Македонија нова туристичка дестинација на европскиот пазар

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
На охридско-струшката ривиера од Западна Европа најбројни ќе бидат холандските туристи. Се очекува да има околу 8000 туристи кои ќе остварат околу 50.000 ноќевања. Исто така, ќе има чартер-летови на охридскиот аеродром и тоа од Холандија, Финска, Русија, Словенија... Веќе во јуни доаѓаат во Македоија на студиско патување заедно со новинари за лично да разговараат со нашите хотелиери и агенции, но во исто време и да направат промоција на нивниот пазар

1E36BE931A3312439614CA3ADD8E4557.jpg

Поминаа речиси 3 години од вашето делување како државна Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Како ги оценувате состојбите во туризмот во Р. Македонија?

За да се формира нова институција, а воедно да преземате активности и да реализирате програма, е тешка работа. Ако погледнеме наназад, ќе мораме да признаеме дека работите во туризмот последните години почнаа да се движат во подобра насока. Почнавме координирано и сериозно да ја етаблираме Македонија како туристика дестинација во Европа, па и светот. Тука морам да ги нагласам туристичките спотови што се изработија за различни туристички производи (културен, езерски, вински, алтернативен, гастрономија...) и кои континуирано и координирано се емитуваа на различни глобални светски електронски медиуми, осмислено настапување на таргетирани туристички пазари преку учество на саемите за туризам, билбордни кампањи, кампањи во специјализирани печатени медиуми, поканување на туропеатори и новинари на студиски патувања во земјата итн. Државата почна со субвенционирање на надворешниот туристички промет.
Сето ова доведе одредени големи туроператори да покажат интерес за Македонија како нова туристичка дестинација на европскиот пазар.

Кога сме кај туроператорите и новинарите, во последната посета на земјата туроператорите искажаа незадоволство во однос на високите цени на хотелските услуги, немањето содржини во хотелите. Каков е вашиот став за тоа?

Цената на хотелските услуги ја одредува манаџментот на хотелот и за тоа си понесува одговорност. Агенцијата за промоција на туризмот им укажува на хотелиерите за трендовите во хотелиерството во однос на цените. Исто така, треба да се прави разлика дали зборуваме за градски хотели во главниот град за т.н. бизнис-туризам или хотели за т.н. лежерен туризам (за одмор) како и видот на договорот што го потпишуваат. Но, сепак, на светско ниво цената на ноќевање со појадок во хотел со 4 ѕвезди по лице во двокреветна соба е 15-16 евра или двокреветна соба е 30 евра за хотелски капацитети во туристичките места за т.н. лежерен туризам, односно помасовно да доаѓаат туристи во дестинацијата. Ова е цената што ни ја укажуваат големите туроператори кои постојано ги анимираме да ја стават Македонија во своите програми. Ние изразуваме задоволство што навистина одредени хотелиери, посебно во Охридско-струшкиот регион тоа го направија за холандските и финските туристи. Дефинитивно инвестирањето во содржини е неопходно, а добро е што голем број хотелиери веќе се во фаза на инвестирање, па така следната година ќе имаме хотели кои ќе имаат содржина.

Може ли да се развива туризам со олку скап авиопревоз и лоша патна инфраструктура?

Дефинитивно дека инфраструктурата е еден од значајните фактори за развој на туризмот. Но, мора да нагласам дека давањето под концесија на аеродромите во Скопје и Охрид на турската компанија ТАВ од страна на Владата е одличен потег кој дефинитивни дава резултати и од аспект на чартер-летовите, но и за влез на ниско буџетни компании.
Час поскоро е неопходно главните патни правци до туристичките места во нашата земја да се дадат под концесија, односно засилено да се инвестира во патишта.

Што е со влезовите во нашата земја - граничните премини, чистотата на тоалетите, чистотата на автопатот, изгледот на наплатните рампи на автопатот се очајни? Некои туристички агенции се жалат за непотребно задржување на автобусите на граничните премини. На автопатот Табановце - Гостивар минатата година српските туристи кои се движеа кон Охрид се жалеа на полицијата која без да ги опомене веднаш ги казнува. Како планирате да се надминат овие ситуации до почетокот на летната сезона?

Каква туристичка сезона можеме да очекуваме во 2011 г.?

Дефинитивно многу подобра од минатата година. Тоа го покажува и статистиката. Во првите месеци имаме зголемување на бројот на странски туристи. Нашите предвидувања се дека во 2011 г. ќе имаме зголемување на бројот на странски туристи од 10 до 15 проценти.

Кои гости ќе бидат најбројни на охридско - струшката ривиера. Најавите се дека странците оваа туристичка сезона ќе доаѓаат организирано со чартер летови.

На охридско-струшката ривиера од Западна Европа најбројни ќе бидат холандските туристи. Се очекува да има околу 8000 туристи кои ќе остварат околу 50.000 ноќевања. Исто така, ќе има чартер-летови на охридскиот аеродром и тоа од Холандија, Финска, Русија, Словенија... Нашата политика во овој однос е постојано таргетирање и отворање на нови пазари. Така, неодамна имавме успешни презентации пред значајни туроператори во Варшава и во Букурешт во соработка со амбасадите и економскиот промотор. Веќе во јуни доаѓаат во Македоија на студиско патување заедно со новинари за лично да разговараат со нашите хотелиери и агенции, но во исто време и да направат промоција на нивниот пазар.

Што треба да преземат локалните самоуправи во туристичките места за унапредување на туризмот, односно за туристите да бидат задоволни од престојот?

Да, најважно е да туристите кои ќе доаѓаат да бидат задоволни од престојот и да препорачаат. Локалните самоуправи во туристичките места треба да ја подобрат туристичката инфраструктура, туристичката сигнализација, да се подобри јавниот превоз, чистотата да се унапреди, да се постават информативни табли, музеите во текот на туристичката сезона да работат до вечерните часови, а пред културно-историските споменици музеите да постават информативни табли на англиски јазик со 2-3 реченици објаснување за тој објект, да се отворат туристички информативни центри, да ја анулираат гласната музика, да определат места каде што ќе се постават унифицирани тезги за да се избегне панаѓурот кој ни се јавува во текот на летото....

Во Охрид има нови 3000 викенд-станови и 7000 постоечки. Каков туризам ќе се развива ако ваквиот податок го развива викенд-туризмот. Си ја сечеме ли гранката на која седиме?

Па дефинитивно морам да се согласам со вашата констатација.Секое атрактивно туристичко место е соочено со овој предизвик па ако сакате и притисок на градежните компании. Но, добро е што на крај се донесе толкуочекуваниот Закон за Охрид, што требаше да се донесе уште пред 10 години. За жал, тоа е тоа, па имате во текот на сезоната секојдневно минимум 20.000 луѓе кои не знаете дали ви се домашни туристи или не. Нашиот став за Охрид е крајбрежната линија да се резервира за хотелски капацитети и да се намали експанзијата во градење на големи згради. Советувам локалната самоуправа во Охрид да погледне како го имаат решено овој проблем Будва (со кој е збратимен Охрид) и Дубровник. Нивните искуства многу ќе им помогнат да се надмине оваа ситуација.

Каква содржина нудиме со плажите кои се претворени во кафулиња привлечни за тинејџерите. Каде можат на охридското крајбрежје да уживаат семејните гости, оние за кои и јавно се залагаме да не посетат?

Да, тоа е уште еден проблем што се јавува за време на летната туристичка сезона. Видете, градот треба да постави зони каде што ќе бидат плажите за забави со тинејџери и стариот дел на градот треба да се заштити од таква музика, односно да се реализираат содржини за семејните туристи, така што секој да има свој избор. Она што морам да нагласам кога сме кај плажите, потребна е строга контрола на работата на плажата не само за тоа што се претворени во кафулиња, ами и затоа што добивавме поплаки дека не оставаат простор туристите да ја користат плажата без лежалка.

Пред некое време во еден од дневните весници бевте споменат како човек кој спроведува успешна стратегија, односно не се жалите на сите недостатоци што се појавуваат во туризмот туку се движите напред и реализирате интензивна промоција. Каква е вашата визија за Македонија како туристичка дестинација за 5-10 години?

Видите, оваа позиција е доста неблагодарна, Подложни сте на секакви критики од разни луѓе. Вие имате две опции: или постојано да се вртите назад и постојано да полемизирате или да тргнете напред. Јас ја избрав втората опција, а резултатите ќе зборуваат за нас. Да ве потсетам, во најкризните години, 2009 и 2010 г., нашите прогнози беа дека ќе ги завршиме со позитивен резултат во однос на бројот на странски туристи. Туристичкиот еснаф не веруваше, но тоа се случи.

Дефинитивно Македонија мора да го следи патот на Словенија во развојот на туризмот. Да сме препознатливи по квалитетен и разновиден туристички производ и задоволни туристи. Ние сме постојано посветени на оваа мисија. За сето тоа да се реализира е потребно заедничко дејствување на сите чинители во туризмот во нашата земја почнувајќи од државните институции, локалните самоуправи, факултетите за туризам и туристичкиот еснаф во земјата.

Охриѓани немојте случајно да сте не обрукале !

Случајно некој да не помисли дека ова е некаков предизборен маркетинг еве уште една вест.

Холанѓани сакаат да градат марина во Охрид

ar_th_marinaohrid.jpg

Охрид наскоро би можел да добие марина и нови автокампови. Претставници на холандската компанија „Resort Marina Oolderhuuske“ ја искажаа својата заинтересираност за градба на неодамна одржаната средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Како што пренесува интернет – порталот на Општина Охрид, холанѓаните се интересирале за погодни локации за изградба на марина и на специфични платформи за монтажни куќи и автокампови. Претставниците на холандската фирма биле посебно заинтересирани за неколку локации во Охрид, во близина на Студенчишки канал и потегот од Младинскиот центар до автокампот Андон Дуков.
 
^^^^^^^^^
Охриѓани можда нема да се обрукаат.. ама оној градоначалникот нивен..сомнителен ми е

п.с. јак потпис младичу
 
Немој така,нашиот градоначалник е хидро - експерт.
 
Aide airlia da e!
 
Само да не биди како со Португалците во Отешево/Галичица?
Дај боже , дај боже велам да не си заминет пред да дојдат!
Да живеј владата!!!Сите да се маскираме!!!
 
коа ќе им излезат бубрезите од нашите патишта нема уште еднаш да дојдат.
 
Охрид уште од пред 10 г. е нагрден со згради кои се градат на секој агол.Фино вака интервјуто,ќе дојдат Холанѓани,Англичани,Норвежани,ама на терен овде е подруга сликата.Стратегија на развој на туризмот:градење згради на секој агол.И на секој да му е јасно.Охрид не живее од туризам,Охрид ПРЕЖИВУВА од туризам.

--- надополнето ---

Советувам локалната самоуправа во Охрид да погледне како го имаат решено овој проблем Будва (со кој е збратимен Охрид) и Дубровник.
Одличен совет.Ако локалната го прифати тогаш ќе мора да се рушат некои згради затоа што во Будва,Дубровник,а и Сплит нема седумкатници на самиот кеј.:zlo:
 
„Корендон Интернешнал“ воведува трет чартер-летa за Охрид со туристи од Холандија

Како резултат на големиот интерес на туристите од земјите на Бенелукс за туристичко патување во Македонија, холандскиот тур-оператор „Корендон Интернешнал“, во чиј аранжман холандски туристи организирано преку закуп оваа година ќе летуваат во Охрид и Струга, во шпицот на престојната сезона воведува трет чартер-чет од Амстердам за Охрид.

aerodromohrid_54910.jpg

Третиот-чартер лет ќе се реализира секој петок во периодот од почетокот на јули до крајот на август, со што бројот на гости што годинава ќе дојдат во Македонија се зголемува од претходно планираните 8.500 на 10.480 или над 500 гости неделно.

Изминатите три дена во Охрид и Струга престојуваше тим на холандскиот тур-оператор „Корендон“, при што беше спроведена проверка околу кондицијата на сместувачките и услужните капацитети во врска со најавеното доаѓање на холандските туристи на Охридско-струшката ривиера.

Како што истакна Асим Меѓедовиќ, менаџер на „Фибула ер Травел“ македонскиот партнер на „Корендон Интернешнал“ во Македонија, претставниците на холандскиот тур-оператор заминале со позитивни впечатоци од активностите што во организациски аспект се спроведени во Македонија за прифаќање и престој на туристите од Холандија.

- „Фибула Ер Травел“ како партнер-агенција на „Корендон“ ги заврши сите подготовки предвидени согласно договорот околу опслужувањето на гостите што ќе доаѓаат во Македонија. До вчера тука беа претставниците на „Корендон“ при што ги посетија сите сместувачки капацитети каде ќе бидат разместени гостите, за да се уверат дека се ќе биде во најдобар ред при нивниот престој тука. Оценките се максимално позитивни, оттаму што она што го видоа на терен е висока подготвеност за опслужување на туристите од Холандија, изјави Меѓедовиќ.

Само за промоција на Македонија како туристичка дестинација, „Корендон“ досега инвестирал околу 500 илјади евра. Според последните информации, холандскиот тур-оператор до вчера има продадено над шест илјади или 80 отсто од закупените аранжмани за Охрид и Струга, така што најавите од „Корендон“ дека сигурно ќе го продолжат договорот за закуп на аранжмани за 2012 година, се проширува со можност за нивно долгорочно присуство во Македонија.

Директорот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) Дончо Танески, рече дека долгорочното присуство на туристите од Бенелукс во Охрид и Струга кои веќе доаѓаат, сега веќе зависи од нас самите, дали ќе успееме да се наметнеме како добри домаќини.

- Претставниците на „Корендон“ отворено ни посочија дека отсега натаму се е во наши раце. Мораме да бидеме свесни дека во време на голема активност преку интернет, не може ништо да се скрие. Секој коментар, секоја и најситна забелешка преку социјалните мрежи се достапни за сите веќе истиот ден. Тоа значи дека не само партнерите вклучени во проектот, туку и институциите на системот, од инспекциските служби до комуналните служби, а најмногу месното население значи сите ние, мора максимално да се ангажираме во пружање што подобра услуга на гостите и нивна заштита, посочи Танески.

Тој уште додаде дека покрај Охрид и Струга, како аранжмани „Корендон“ и „Фибула ер Травел“ пробно вршат понуда за пакет-аранжмани со кружни тури низ Македонија, со повеќедневен престој и посета на сите позначајни културни и природни атракции во земјата. Повеќе од 70 холандски туристи пројавиле интерес за такви аранжмани, во чии рамки покрај Охрид, во рамки на престојот во Македонија би ги посетиле уште и Кавадарци, Неготино, Струмица, Штип, Скопје, Вевчани. Танески повтори дека тука како главен предуслов за реализација на таквите планови е какви ќе бидат коментарите на првите гости што ќе дојдат во Македонија.

Првиот авион со 189 гости од Холандија во Охрид доаѓа на 6 мај. „Фибула ер Травел“, заедно со локалната самоуправа на Охрид и Амбасадата на Кралството Холандија и за нив подготвува посебна програма.

Охриѓани берете памет !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom