Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Никој од овие оптимистичките александровци не писна после Леандра......да не отидоа да се опијанат??? :)


де бре --- баш за тоа зборувам --- колку сеирџии има во македонија.... читај погоре, ќе видиш дека тоа е главниот проблем на македонија. леандра барем мисли (и многу погоаѓа, некогаш си извртува од контекст за да и „одговара“), АМА вие што само фаќате сеир... .се кладам дека ништо не сте направиле корисно за Македонија во цел живот?


Да ве потсетам дека МАКЕДОНИЈА ве одгледала - од пороѓај, преку градинки, училишта основни и средни, до факултети итн... сето тоа (колку токлку) солидни услови...
 
Трезен сум сеуште ама не ја читав Леандра многу црни прогнози има ќе ми го расипи расположението пред Пивофестов :).


Ете приход:)Само не се пукајте:smir:Најубав помин да имате.
 
Ти ова озбилно го сметаш за факт дека сме ликвдини?



Алек економија се брани со податоци.Ако ги немаш,не продавај празна слама низ 5 страници.Ме разбра ли?:)

прво - ликвидност и банкрот (солвентност) се различни поими. да не ги мешаме. второ, не сме ликвидни како пред 2 години, АМА НЕ СМЕ НЕЛИКВИДНИ.

А за податоци ти зборувам. Ете ти пишав за понудата и побарувачката на ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ. Кој купува од некој кој ќе оди во банкрот и значи нема да се вратат (или ќе се вратат по 20 години)? Значи сепак има ПОБАРУВАЧКА, значи сепак ИМА оптимисти.
 
Никој од овие оптимистичките александровци не писна после Леандра......да не отидоа да се опијанат??? :)

не бе другар Lurtz ме претрка, ама затоа на друго место бев побрз :)

викате металургијата и текстилот опаднале а

а да не работеa тие најмногу на извоз?

отрезнисе и вратисе да ми одговориш
 
Ти ова озбилно го сметаш за факт дека сме ликвдини?



Алек економија се брани со податоци.Ако ги немаш,не продавај празна слама низ 5 страници.Ме разбра ли?:)
Па со слични и далеку полоши податоци, обврзници, кредити... сме биле и порано, но сме преживеале. Дали од тие извадоци претходно излегува дека порано сме биле ликвидни? И претходно стотици милиони обврзници се ваделе и вртеле. Сметам дека треба да се осврнеме наназад и да видиме дека имало и уште полоши и попогрешни чекори.

Но за да не ни се искриви вратот од вртење наназад :smir:
Мислам дека на погрешна врата чукаме. Не е работата банкрот-колку банкротиравме со одличниот премиер и министер кога исто се делеа обврзници (Поповски, Бучковски), работата требаше да биде развој, подобрување, намалување на оние непотребни трошоци од буџетот, отворање поле за развој преку ослободување од некои давачки, поедноставување на админ процедури, средување катастар, разни олеснувања...и уште многу нешто кое го имаме спомнувано во други теми. Сето тоа слабо и никако не се остварува (можеби оти е светска криза, не знам-ама некои работи како саглам судство, средени имотноправни односи, права борба против мито и корупција не зависат од светската криза), е тоа е лошо. За тоа да. Но, едно малку поголемо но...
Но ако малку разгледаме кој се работи во вторите ешалони, кој кочи или прави напредок во министерствата...ќе видиме кал испод чистата кошула :)
Дали сте виделе кој се работи во тие министерства како бекап на министрите? Не сите, но дел од нив се камелеони и ни земјотрес не ги мрда. Е тие се добра причина за многу пропаднати проекти, за една иста политика која и најдобриот економист да дојде, нема да смени ништо.

викате металургијата и текстилот опаднале а
Металургијата, Митал испушти работници...и ред како него. Башка за извоз во време на криза...тешко е, а тие не работат за домашен пазар, воглавно.
 
прво - ликвидност и банкрот (солвентност) се различни поими. да не ги мешаме. второ, не сме ликвидни како пред 2 години, АМА НЕ СМЕ НЕЛИКВИДНИ.

А за податоци ти зборувам. Ете ти пишав за понудата и побарувачката на ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ. Кој купува од некој кој ќе оди во банкрот и значи нема да се вратат (или ќе се вратат по 20 години)? Значи сепак има ПОБАРУВАЧКА, значи сепак ИМА оптимисти.

Вакви краткорочни акции од државата купува само оној кој истите и ги исплаќа од позиција на власт.Во тоа е штосот,со побарувачката за Еврообврзници со големи камати.:toe:
 
Па со слични и далеку полоши податоци, обврзници, кредити... сме биле и порано, но сме преживеале. Дали од тие извадоци претходно излегува дека порано сме биле ликвидни? И претходно стотици милиони обврзници се ваделе и вртеле. Сметам дека треба да се осврнеме наназад и да видиме дека имало и уште полоши и попогрешни чекори.

Но за да не ни се искриви вратот од вртење наназад :smir:
Мислам дека на погрешна врата чукаме. Не е работата банкрот-колку банкротиравме со одличниот премиер и министер кога исто се делеа обврзници (Поповски, Бучковски), работата требаше да биде развој, подобрување, намалување на оние непотребни трошоци од буџетот, отворање поле за развој преку ослободување од некои давачки, поедноставување на админ процедури, средување катастар, разни олеснувања...и уште многу нешто кое го имаме спомнувано во други теми. Сето тоа слабо и никако не се остварува (можеби оти е светска криза, не знам-ама некои работи како саглам судство, средени имотноправни односи, права борба против мито и корупција не зависат од светската криза), е тоа е лошо.
Но ако малку разгледаме кој се работи во вторите ешалони, кој кочи или прави напредок во министерствата...ќе видиме кал испод чистата кошула :)

На една тема се договоривме дека се што е помножено со 0 се добива нула нели.Со вториот дел целосно ми ја долови поентата на мојот остар речник према новата влада.Да целосно се согласувам со тебе,сега е 2009 а ние,ние со податоци од 92/93.
(ова ние ние имаше една смс порака,која започнуваше романтично:се сеќавам на твоето влажно тело,како сончевите зраци те милуваа,речиси голи и испотени,додека ние,ние...лупевме кромид)
 
Вака сеа, џабе муабети, седете мирно и гледајте во Гошев, кога ќе видите дека рипа од аеропланот...рипајте и вие и не заборавајте да го отворите падобранот.... :)
 
Вакви краткорочни акции од државата купува само оној кој истите и ги исплаќа од позиција на власт.Во тоа е штосот,со побарувачката за Еврообврзници со големи камати.:toe:


не знам од каде ти е идејата, ама еве да претпоставиме дека ТИ не си на власт? КОЈ ТЕ СПРЕЧУВА ТЕБЕ ДА КУПИШ???

Многу ти е паушално мислењето. Записите се продаваат на АУКЦИЈА, кој даде најдобра понуда ПОБЕДУВА!
Слободно обрати се до најблиската банка и дај понуда. Ако имаш пари.... И ако веруваш во Македонија....
 
де бре --- баш за тоа зборувам --- колку сеирџии има во македонија.... читај погоре, ќе видиш дека тоа е главниот проблем на македонија. леандра барем мисли (и многу погоаѓа, некогаш си извртува од контекст за да и „одговара“), АМА вие што само фаќате сеир... .се кладам дека ништо не сте направиле корисно за Македонија во цел живот?

Абе како се наредени сеирџија до сеирџија, кој од Германија, кој од Србија, се обраќаат само во второ лице множина (вие скокајте, вие сте криви, вас ќе ве нема, вашето црнило, вие ќе гладувате), ништо не им чини во земјава, за се им сме криви... :toe:
 
не знам од каде ти е идејата, ама еве да претпоставиме дека ТИ не си на власт? КОЈ ТЕ СПРЕЧУВА ТЕБЕ ДА КУПИШ???

Многу ти е паушално мислењето. Записите се продаваат на АУКЦИЈА, кој даде најдобра понуда ПОБЕДУВА!
Слободно обрати се до најблиската банка и дај понуда. Ако имаш пари.... И ако веруваш во Македонија....

Види вака......ние веруваме во Македонија.......но некако се помалку веруваме во селекторот кој го менува тимот што добива (добива.....така беше бар според рекламите со кои не отекоа)
 
Абе како се наредени сеирџија до сеирџија, кој од Германија, кој од Србија, се обраќаат само во второ лице множина (вие скокајте, вие сте криви, вас ќе ве нема, вашето црнило), ништо не им чини во земјава, за се им сме криви... :toe:

а бе Strastniot...ај кажи како е можно по детските...како мали џокица замишља муабети, на ова александровциве да се биде озбилен....башка што многу убаво ти кажав, без никаква доза на сеир............не го испуштај Гошев од вид, ако тој пише ОСТАВКА.....бриши некаде додека не помине ГЛАДОТ........ :)
 
На една тема се договоривме дека се што е помножено со 0 се добива нула нели.Со вториот дел целосно ми ја долови поентата на мојот остар речник према новата влада.Да целосно се согласувам со тебе,сега е 2009 а ние,ние со податоци од 92/93.
(ова ние ние имаше една смс порака,која започнуваше романтично:се сеќавам на твоето влажно тело,како сончевите зраци те милуваа,речиси голи и испотени,додека ние,ние...лупевме кромид)
Со претходните постови идејата ми беше да ви доловам дека и порано се дешавале вакви работи, но на А1 немаше од економските експерти (освен банкарите) да каже нешто за тогашниот банкрот. Башка што при приказ на економска состојба треба да се земе предвид и друга држава или период-временска серија, тренд, пораст, намалување, подобро полошо (од што). Па јас ја приложив, само на подруг начин, не во една табела туку од архиви на вести и медиуми. За 92/93 тоа посебна приказна е. Ќе не купеа како на добош, вистински банкрот.
Ние сме под стечај, перманентно. На макро план, а на микро-па исто е, повеќе помалку. Кој се снајде, алал да му е. Кој не се снајде, пак алал да му е :)
не го испуштај Гошев од вид, ако тој пише ОСТАВКА
Гошев или трио (кватро) фантастико од 3-4 банки во Македонија :smir:
 
а бе Strastniot...ај кажи како е можно по детските...како мали џокица замишља муабети, на ова александровциве да се биде озбилен....башка што многу убаво ти кажав, без никаква доза на сеир............не го испуштај Гошев од вид, ако тој пише ОСТАВКА.....бриши некаде додека не помине ГЛАДОТ........ :)

откако ја укинаа Политика и Вести незнајте кај да лечите комплекси
али кога веќе јбт пишуваш овде барем приложи нешто паметно пиши
на пример ти поставив едно прашање погоре
 
Со претходните постови идејата ми беше да ви доловам дека и порано се дешавале вакви работи, но на А1 немаше од економските експерти (освен банкарите и Бишев кој изјави дека било што за обврзници да одлучи владата, тој ќе ги поддржи -2005 година) да каже нешто за тогашниот банкрот. Башка што при приказ на економска состојба треба да се земе предвид и друга држава или период-временска серија, тренд, пораст, намалување, подобро полошо (од што). Па јас ја приложив, само на подруг начин, не во една табела туку од архиви на вести и медиуми. За 92/93 тоа посебна приказна е. Ќе не купеа како на добош, вистински банкрот.
Ние сме под стечај, перманентно. На макро план, а на микро-па исто е, повеќе помалку. Кој се снајде, алал да му е. Кој не се снајде, пак алал да му е :)
Гошев или трио (кватро) фантастико од 3-4 банки во Македонија :smir:

Знам што сакаше да кажеш,но несакав да се впуштав во ситуација да ја прегледам 2005 година и кои параметри беа тогаш,а кои сега.Еврообврзница е интструмент кој носи странски пари и може да се користи,не сум против.Но не во денешни услови кои ги набројав.
Да беа само тие 175 милиони,ќе ме немаше на темава:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom