ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

Вториот меч од втората фаза на ЕП го играме против уште еден стар (не)пријател, селекцијата на Исланд, популарните „рибари“. Ретко кога против Исланѓаните сме имале позитивен резултат, долго време токму тие беа последната и непремостлива пречка за СП или ЕП, пречка која беше помината во баражот за СП 2009, каде што во првиот официјален меч одигран во тогаш новоотворената сала Борис Трајковски, Македонија го декласираше Исланд. Но, во последниот одигран меч против нив се вративме на старите патеки, губејќи со 19-23 на СП во Шпанија минатата година.
На ова ЕП, Исланд дојде со слична ситуација како кај нас, значително ослбен со отсуството на неколку стандардни играчи. Сепак и со ваков состав, индивидуално гледано Исланд е изразит фаворит во мечот против нас и можеби најголем кандидат за освојување на третото место во групата, па дури и фаворит од сенка за полуфинале. Токму против нас сакаат и да си ги одржат тие шанси, па со Шпанија во последното коло директно да одлучуваат за тоа.
Нивни најдобар стрелец на ова ЕП досега е кој друг ако не, Валур Сигурдсон, крвникот кој не наполни и на ланското СП. Легендарното лево крило на Исланд е, за да ви доловам целосно, тотална спротивност на игрите на Манасков од ова ЕП. Освен него, поистакнати се Халграмсон, Палмарсон и уште неколку квалитетни random-сон играчи.
Слаба точка можеби им се голманите, но кога сме во прашање ние и нашиот напад, не би ме чудело да им го подобриме процентот и ним.
Кај нас, неизвесни за настап се Велко Марковски, Гоце Олјески а според последните информации и Кире Лазаров.
Доволно е ова за сега. Ако разбијам малер и победиме ќе напишам и семинарска за со средбата со Шпанија. Искрено јас сум песимист за резултатот и единствено што сакам да видам е ангажирана игра на нашите момци а не она безредие кое го видовме на минатиот натпревар.
А пошто се работи за рибари идеме...
„Ивицааааа (Обрван), кајче веслашеееее, по Охридското Езерооооо,
наспроти него рибари, рибаааааааарииии, рибари стари душмани...“ ♪♪♪
За кого? За Македонија! Одиме!
*се извинувам ако ви пречи полу-сериозниот пристап кон воведот на темава ама таква ни е ситуацијата...