Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Да ама денешна Србија има 8 милијарди евра странски инвестиции :smir:. А за банкрот сигурно повеќе ќе му верувам на Славевски него на некое партиско подлизурче.
 
Да ама денешна Србија има 8 милијарди евра странски инвестиции :smir:. А за банкрот сигурно повеќе ќе му верувам на Славевски него на некое партиско подлизурче.

лол - сите СДИ таму, исто како и македонија што ги има - све монополи од „комунизмот“, „продадени“ за да се офајди некој политичар.

сите тие муабети за Србија дека е подобра од македонија се во стилот „рекла шерпа лонцу“... нема разлика ни во ФДИ, ни во стандард, ни во ништо --- и во србија, како и во македонија е ЛОШО.

затоа и те замолив ДА НЕ ШИРИШ ПРОПАГАНДА дека ќе сме биле банкрот. да не наседнуваш на глупите срби (дај им шанса на паметните срби, кои се многу повеќе, но за жал се потиснати од глупите). или на кого веќе си наседнал, па си отворил тема дека македонија ќе банкротирала.


ако алудираш дека јас сум „партиско подлизурче“ само покажува колку си НЕ СПОСОБЕН да процениш. толку ќе биде и банкротот.

не знам што рекол славески, каков банкрот?
 
Погрешна ти е претпоставката дека е крвоток, па и заклучоците. Повеќе е како дигестивен систем - ХРАНА, а без храна се живее многу денови, храна се позајмува, дури и се краде...
Кога пишувам буџет, тоа е чисто фигуративно - тргнав со твоите поими. Инаку мислам на трезорска сметка, која е празна. Буџет е план за трошење и тој е полн со идеи. Ако нема пари, некои може и да не се остварат.




За жал и ова (како и констатацијта дека сме пред банкрот) не ти е точна. Оваа ти е 100% грешка, затоа што не сум „вмровец“, а јас сум единствен кој може тоа да го каже.
Банкрот може и ќе биде, ама јас вмровец не сум.

А пак ќе ти повторам - резервите се за кризни времиња. Имаш ли ти резерви дома? Што им правиш кога ти треба нешто, а немаш прилив?




Не бе девојченце, не се за одбрана на девизниот курс. Туку за компензирање на увозот, додека не се направи извоз (или на друг начин не се дојде до прилив). Пошто многу добро ти оди крвотокот, тие се како црн дроб - чуваат крв за кога ќе му притреба на организмот да ја ослободи. Не за стално да бидат таму. После кога ќе има доволно девизи, како што имаше од 2005 до 2008 до септември, ПАК ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ. Нормално, за тоа ќе отидат повеќе денари во оптек.

Инаку тезите за девалвација, исто како и за „банкрот“ се пласирани од разно разни пропаганди кои не ја сакаат македонија и сакаат на нејзин грб (тоа значи на грбот на сите нас) да направат екстра профит. Нема потреба од девалвација. Како што паѓа моќта во германија, така паѓа и во македонија. таму паѓа повеќе, овде повеќе се плашиме - се заедно на нула сме. Зошто би паднал денарот, кога цел свет паѓа? Да сме реални, да не се плашевме многу - требаше да рипне.

конечно, девизните резерви не се топат еве веќе 3 месеци.
а обврзница да земеш (и тоа ваква :-( значи да дадеш 10%), па потоа да ги чуваш во резерва со камата од 2-3 % е жив зијан. Повеќе сум да ги потрошат за изградба на нешто капитално (само да не е споменик)



ај да видам што се, па ќе ти ги напишам во следниот пост. и така овој е многу голем.



Нема јас што да ти потврдувам. Ти потврдија 175 милиони пати странците. Ти би му дала пари на некој што ќе отиде во банкрот? Оти ако отиде, нема да ти ги врати.
И дека не сме во банкрот, погледај наоколу - сите возат коли, на кеј -покрај вардар е преполно, ... да си банкрот, по твоите биолошки споредби, значи да си умрен => да не мрдаш.

Криза има (има секаде во светот), и кога секој ќе ја осети ќе мора да си ги скрати задоволствата (пр. Владата да ги намали платите на државните службеници, овие нема да возат коли, па нема да трошат бензин, па пумпаџиите ќе намалат нешто други и така оди тоа), но НЕМА ДА ПРОПАДНЕМЕ. НЕМА БАНКРОТ.

А можеш ти со нешто да потврдиш дека ни следи банкрот? Нешто КОНКРЕТНО? Како јас што ти укажав на 175 милиони потврди? Или само си на страната на пропагандистите (испрана или со умисла, не знам?).

Баш ме интересира КОГА ќе настапи? Денес, за 1 месец, 1 година --- кога?



Да бидам искрен - не ти верувам. Извини, така ми личи некако.:smir:
Ако сакаш може да ми раскажеш, макар и на приватна порака...

Ама ако создаваш, не би сакал банкрот. Секој кој нешто прави во оваа држава (создава приход и гради) не му е сеедно пропагандисти да му ја рушат. Само сеирџии сакаат да има банкрот.



За ова мислиш: „А од друга страна, не се ни потрошени. За исто толку пари има помалку денари во оптек. Кога не ќе му требаат денари, ќе ги врати еврата, кои не се потрошени, туку само ПОЗАЈМНИ на некој кој имал денари.“?

Значи не ти е јасно зошто девизните резерви НЕ СЕ ПОТРОШЕНИ? Па пробувам да ти објаснам, дека за да се намалат девизните резерви, НБРМ ги дала на НЕКОЈ кои и ВРАТИЛ денари. Значи не се потрошени, само се поминати од една форма (евра) во друга (денари). Гледано како девизни резерви, да намалени се - нема девизи. Но гледано како актива и пасива на НБРМ - нема промени: Нема евра, но нема ни денари. Значи нема евра, но нема ни обврска на НБРМ да врати евра (бидејќи веќе ги врати), значи ние што имаме денари сега сме помалку и денарите вредат исто. И сите 18 милијарди денари што се оптек да се вратат во НБРМ, таа ќе има од останатите 1,3 милијарди евра да им врати евра.


Понатаму, кога на некој ќе му требаат денари - кај ќе ги најде? Ќе мора да донесе ЕВРА (или нешто слично). Значи ќе донесе евра и НБРМ ќе му даде денари. Затоа може да речеш дека не се потрошени, туку позајмени.

Џабе сите паники. Не е ова Србија на Милошевиќ, па кога на некој ќе му требаат динари, тој фино и лепо ќе ги отпечати на Топчидер, БЕЗ ДА ПРИМИ ЕВРА.

Ако не ме разбра, да пробам пак?:smir:

Не е фер јас сите да ве читам во економија,а вие мене не,па да морам на секое да се повторувам со податоци и заклучоци.Сајтот на нбрм не ми го отвара во моментов,а само од него ги сметам релевантни податоците(ако некој успее,нека го остави овде последниот извештај на нбрм).Без него можам само да нафрлам податоци кои ми се врежани во глава:милијарда евра трговски дефицит,милијарда и двеста илјади девизни резерви,пад на индустриското производство,зголемување на задолжителната резерва на нбрм од 10% на 20%,издадени записи од 9% камата,издадена еврообврзница со 9,8%,нови вработувања во државна администрација (иди на најдиработа),милиони за лиење на споменик во Италија (одлив на девизи),молење од владата да не се повлекува дивидендата од земјава и прифатено да се влече на рати,никаде нема вложувања во инфраструктура,парите од обврзницата ќе идат за тековни трошоци,а само мал дел за резерви,стопанството бара кредити,банките не даваат,земен кредит од Светска банка на 100 милиони евра за кредити на стопанството,уште не е реализиран,млечна криза...Радо би ги наредила со бројки,но ете немам среќа вечерва:)

Патем мислев дека буџетот е план за приливи и одливи,а не само идеи,бидејќи внатре има ставки кои даваат плати на 400 000 администрација и пензии,а ако нема прилив нема ни реализација.Потоа од тие очекувани приливи они можат да го кренат телефонот и да се јават,во спротивно ќе им го исклучат.Или да објават тендер и слично.Не е магла,туку план кој дава пари,колку дава,и каде ќе одат тие пари.Е тие пари треба да легнат на трезорска сметка за која велиш„Инаку мислам на трезорска сметка, која е празна.“Чим е празна нека стават клуч на врата во влада и парламент,бидејќи нема ни за чистачка да им ги исчисти гомната од вецињата.Може да не се оставарат идеи како автобуси од кина или мотор на едно тркало,но за тековни проблеми,социјални трансфери,мора да има,ако не да умреме сите:)
Банкрот може и ќе биде, ама јас вмровец не сум.“ Добро не си,но си многу збунет:)Оние резерви за кој ти зборуваш се стокови резерви,а не девизни кој се кај нбрм и јас имам залихи на сол и брашно,ама немам пари на страна.Кога немам прилив печам леб дома со сол:smir:
Не бе девојченце, не се за одбрана на девизниот курс. Туку за компензирање на увозот, додека не се направи извоз (или на друг начин не се дојде до прилив)“ не бе мило,верувај дека за девизен курс се, за кога ќе увезуваме да имаме со што да платиме и да го држиме 61 денарот,бидејќи извоз немаме,дознаки паднаа,странски пари одат за тековни проблеми.Ако ги немаме нема да биде 61 туку 131,а ние секако ќе продолжиме да увезуваме.
„ПАК ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ“ со кое стопанство ќе се наполнат?Со металургија,со текстил,со градежната,со хемиската,земјодели,со која?Имаш уште милјарда и двеста,а треба да издржиме до декември каде се очекува мал напредок на дознаките.Од јануари до април отидоа пола милјарди евра резерви,тоа се 4 месеци,број колку месеци се до декември.Има благо покачување мај,но тоа е нестабилно,дај боже да е нагорно цело време од мај.
Ние сме транзициона економија и можеш да споредуваш само со нас слични економии.Оној кој ја споредува Македонија и германија,или како што љубат нашиве ние и Словенија е чист популизам.Германија излегува од рецесија според последните известувања на ммф,а Македонија сега ќе почувствува што е пад на стопанство.Споредби со транзициони економии имам правено некаде,испадна и дека таму сме последни.
а обврзница да земеш (и тоа ваква :-( значи да дадеш 10%), па потоа да ги чуваш во резерва со камата од 2-3 % е жив зијан. Повеќе сум да ги потрошат за изградба на нешто капитално (само да не е споменик)“ немаат у план капитално,туку тековно,значи ќе одат пошто зашто.Затоа е посигурно да ги дадат кај Гошев,а не за сликање пред камери.Жив зијан и тешк глупост е да ги земеш со 10% камата кога имаш на друго место со 2%.
Нема јас што да ти потврдувам. Ти потврдија 175 милиони пати странците. “ Ми потврдија со 10% камата заедно со странските агенции за рејтинг:smir:Се е документирано,со каков ризик се соочуваме.

За она пак не те разбрав,може до мене е,утре ќе го препрочитам пак:smir:

Убави соништа.Иначе темава не е на Милојко од мозок туку од устата на Славески,навистина си збунет:)
 
.............Значи, не е прашањето дали Македонија е пред банкрот или не. Прашањето е ШТО СИ НАПРАВИЛ ТИ за да произведеш нешто во нашиот заеднички БДП !.............

Прашањето ти е погрешно!

Правилното прашање е:
Дали при моменталните економски услови (да не ги набројувам) ти се исплатува да воопшто и се зафатиш да произведуваш нешто или да се префрлиш во трговец и правиш увоз и продажба на туѓи производи?!?
 
Прашањето ти е погрешно!

Правилното прашање е:
Дали при моменталните економски услови (да не ги набројувам) ти се исплатува да воопшто и се зафатиш да произведуваш нешто или да се префрлиш во трговец и правиш увоз и продажба на туѓи производи?!?

Еве колку ти е исплативо да произведуваш:


Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=55F38956505ADD4BAEA5A768356E8FF0
 
Да ама денешна Србија има 8 милијарди евра странски инвестиции :smir:. А за банкрот сигурно повеќе ќе му верувам на Славевски него на некое партиско подлизурче.

денешна Србија зеде заем од 3 милијарди евра
зарем Славевски до вчера за тебе не беше човек од недоверба
од каде наеднаш почна довербата :tapp:
 
Ова изгледа цел балкан ќе банкротира

Hrvatsko gospodarstvo na rubu kolapsa
Hrvatska pred bankrotom

TABLICE
Izvoz roba po stanovniku 2001. u dolarima
Slovenija 4.645
Češka 3.255
Mađarska 3.000
Slovačka 2.347
Hrvatska 1.065
Poljska 935
Strana ulaganja po stanovniku od 1990. u dolarima
Mađarska 1.809,9
Češka 1.405,2
Poljska 837,3
Hrvatska 810,8
Slovenija 647,8
Slovačka 365
Bruto domaći proizvod Hrvatske u 20. stoljeću u dolarima
Broj stanovnika Bruto domaći proizvod BDP per capita
1940. 4.130 7.147 1.737
1950. 3.856 7.078 1.838
1975. 4.500 24.962 5.547
1980. 4.588 33.245 7.246
1989. 4.767 34.692 7.278
2000. 4.445 28.212 6.347
IZVOZ UVOZ Vanjskotrgovinski deficit
U milijardama dolara
1994. 4.403 5.530 1.127
1995. 4.517 7.352 2.834
1996. 4.634 7.784 3.140
1997. 5.120 9.101 3.981
1998. 4.517 8.276 3.758
1999. 4.302 7.799 3.496
2000. 4.432 7.887 3.455
2001. 4.659 9.044 4.384
2002. 4.020 8.770 4.750
1-10 mjesec
Prema istraživanjima Svjetske banke u Hrvatskoj u bijedi živi 435.000 građana. To znači da svaki deseti građanin u Hrvatskoj nema ni 42 kune na dan. Od njih tek svaki četvrti prima socijalnu pomoć. Pravo na socijalnu pomoć ostvaruju samo građani koji imaju na raspolaganju manje od 13 kuna na dan. Po istraživanjima Centra za istraživanja marketinga iz Zagreba čak 80 posto građana Hrvatske subjektivno se smatra siromašnima.
Хрватската економија пред банкрот?
Петок, 03 Јули 2009 12:09
Еден од водечките хрватски портали „Индекс Хр“ ги споредува актуелните случувања во Хрватска, со оние во Аргентина од пред неколку години, кога државата прогласи банкрот.
Оваа споредба порталот денеска ја објавува како ударна тема под наслов „Хрватска-последни денови во рајот пред аргентинско сценарио“.
Хрватска е пред „аргентински банкрот“


„Иако вокабуларот „аргентинско сценарио“ доаѓа од устите на опозицијата, но и на дел од економските експерти, вреди да се направи споредба помеѓу случувањата во Хрватска и оние во Аргентина“, пишува index.hr.
Во обемниот текст порталот потсетува дека Аргентина своевремено важела за една од најбогатите држави, но се доведе во ситуација да доживее целосен економски колапс.
Кризата во Аргентина беше увезена од страна, долговите се решаваа со продажба на семејното благо, потоа се повикуваше на зголемување на потрошувачка во обид да се спаси она што може да се спаси.
Државата се обиде проблемите со ликвидноста да ги надмине преку издавање на државни обврзници со што јавниот долг достигна 132 милијарди долари.
Хрватскиот долг деновиве достигна 40 милијарди евра, но треба да се нагласи дека Аргентина по површина е десет пати поголема од Хрватска, а има осум пати побројно населени, наведува index.hr.
Ситуацијата во Аргентина кулминираше во 2001 година. Состојбата стана неиздржлива, а граѓаните излегоа на улица. Синдикатите во масовни штрајкови, а сиромашните во јуриш на самопослугите.
Владата одби да даде оставка, по што гневниот народ влезе во домот на министерот за финансии Доминго Каваљо, кој уплашен за сопствениот живот поднесе оставка, што предизвика бран оставки во целата влада.
Цветковиќ: Србија не е пред банкрот
Петок, 13 Март 2009 10:18 Владата презема мерки за справување со рецесијата
Премиерот на Србија, Мирко Цветковиќ, изјави дека Србија не се наоѓа пред банкрот и гарантира дека во Србија никој нема да остане гладен поради економската криза, а најранливите граѓани ќе бидат заштитени.

Тој додаде дека Владата се обидува да обезбеди барем минимален економски раст, со цел земјата да не западне во рецесија, барем не длабока. Цветковиќ вели дека во услови на криза не е лесно да се намалат буџетските расходи, посебно не во некои осетливи делови како што се платите, пензиите, социјална помош и инвестициите. Владата во главно размислува како да обезбеди 1,2 милијарди евра колку што изнесуваат дополнителниот дефицит и обврските за отплата на кредитите кои доспеваат оваа година.

На прашањето од кои извори ќе биде пополнета буџетската дупка, премиерот изјави дека недостасуваат 400 до 450 милиони евра, колку се бараат од ЕУ, но земјата не може да се потпре само на таа опција па затоа ќе се бараат дополнителни извори.
Ова е ради нашава влада, гарант :)

Инаку интересно е што мислењето за Македонија и банкрот е сличno (да не кажам исто) со она на еден новинар, легенда од транзицијата и...некои случувања, Мистер Ерол Ризаов
И уште едно, интересно е што тешкиот живот, се полошото секојдневие се најчесто критикувани (најчесто, не секогаш) од лица кои не осетиле нешто од овие кризи. Пример е оваа личност, пример беше Геровски во петокот, пример беа завчера пријатели кои на сите ѕвона ѕвонеа за узбуна, а не знаат која пара ја имаат (ако скијање во Швајцарија и Италија, летување на Куба, грчки острови, школување во странство, куќи на хх спрата, по 2 коли... за нив е криза...Норвешка може тогаш г. да јаде према нив). Спротивно на ова, поретко наоѓам луѓе-нормални, средно сиромашни, скромни (на кои стокецот им чури, немаат ниту за до Дојран, живеат кај родители/тукуречи под кирија и ниту помислуваат да излезат во кафеана...од само ними познати причини) и...кои ги критикуваат состојбите. Ова се однесува вон форумот, да не се разбереме погрешно, овде на форумот (скоро) никого не познавам и не посочувам ниедно лице.
Мислам дека првите треба да се задоволни од животот, дури и во криза тие ќе преживеат и тоа солидно. Вторите...само тие си знаат. Си знаат и си ќутат. Си ќутат и се смешкаат наивно :)
Ах да е Буковски овде, да пиши едно за Македонија...порно бестселер.
 
Па тоа е најинтересно. Една Хрватска и Србија се пред банкрот само нашиве продаваат муда за бубрези.

денешна Србија зеде заем од 3 милијарди евра
зарем Славевски до вчера за тебе не беше човек од недоверба
од каде наеднаш почна довербата :tapp:

Еххх замисли некој да и даде на Македонија 3 милијарди, еве не мора да се 3 нека ни дадат 1 милијарда. :smir:
Иначе Славевски ми стана човек од доверба кога јавно излезе и му кажа у фаца на Груевски све она што опозицијата му го збореше последниве 3 години.
 
Иначе Славевски ми стана човек од доверба кога јавно излезе и му кажа у фаца на Груевски све она што опозицијата му го збореше последниве 3 години.
Тоа како покојниот Трајковски кога и плесна во лице на швеѓанката за бегалците и оп, доби рејтинг за да стане претседател :)

Славески за прецедник :smir:

Еххх замисли некој да и даде на Македонија 3 милијарди, еве не мора да се 3 нека ни дадат 1 милијарда. :smir:
Милијарда, уф, добри пари. Но, да не шетаат лево-десно по канали и џебови :) инаку со тие пари (ако еу има контрола или ММФ) стварно ќе го биде.
 
Тоа како покојниот Трајковски кога и плесна во лице на швеѓанката за бегалците и оп, доби рејтинг за да стане претседател :)

Славески за прецедник :smir:

Милијарда, уф, добри пари. Но, да не шетаат лево-десно по канали и џебови :) инаку со тие пари (ако еу има контрола или ММФ) стварно ќе го биде.

Славевски му го плесна на Грујо, а со тоа шансите заа прецедник се никакви. :tv:
 
И уште едно, интересно е што тешкиот живот, се полошото секојдневие се најчесто критикувани (најчесто, не секогаш) од лица кои не осетиле нешто од овие кризи. Пример е оваа личност, пример беше Геровски во петокот, пример беа завчера пријатели кои на сите ѕвона ѕвонеа за узбуна, а не знаат која пара ја имаат (ако скијање во Швајцарија и Италија, летување на Куба, грчки острови, школување во странство, куќи на хх спрата, по 2 коли... за нив е криза...Норвешка може тогаш г. да јаде према нив). Спротивно на ова, поретко наоѓам луѓе-нормални, средно сиромашни, скромни (на кои стокецот им чури, немаат ниту за до Дојран, живеат кај родители/тукуречи под кирија и ниту помислуваат да излезат во кафеана...од само ними познати причини) и...кои ги критикуваат состојбите. Ова се однесува вон форумот, да не се разбереме погрешно, овде на форумот (скоро) никого не познавам и не посочувам ниедно лице.
Мислам дека првите треба да се задоволни од животот, дури и во криза тие ќе преживеат и тоа солидно. Вторите...само тие си знаат. Си знаат и си ќутат. Си ќутат и се смешкаат наивно :)
Ах да е Буковски овде, да пиши едно за Македонија...порно бестселер.
Јас го преферирам Милер има позачинет вокабулар, Лурц ако прочиташ секаде низ историјата таа критична маса за промени не ја соочинуваат тие со стокец туку тие што летуваат по Куби и Швајцарии, земи прочитај од Бостонска чајанка до Француска револуција дека иницијативната каписла е токму во тие луѓе зошто овие со стокецот му е скршен духот ,немаат време да размислуваат кој е одговорен за тоа што му се случува едноставно сета интелектуална сила му е насочена како да преживеат.
 
Да ама денешна Србија има 8 милијарди евра странски инвестиции :smir:. А за банкрот сигурно повеќе ќе му верувам на Славевски него на некое партиско подлизурче.

Која година србиа имала 8 милиарда странскки инвестиции или мислиш на годините после војните вкупно ?
 
Која година србиа имала 8 милиарда странскки инвестиции или мислиш на годините после војните вкупно ?

Прошлата година. 2008. Бар така чув на некоја од нашиве телевизии. Романија прва, Србија втора Бугарија трета.
 
Цитат:
Еххх замисли некој да и даде на Македонија 3 милијарди, еве не мора да се 3 нека ни дадат 1 милијарда.

Милијарда, уф, добри пари. Но, да не шетаат лево-десно по канали и џебови :) инаку со тие пари (ако еу има контрола или ММФ) стварно ќе го биде.

Колку милијарди досега запустивме????????Верба во нас повеќе нема, шансите од тој тип се одамна изминати....... рајска градина требаше да бидеме, ОАЗА НА ХЕДОНИЗМОТ..........
Сега ако сакаме да втемелиме нешто на здрава основа, треба да ја задоволиме нашата традиција...... да се стави нешто во темелот.........дали било пагански .... не е битно , важен е чинот и сатисфакцијата, и се разбира по методот на concrete.
 
Јас го преферирам Милер има позачинет вокабулар, Лурц ако прочиташ секаде низ историјата таа критична маса за промени не ја соочинуваат тие со стокец туку тие што летуваат по Куби и Швајцарии, земи прочитај од Бостонска чајанка до Француска револуција дека иницијативната каписла е токму во тие луѓе зошто овие со стокецот му е скршен духот ,немаат време да размислуваат кој е одговорен за тоа што му се случува едноставно сета интелектуална сила му е насочена како да преживеат.
Можеби како иницијална, но снагата на експлозија и разорна моќ, со дополнителни последици од шрапнели ја дава таа посиромашна маса народ.
Оние пак побогатите малку им треба за да од иницијална каписла преминат во петарда од 10 денари, -едно пофино место, некој дуќан плус... многупати докажано на нашата македонска економска сцена :)

Но штом досега ништо не е активирано, најверојатно нема критична маса за такво нешто. Башка и сивата економија си го прави своето-мир меѓу пролетеријатот и капиталистите :) Не случајно сивата економија успева да одолее на сите економски програми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom