Македонија и западната заедница

  • Креатор на темата Креатор на темата Славјански
  • Време на започнување Време на започнување
Само те молам за тие западните Славјани (Чесите и Пољаците) да ми објасниш, дали се тие истите кои ги бараа македонските просветители да им ја засилат словенската култура и писменост од налетот на агресивните Германи ?
Па Ватикан што направаи нив.
Истото што и отоманска Турицја со Босанците.
Денеска спомни му на Босанец, Турција во несвест паѓа.
И ?

Моето славјанство е против империјализмот на било која земја вклучувајќи ја и Русија.
Славјанството треба да пружи шанса на народите кои делат исти цивилизациски вредности и кои се многу сродни по дух да почнат нормално да општат, да комуницираат помеѓу себе, како што комуницраат со сите останати.
Времињата се менуваат, светот станува глобално село и ако не си дел од една целина ќе бидеш дел од ништото, ветрушка која ја дува и најслабото ветренце.

Земјите се делат на Мали и Големи, секогаш ќе постои тенденција за предност на вторите, затоа мешањето на малите со големите никогаш нема да произведе рамноправни односи, пред се’ од историскиот менталитет на тие Големи земји кои никогаш не почувствувале опасност од губење на идентитетот ниту ги поминале филтрите на монархо-империјалистичките окупации.
Малите земји се соочени со овој предизвик катадневно, поаѓајќи од притисокот за глобализација, во кој постепено се губат нивните традиционални вредности, престануваат да се сметаат за наследници на претходните поколенија и насилно се обидуваат да се ослободат од товарот на наследството.
На пример земајќи го јазикот - кој за малите народи како нас претставува незаменливо добро кое пак за големите земји претставува најголема опасност - бидејќи токму со него му е дадена можноста на човекот да сведочи за сето она, кое го наследил, поради коешто денеска е токму тоа што е.

Малите народи за разлика од Големите, ја зачуваа “вештината“ за пренесување на наследството и ги поврзуваат универзалниот европски идентитет со локалниот народносен идентитет.

Проповедањето на “славјанство“ има позитивна цел доколку тоа се употребува меѓу малите народи во вертикала од Полска - Чешка - Словачка - Словенија - Хрватска - БиХ - Украина - Србија - Македонија - Бугарија, но има и поголема реална опасност од “славјанизација“ по теркот на руските интереси, односно своевидна делумна глобализација со претопување во една деформирана маса “Словени“ кои ќе бидат ставени под апсолутна контрола на Русија како ГОЛЕМА земја.

Така стојат работите и секогаш ќе го имаат истиот курс. Со прокламирање на приврзаност кон Русија(Москва) како своевидна опсесија е еднакво на прокламирањето радикална демократија и неутрализација на етничкиот идентитет за сметка на “европеизација“, со еден или неколку европски јазици и едни исти центри на контрола на пр. Лондон, Париз, Берлин.

Фактички имаш две крајни точки, со приближување до нив го постигнуваш истиот (непосакуван) резултат.

Пример за тоа е токму Белорусија, каде автентичниот белоруски јазик е скоро мртов јазик, каде е вршена силна русификација и контрола, за која сите го имаат впечатокот дека претставува вештачка политичка форма која се одржува благодарение на државна диктатура.
Шансите да наидеш на некој Белорусин кој ќе збори чист белоруски јазик се 1:1000, и тоа поскоро во Западниот дел на земјата, додека на истокот одамна не постојат Белорусци.

Интересот на Македонија и останатите земји од наш ранг е да се поврземе меѓусебно и да ја минимизираме зависноста од двете крајни точки на влијание.
 
Брату ОК е тоа.
Секогаш постои опасност процесот да застрани, како што денеска е опасноста НАТО да премине во фашистичка организација која брани интереси на моќни западни корпорации.

Но што ќе беше Грција ако не беше дел од западните кралски фамилии или од нивниот систем ?
Немаше да постои.
Каква е таа денеска ?
Една од најсилните држави на Балканот, со висока национлна свест, нација која не дозволува ништо друго да пркне на местото каде имаше шарени цвеќиња.
И ?

Што се случува кога ќе застраниш од фамилијата?
Асимилација од друга култура.
Што има врска Босанец со Турција ?

Затоа кога имаш фамилија во која односите се решени, таа ќе си биде креатор на својата судбина.

За да види бел ден славјанството Русија треба да се промени од корен, самата таа да се постави на такви темели.
 
Доживуваш деформација на перцепепцијата.

Токму Грција ти е пример за ГУБЕЊЕ на етничкиот идентитет, на создавање вештачка географска маса, во корист на туѓите интереси. “Грците“ имаат ТУЃА национална свест, до почетокот на минатиот век мнозинството од жителите на Грција го сочинуваа Албанците и Турците, денеска тие го сочинуваат скелетот на “грчкиот“ национален идентитет.

Грција е силна колку што е слаба, употребува сила за да им одолее на природните рефлекси, како на пример македонскиот јазик, албанскиот или турскиот. Создава и одржува постојана пресија и национална параноја, бидејќи само во стравот од непознатото може да најде оправдување за неоправданата контрола врз народот.

Доколку ти сакаш Македонија да се гради по теркот на Грција тогаш јас најмалце сакам да сум ти соучесник, уште помалце таквото решение е во македонскиот дух.

Што се случува кога ќе застраниш од фамилијата?
Асимилација од друга култура.
Што има врска Босанец со Турција ?
Точно Албанците во Грција застранија и се асимилираа во вештачката “грчка“ нација, како што подоцна беше случај и со Македонците.

Босанско - Турската врска е религиозна, како што историски е познато, Турците народите ги делеа според религиозната припадност, не етничка. Босанскиот муслимански идентитет се изгради под влијание на турската вековна доминација, а денеска се исползува како основа за формирање на одделна етничка босанска група како противтежа на агресивните српско-хрватски интереси за приграбување на територија.
Единственото позитивно сеќавање за своето културно наследство кај Босанците се темели врз исламот како заеднички елемент, наднационален, кој им овозможува одредена историско-традиционална припадност.

Во секој случај, Босанците имаат многу повеќе заедничко со Турците, отколку ние со Русите, во историска конотација.

Затоа кога имаш фамилија во која односите се решени, таа ќе си биде креатор на својата судбина.

За да види бел ден славјанството Русија треба да се промени од корен, самата таа да се постави на такви темели.
Русија претставува систем на владеење сам во себе, во Русија не постои славјанство како обединувачки елемент туку Власт и покорност. Тоа имагинарно славјанство што е фабрикувана доктрина од руските пропаганди имаше конкретна намена - освојување и загосподарување со малите народи.

Проблемот е во тие мали народи кои отсекогаш чувствувале пресија и потреба за заштита, но истовремено редовно навлегувале во стапиците и дозволувале друг да им ја обликува слободата.
Но доколку има одредени луѓе кои дозволуваат да бидат будали, тогаш зошто некој како Русија не би ги искористил.

Најголемиот број на Руси или луѓе од поранешните СССР биле до тој степен игнорантни што ме прашуваа каква азбука користиме, замисли, па беа изненадени дека користиме кирилично писмо. (да не дојде до забуна, не се работи за градежни работници туку медицински персонал, учителки, актери и сл.)

Ова е само карикирање на твоите “братски“ мечтаења.
 
Доживуваш деформација на перцепепцијата.

Токму Грција ти е пример за ГУБЕЊЕ на етничкиот идентитет, на создавање вештачка географска маса, во корист на туѓите интереси. “Грците“ имаат ТУЃА национална свест, до почетокот на минатиот век мнозинството од жителите на Грција го сочинуваа Албанците и Турците, денеска тие го сочинуваат скелетот на “грчкиот“ национален идентитет.

Грција е силна колку што е слаба, употребува сила за да им одолее на природните рефлекси, како на пример македонскиот јазик, албанскиот или турскиот. Создава и одржува постојана пресија и национална параноја, бидејќи само во стравот од непознатото може да најде оправдување за неоправданата контрола врз народот.

Доколку ти сакаш Македонија да се гради по теркот на Грција тогаш јас најмалце сакам да сум ти соучесник, уште помалце таквото решение е во македонскиот дух.

Те молам само немој да ми кажеш дека Македонија и Македонците се пример за национален идентитет.
1 000 000 ( 1 МИЛИОН МАКЕДОНЦИ) 1 million Macedonians, како да ти ги напишам поинаку ?
Ги нема од Беломорска Македонија !
Каде е идентитетот ?
КОја деформација црна деформација, ако си неутрален знаеш ли што си ?
Шут, дворска будала.
Ако си пион и ако знаеш да играш можеш да извадиш кралица.
Грците и Бугарите не извадија кралици.
Ене ги и Албанците си ги вадат кралиците.
2 имаат на пат е третата.
Ах да несакаш да бидеш и како Албанците.

Босанско - Турската врска е религиозна, како што историски е познато, Турците народите ги делеа според религиозната припадност, не етничка. Босанскиот муслимански идентитет се изгради под влијание на турската вековна доминација, а денеска се исползува како основа за формирање на одделна етничка босанска група како противтежа на агресивните српско-хрватски интереси за приграбување на територија.
Единственото позитивно сеќавање за своето културно наследство кај Босанците се темели врз исламот како заеднички елемент, наднационален, кој им овозможува одредена историско-традиционална припадност.

Во секој случај, Босанците имаат многу повеќе заедничко со Турците, отколку ние со Русите, во историска конотација.

Луд си или така ти одговара ?
Босанците се поблиски со Турците одколку Македонците со Русите.
Утре ако го сменат богот може ќе бидат поблиску со Ескимите.

Море чоек селективно размислуваш, постојат се повеќе докази за поврзаноста на културите на просторот на украина со тој на егејот.
Таа поврзаност е милениумска.
Да говориш еден ист јазик, знаеш колку време треба ?
Да се молиш на друг бог, мечот е доволен.

Русија претставува систем на владеење сам во себе, во Русија не постои славјанство како обединувачки елемент туку Власт и покорност. Тоа имагинарно славјанство што е фабрикувана доктрина од руските пропаганди имаше конкретна намена - освојување и загосподарување со малите народи.

Проблемот е во тие мали народи кои отсекогаш чувствувале пресија и потреба за заштита, но истовремено редовно навлегувале во стапиците и дозволувале друг да им ја обликува слободата.
Но доколку има одредени луѓе кои дозволуваат да бидат будали, тогаш зошто некој како Русија не би ги искористил.

Најголемиот број на Руси или луѓе од поранешните СССР биле до тој степен игнорантни што ме прашуваа каква азбука користиме, замисли, па беа изненадени дека користиме кирилично писмо. (да не дојде до забуна, не се работи за градежни работници туку медицински персонал, учителки, актери и сл.)

Ова е само карикирање на твоите “братски“ мечтаења.

Тргни ја малку бариерата од твојот ум.
Славјанство братство не е служење на Русија, Украина или на Србија.
Тоа е припадност кон исти вредности.
Ако се најде некој паметен и интелигентен на таа основа може да изгради убава куќа многу поубава од оваа изуринираната.
Враќањето на славјанските традиции бара промена на свеста кај секоја индивидуа а потоа и во самото опшество.
Таква промена и на Русија и треба.
Ако Русија се промени во таа насока ќе имаш сила која ќе стави рака на тебе како што мајка става рака на своето чедо да го заштити.
Ако не се промени, ние си одиме со брзина на светлината во историјата.
Популација ти се намалува, проституција, дрога, алкохол, хомосексуализам ти го разорубаат опшеството, а ти си свиркаш мечтееш да си умреш во Европа.
 
Те молам само немој да ми кажеш дека Македонија и Македонците се пример за национален идентитет.
1 000 000 ( 1 МИЛИОН МАКЕДОНЦИ) 1 million Macedonians, како да ти ги напишам поинаку ?
Ги нема од Беломорска Македонија !
Каде е идентитетот ?
КОја деформација црна деформација, ако си неутрален знаеш ли што си ?
Шут, дворска будала.
Ако си пион и ако знаеш да играш можеш да извадиш кралица.

.
Грција има деформација нели ти е јасно-со самиот факт Што они биле ко бош први демократи биле и најнапреди,ама фактот дека Македонци ги поробиле малите грчки државички останува,останува фактот дека во Грција СЕУШТЕ има македонци,има турци,ерменци,роми,Албанци...борбата за Името Грчката држава и Национализмот го користи со цел одделување на граѓаните од РЕАЛНИТЕ проблеми,па и БЕГАЊЕ или ЗАБОРАВАЊЕ на ДАГ??

Џон Шеј вели Грција одбра МАКЕДОНСКО Јадро- а Не Требаше,бидејќи Хеленското и Македонското се различни.

Грците и Бугарите не извадија кралици.
Ене ги и Албанците си ги вадат кралиците.
2 имаат на пат е третата.
Ах да несакаш да бидеш и како Албанците

Ајде бе...на пат е третата.

И првите се тие кои зема Кралици(грција многу поубава)

Ако Русија се промени во таа насока ќе имаш сила која ќе стави рака на тебе како што мајка става рака на своето чедо да го заштити.
Ако не се промени, ние си одиме со брзина на светлината во историјата.

Популација ти се намалува, проституција, дрога, алкохол, хомосексуализам ти го разорубаат опшеството, а ти си свиркаш мечтееш да си умреш во Европа

Ејј многу песимистички.

Русија си кажа,соработуваме со Сите,САД,Кина,германија НАТО,ЕУ и.т.н Не се Непријатели ние соработуваме со сите за да ќариме-БРАТСТВО НЕМА...има можност и да грешам,ама најреално не наоѓам некаква си поврзаност...и знај,Русија никогаш не држи ДРЖАВИ,а и не оди Натаму.

Таква промена и на Русија и треба.

Хммм наредниве 20 години нема индиции за такво нешто.
 
Те молам само немој да ми кажеш дека Македонија и Македонците се пример за национален идентитет.
1 000 000 ( 1 МИЛИОН МАКЕДОНЦИ) 1 million Macedonians, како да ти ги напишам поинаку ?
Ги нема од Беломорска Македонија !

Си напраи муабет сам со себе. Како прво, ерозирачки се неконтролираните изјави за милион Македонци во Беломорска Македонија, како и да ги напишеш таквите твдења само ќе бидеш дел од несериозниот муабет и ништо повеќе.

Каде е идентитетот ?
КОја деформација црна деформација, ако си неутрален знаеш ли што си ?
Шут, дворска будала.
Ако си пион и ако знаеш да играш можеш да извадиш кралица.
Грците и Бугарите не извадија кралици.
Ене ги и Албанците си ги вадат кралиците.
2 имаат на пат е третата.
Ах да несакаш да бидеш и како Албанците.

Зависи кон што целиш, кон стварање хидбриден идентитет под едно име или зачувување на изворниот идентитет, оригинален, со минимални мешања и силна традиција.

Доколку и ти тргна по патот да ствараш “нации“ како грчката или албанската, каде ќе претопуваш се' што ќе ти попадне, тогаш го губиш изворниот елемент и секогаш ќе бидеш лесно расиплив. Јас несакам да сум дел од идентитет кој се состои од потчинување други етнички групи, сакам да си го чувам мојот и да имаме природен развој.
Со етнички инженееринг или како го велат, не сакам да експериментирам и да создавам хибридни етноси.

Луд си или така ти одговара ?
Босанците се поблиски со Турците одколку Македонците со Русите.
Утре ако го сменат богот може ќе бидат поблиску со Ескимите.

Понекогаш луд е подобро отколку неписмен. Правиш споредби кои се неспоредливи, јас ти објаснувам во суштина како е, а ти сакаш да скокаш преку маса и да тераме кафански стратегии.
Босанците се религиозен идентитет, преку исламот како култура и религија имаат попримено и многу источни карактеристики, кои во самоодбрана преминаа во традиција за истакнување на посебноста.

Море чоек селективно размислуваш, постојат се повеќе докази за поврзаноста на културите на просторот на украина со тој на егејот.
Таа поврзаност е милениумска.
Да говориш еден ист јазик, знаеш колку време треба ?
Да се молиш на друг бог, мечот е доволен.

А кој ли ја негира поврзаноста на културите објасни ми? За да овде тоа го користиш како аргумент за наклонување кон Русија. Просто неверојатно лаички и инфантилно изгледа муабетов: културата на црно море е поврзана со онаа на егејот = ние сме браќа со Русите.
Ова што се обидуваш да го протнеш е производ на скромна налудничавост и целосна несериозност.

Културата во Егејот е многу блиска и до Египетската, не треба да објаснуваме зошто, многу е блиска врската и меѓу Балканот и Мала Азија, не треба да објаснуваме зошто, меѓутоа да нема забуни, културите не се цензурирани, влијанијата се взаемни, како што имало силно нордиско влијание на Балканот порано, така и обратно, ама каде е крајот во таквото талкање по врски?

И без да се мачиш, ништо од тоа не бара потврдување. Тоа било тогаш, а денеска други работи се бројат. Во ред, сите тие сличности треба да се искористат за да градиме добри односи со другите народи, но да не забегуваме во преференциите бидејќи очигледна е намерата.
Русија географски е блиска до многу повеќе култури, што е нормално, па така тврдењето некоја специјална врска е детски, несериозно.

Распростанувањето на јазиците и писменоста не треба да се меша со потеклото, религиозните пропаганди ја ширеле те едната те другата азбука, политичките граници кои се отцртувале ги креирале георафските граници на употреба на тие јазици и писма, и тоа нема врска со заедничкото потекло.
Како што денеска во најисточната точка на Азија на Камчатка која е под Русија се пишува кирилица и збори словенски руски јазик, како што и монголоидните етнички групи се славофони, така и Мексиканците се латинци т.е. Шпанци, а Бразилците се Португалци и сл. примери.

Секако дека ќе се јават одредени етнички инженери и ќе се обидат да замајуваат народ за создавање сфери на влијание, но треба да се разграничи здравата логика и интересите кои ги имаме.

Тргни ја малку бариерата од твојот ум.
Славјанство братство не е служење на Русија, Украина или на Србија.
Тоа е припадност кон исти вредности.
Ако се најде некој паметен и интелигентен на таа основа може да изгради убава куќа многу поубава од оваа изуринираната.
Враќањето на славјанските традиции бара промена на свеста кај секоја индивидуа а потоа и во самото опшество.
Таква промена и на Русија и треба.
Ако Русија се промени во таа насока ќе имаш сила која ќе стави рака на тебе како што мајка става рака на своето чедо да го заштити.
Ако не се промени, ние си одиме со брзина на светлината во историјата.
Популација ти се намалува, проституција, дрога, алкохол, хомосексуализам ти го разорубаат опшеството, а ти си свиркаш мечтееш да си умреш во Европа.

Чоек, Русија претставува одделна цивилизација во однос на нашата традиција, а промената на свеста форсирана од твоја страна ќе биде вештачки обид да се креира заедничка (не)свест каде токму влијанието на ГОЛЕМИОТ ќе биде пресудно.
Ти дадов пример со Белорусија и губењето на автентичната традиција и јазик, а ти одговораш со
Ако Русија се промени во таа насока ќе имаш сила која ќе стави рака на тебе како што мајка става рака на своето чедо да го заштити.

тогаш глуп си, бидејќи бараш мајчински инстикт во политичките интереси.
Кога РУСИЈА ќе стави РАКА на тебе тоа попрво ќе биде смртоносно.

Не, сериозно, не ми е ни смешно повеќе, ти си патолошки несреќен случај. Здравата дискусија овде завршува, понатамошното убедување со тебе само ќе ја интензивира твојата ментална маана.
 
Како може така просто да размислуваш.

На пазарче ли се шитка јазик и култура, па Русиве купиле.
На Французиве му се видело џоа поскап па си рекле ај ние ќе си напраиме.

Да имаш адут центар на словенската култура и да викаш абе извини не е таа моја карта американците и европјаните ќе ми се налутат, е дебилитет на квадрат.
Таа слепа политика не доведе денеска ние да му кажуваме на светот, абе ќе прифатиме промена на име ама да не боли многу.

И ми го отече со политиката па политиката.
Кој ти говори за политика, јас ти говорам за соработка на секаков план.
Ако го развиваш културното поле, ако ги доближиш народите, сакал неќел ти тие народи ќе ги насочиш едни на други.
За тоа има основа со сите славјански народи.

И ти батка не си дораснат бе мене да ми го мериш умот, со твоите предрасуди ти си тотално органичен ум.

Пази Рус, бууууууу.
Е тоа си ти.
 
Како може така просто да размислуваш.

На пазарче ли се шитка јазик и култура, па Русиве купиле.
На Французиве му се видело џоа поскап па си рекле ај ние ќе си напраиме.

Инфантилен муабет.

Да имаш адут центар на словенската култура и да викаш абе извини не е таа моја карта американците и европјаните ќе ми се налутат, е дебилитет на квадрат.
Таа слепа политика не доведе денеска ние да му кажуваме на светот, абе ќе прифатиме промена на име ама да не боли многу.

Баш напротив, они сакаат тоа “Словени“ да ни го вметнат во идентитетот и името, како одредница, бидејќи твојата глупост и наивност им го овозможува тоа, за што впрочем индиректно сугерира и твојот ник.
Токму форсирањето на “словенска“ култура овозможува трансплатација на идентитетот, онака како што сакаат Големите, односно топоење на локалниот етнички за сметка на глобална одредница која е политичка кованица од едни пропагандни времиња.

Македонија може да биде центар единствено на македонската култура, сите други терминологии од типот “словенски просветители“, “словенски универзитет“, “словенско писмо“ и сл. претставуваат неутрализација и одземање на културниот патент.

И ми го отече со политиката па политиката.
Кој ти говори за политика, јас ти говорам за соработка на секаков план.
Ако го развиваш културното поле, ако ги доближиш народите, сакал неќел ти тие народи ќе ги насочиш едни на други.
За тоа има основа со сите славјански народи.

Одамна престана да говориш за соработка на “секаков“ план, ова ти е само изговор за “бегство од задна врата“ кога ќе увидиш дека си деконструиран во твоите намери.
Не може зборот „соработка“ да се толкува како “чедо“ на “мајка Русија“, односно твојот фетиш за сервилитет да ни го претставуваш како соработка.

Таква квази соработка имаме и со САД, они ти велат ако сакате да соработувате со нас сменете си го името и вашата влада не смее да води негативна кампања против кој и да е предлог.

Меѓутоа, големиот кафански стратег Славјански тврди дека со Русија ќе постои рамноправна политика и за да одлучат нешто во име на “славјанството“ ќе требало нас да не прашаат.

И ти батка не си дораснат бе мене да ми го мериш умот, со твоите предрасуди ти си тотално органичен ум.
Пази Рус, бууууууу.
Е тоа си ти.

За да мериме нешто треба првин да докажеме дека постои, а тебе засега не ти оди од рака.

Пред-расуди означува да му судиш на нешто/некому на невидено, а јас појдувам од она што е утврдено и добро познато за Русија и не само.
 
Инфантилен муабет.

Баш напротив, они сакаат тоа “Словени“ да ни го вметнат во идентитетот и името, како одредница, бидејќи твојата глупост и наивност им го овозможува тоа, за што впрочем индиректно сугерира и твојот ник.
Токму форсирањето на “словенска“ култура овозможува трансплатација на идентитетот, онака како што сакаат Големите, односно топоење на локалниот етнички за сметка на глобална одредница која е политичка кованица од едни пропагандни времиња.

Македонија може да биде центар единствено на македонската култура, сите други терминологии од типот “словенски просветители“, “словенски универзитет“, “словенско писмо“ и сл. претставуваат неутрализација и одземање на културниот патент.

Кој дебилитет невиден.
Словенскиот карактер на твојот народ бил против македонскиот код.
Македонскиот код најдобро ќе го сочуваш ако зајакне славјанската свест кај сите славјански народи.
Али не свеста на Славјанинот паднат од марс во 6 век, туку славјанинот Пелазги, Венети, Скити,Бриги, Македонци, кои милениумски заедно си ја чуваат својата култура и цивилизација.
Тогаш имаш политика на заедништво виза ви политиката на осамено јагне на кое обично уличарко куче му се качува.

Како го очува ти македонскиот ген во последните 20 години ?
Гледам ептен зајакнавме, позицијата ни е силна, рамковна македонија, децентрилизирана македонија, знамиња уште од марсовци нема на нејзината територија.
На кивнување на Албанците целото тело во несвест паѓа.

Одамна престана да говориш за соработка на “секаков“ план, ова ти е само изговор за “бегство од задна врата“ кога ќе увидиш дека си деконструиран во твоите намери.
Не може зборот „соработка“ да се толкува како “чедо“ на “мајка Русија“, односно твојот фетиш за сервилитет да ни го претставуваш како соработка.

Природно е најголемата земја на Славјаните да биде таа која ќе иницира процеси во насока на заздравување на славјанските држави кои многу од нив во последни неколку века под влијание и менаџирање на западните кралски фамилии а во прв ред британската и германската, како и Ватикан, изгубија територија и го десеткуваа своето население. Погледни си ги бројките, почни малку со податоци да бараташ а не со демагошки флоскули.

Таква квази соработка имаме и со САД, они ти велат ако сакате да соработувате со нас сменете си го името и вашата влада не смее да води негативна кампања против кој и да е предлог.

Меѓутоа, големиот кафански стратег Славјански тврди дека со Русија ќе постои рамноправна политика и за да одлучат нешто во име на “славјанството“ ќе требало нас да не прашаат.

Јас љубител на кафаната и убавата песна викам дека со Русија неможеме да бидеме рамноправни во поглед на големата политика, но во поглед на економска, културна размена можеме еднакво да си дадеме едни на други, можеме заедно да работиме на многу проекти од многу свери од животот на нашите народи, и не само со Русија.

Твојот начин на размислување на постојано плашење со вештерки и други врагови нас не држи на дистанца од Бугарија, Србија, Русија а не носи точно на патот на зелената трансверзала каде тек тогаш македонскиот ген ќе исчезне.
Такви како тебе има и во Бугарија, Србија, кои па таму ги плашат со другите славјани и ги тераат само на една вода полна отрови.
Ама треба човек да ти црта како во прво одделение за да сватиш што се случува на терен, тука во Македонија
Но не се труди, кога ќе воведат на форумот цртање, ќе ти нацртам, тогаш можда ќе сватиш.
 
Мислам дека знаеш добро за што зборувам, но ти одговара да матиш каллива вода.

Уште појасно се надѕира агендата со која настапуваш овде.
 
Јас по струка сум ти машински инжинер, не сум политолог да имам агенди.
Мојата почетна агенда е мојот народ, после него ми се братските словенски народи, после нив целиот космос.
На мојот you tube канал за неколку месеци преку 100 пријатели имам од словенските земји каде секој од нив ти се обраќа со брат.
Дали е пољак, словак, русин, украинец, србин, исто е.
Па Марсовец да е, брат да ти каже па ќе имаш одредени посебни чуства према тие луѓе, односно марсовци.

Конец.
 
Посмешно не моеше да биде.

Хај5 профил имаш?

пријателчињата на Славјански

0.jpg

ПанСлавикУнитетСтејтс форевр

url
 
Господ знајт какви сцени се одигруваат позади завесата. Изгледа на сите македонски политичари им попуштаат нервите и преминуваат во фаза на лошотилок, секој влече на своја страна да му се задоволи желбата. И сега излегува дека ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД се фини Господа кои не дозволуваат чувствата да ги надвладејат, а нас нé надвладуваат. А всушност и нив нервоза ги фаќа и ги надвладува лошотилокот што не можат да им се извршуваат командите, или им се извршуваат парцијално, на пример само на албанските, а не и на македонските политичари. Во врска со непослушност со името, што македонските политичари не сакаат да го сменат. Ако нема некое тајно сценарио зад кое стојат ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД да направат хаос овде и после или ќе не бомбардираат или ќе влезат тие да нé управуваат како во Босна или Косово. И да речат, да се оправдаат дека неспособни сме за политика, како политичарите во Босна или во Косово. Како не се вклучуваме во светскиот хиерархиски ред каде долниот мора да го слуша горниот, главата, во смисол главата секогаш е во право.

А Охридскиот рамковен договор го подразбирам: Како ќе речат Албанските политичари македонските политичари мора да слушаат. И бидејќи албанските политичари се да се смени името, односно тие се продолжена рака на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД, македонските политичари мора да слушаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom