандистите ја напаѓаат македонија....

Хехе,абе 170 милиони евра со камата од 10% годишно и не се баш 5-6 “бедни“ милиони,туку се некои 50-60 милиони разлика што и не е баш бедна сума.А ММФ навистина контролира каде ги дава парите,и не ги дава баш радо за владата да покрие неколкумесечна дупка за плати во администрацијата,особено доколку таа администрација е толку партиско-моронска,што и на врапците им стана јасно дека е пребукирана од некадарни луѓе кој си ги задоволуваат потребите на наш грб.:toe:
 
Хехе,абе 170 милиони евра со камата од 10% годишно и не се баш 5-6 “бедни“ милиони,туку се некои 50-60 милиони разлика .....................

ABC ...зошто некако не можам да го тргнам од себе впечатокот дека нашиве економисти добро стојат кога се во прашање зборови и фрази но кога ќе дојде математиката на ред, некако ми се губат.....
 
ABC ...зошто некако не можам да го тргнам од себе впечатокот дека нашиве економисти добро стојат кога се во прашање зборови и фрази но кога ќе дојде математиката на ред, некако ми се губат.....

И во зборови и фрази не се толку добри колку што некои им веруваат кога ќе кажат одредена невистина изразена во бројки,како “ситница“ од 50-60 милиони евра...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom