Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Ништо чудно натпреварот Литванија - Македонија да биде Судии - Македонија. :)
 
Евентуалните судски грешки ќе бидат видливи па на крај објективно сите ќе заклучиме дали имало правда.
На крај краева се може и против судии ;)
 
Ајде бе више. Нервоза ме фаќа у пизду матер!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ништо чудно натпреварот Литванија - Македонија да биде Судии - Македонија. :)

Французите кога ја тепаа Литванија и покрај тоа што не беше толку значајно за пролаз во 1/4 финале имаше смешни одлуки на страната надомаќинот. Проблемот е што ова е случај и во минатото да се потсетиме на ланското светско кога играше Турција со Србија итн... Голема добивка е и за ФИБА домаќинот да стигне барем до 1/2 финале.
 

Одиме само храбро момци...
Вие сте гордоста на Македонија...
Следам спорт фанатично скоро 20 години,имало многу радости со некои од репрезентациите,и со локалните клубови,ама никогаш не сум се чувствувал толку горд и среќен како со нашата кошарскарска репрезентација....:cuc:
Овие луѓе се ВИСТИНСКИ ХЕРОИ...:pipi:
Пример за тоа како еден спортист треба да игра за боите на државата....:cuc:
 
Сепак нашите нека ја играат својата претпознатлива игра.Цврста одбрана и не толку сигурен напад во некои ситуации :P. Можеме да победеме :).Литванија не е dream team of USA :). Ехх што ќе мора ново далинско да мењаме :)
 
veke-se-znae-koj-e-finalist.jpg


Мојата посакувана шема за до финале А за таму се знае..ќе ги растргнеме шајкачите ко пресна баница:D
 
Литванија може не е УСА ама затоа е втора на светско од лани и тоа доволно говори за нивниот квалитет. На ова светско може да ги изедначиме со Франција и Шпанија токму ради тоа што се домаќини. Е сега од една страна Литванците денес може да влезат опуштено знаејќи дека добиле слаб противник и бидејќи играат дома... Ако постои ова опуштање што е реално тука ја гледам нашата шанса.
 
Ај од сега па натаму нека не пишува кој заминал да навива,од која навивачка група итн.Доста со такви постови!
Јас искрено се плашам само од судиите,напишав во еден претходен пост!Нормално е да бидат необјективни т.е на страната на домаќинот,ама да не биде тоа апла!
Волку,волку,море волци да те изедат!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom