Македонија на Дадо Топиќ & Time – најдобра еx-YU рок песна на сите времиња!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Македонија на Дадо Топиќ & Time – најдобра еx-YU рок песна на сите времиња!




Босанскиот избор за сто најдобри ex-YU рок и поп песни на сите времиња, насловен 100 Вјечити, триумфално заврши завчера со концерт на Јосипа Лисац во сараевската Зетра, по прогласувањето на најдобрите.
Во рок-категорија за 100 Вјечити убедливо триумфираше култната Македонија на Дадо Топиќ & Time, додека за најдобра поп-песна е прогласена Пјесмо моја, од репертоарот на Здраво Чолиќ.

И, додека Дадо во живо ја исполни антологиската тема, Чола на присутните им се обрати од Германија, преку однапред снимената видео-порака, која заради техничките недостатоци, никој од присутните не успеал да ја слушне.

Изборот за 100 вечни поп и рок песни од просторот на поранешна Југославија траеше две години, а во него учествуваа 300.000 луѓе.

Преостанатите 99 песни во обете категории ќе бидат соопштени деновиве.

Прогласувањето на најдобрите ex-YU песни е манифестација во рамките на тридневното музичко чествување на музиката во Сараево – Дани музике. Во ревијалната програма на првата вечер настапи неприкосновената Јосипа Лисац, која синоќа, на доделувањето на наградите Индекси, се стекна со неформалната титула Музичка икона.



Извор.



Шо мислите?Се согласувате со овој избор или не?Ако не,која е за вас најдобра ex yu рок песна на сите времиња?
 
Се согласувам со ова.
Песната е одлична иако не сум упатен могу во таа област.
 
Значи конечно ја избраа.
Се претпоставуваше бааѓи време, само не беше сигурно, дури не заврши гласањето. Инаку, си гласав јас :vozbud:
 
Тоа ти се вика заедништво на Македонците. :pos2:
Иначе песната е гром и вреди да биде прво место.
 

Една интересна песна која би требало да биде во првите 10. :)

А можеби и најдобра. :)


Eве уште нешто. :)
 
Јас мислам дека изборот е одличен и заслужува песната да биде на прво место. Што од субјективни, што од објективни причини.:)

Инаку две песни од Ван Гог кои исто многу ми се допаѓаат.:)


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom