Грција на патот кон адот
Стефан Влахов Мицов
Историјата често ги казнува народите и државите кои се обидуваат да ја надитрат својата судбина. Пред тоа им испраќа предупредувања во вид на сигнали што тие од невнимание или од преголемата важност што си ја придаваат не ги забележуваат. Предупредувањата кон Србија и кон Бугарија беа испратени пред дваесетина години. Двете држави не им посветија внимание и Србија веќе трпи последици, а Бугарија допрва ќе страда. Како дел од природниот свет и човечкото општество се потчинува на законот на земјотресите. Сериозниот потрес го најавуваат неколку помали. Кога имаме во предвид дека досегашните предупредувања за Грција беа во периодот 1946 “ 1949 година со Граѓанската војна и 1967 “ 1974 со фашистичката диктатура на „црните полковници“, можеме да претпоставиме што ја очекува во иднината. Впрочем истото се однесува и за Европа и главно за државите од Европската унија. Не случајно и двете досегашни светски војни почнаа на европскиот континент, којшто даде и најмногу жртви и најмногу беше разурнат. Во тој од на настани нема ништо мистериозно. Бумерангот на историјата секогаш се враќа кон агресорите, кон тие кои се самовеличале, или како Пиемонт на Европа или како лидери на Балканот. Во споредба со Србија и Бугарија, Грција има најтешки општествено психолошки проблеми. Како долгогодишен сателит на Москва, пред тоа на Германија, а денес на САД, Бугарија никогаш не се сфаќала сериозно во светот. Убаво искажан доказ за тоа е дека во дваесеттиот век меѓународниот амблем на оваа држава беа природни богатства како што се маслото од рози и бацилус булгарикус (за квасење кисело млеко) , плус Македонецот Димитров на Лајпцишкиот процес. Психолошкиот проблем во бугарското општество е помеѓу величењето на полуизмисленото минато и дипломатскиот и отворен презир кон Бугарија од меѓународните фактори. За разлика од „државата на Стоичков“, Србија - колку што е омразена заради својот национализам, толку и е уважувана за самостојниот пат на развој и како основен фактор во поранешна Југославија. Србија катастрофира, бидејќи без да има неопходен потенцијал сакаше да ја игра улогата на Југославија во меѓународниот процес. На Грција и е уште полошо, бидејќи во споредба со не долгата, но компактна српска историја од средновековието до денес, пропагира четири илјадагодишни митолошки и историски измислици. Не Србија, туку Грција е вистинското галениче на Европа во последните три векови. Тоа се должи на острата европска реакција меѓу експанзијата на Османската империја, која што стаса до Виена. Турците биле сметани за Варвари, но вистинскиот страв за Европа доаѓал од фактот дека имено турската култура, јазик, религија и кујна почнуваат да се наметнуваат не само на Балканот и во Средниот исток, туку и во „срцето“ на Европа. Заради контрабаланс Англичаните и Французите почнаа да ги пропагираат идеите на антиката. И кон фалсификатите на античките Елини почнуваат да додаваат свои измислици во полза на „нероден Петко“ (непостојната уште грчка нација и држава) . Во 1831 година со меѓународна поддршка Грција е ослободена од османската власт, а како и секое недоносено брза да се зголеми за сметка на соседите. Европската политика го актуализира митот за древноелинската култура, го поставува во основата на европската цивилизација и ја врзува Грција кон тој мит. На самите Грци им е претставена улогата на кучиња чувари што треба да го бранат митот. И тоа до денес. “Цела Грција ми личеше на евтин забавен парк со искршени мермерни статуи, каде што високостручно ти набиваат во глава лекции за древногрчката култура. . . „ (Пол Теру) . Денешните немири во Грција не се изненадувачки ниту според времето ниту според местото. Убиството на петнаесетгодишниот Александар Григориополос од полицијата и вклучувањето на анархисти во масовните протести се знаци на судбината, бидејќи Грција од создавањето досега е полициска држава. А анархизмот и воопшто левичарските движења се најсилни во држави од таков тип. Грчкото општество пропагира пред светот дека е демократско и толерантно, но вистината е спротивна. Грчкото општество е длабоко конзервативно, искомплексирано и фрустрирачко. Тоа е општество што генерира внатрешно насилство и раѓа омраза кон соседните држави и народи. “Грците ми се сторија уште поголеми ксенофоби од Французите, поизбувливи и ирационални, нивната држава е поназадна дури и од Хрватска. Грците ги презираат Албанците и ги депортираат. Громогласно ги проколнуваат Турците. Се фалат со славното минато, иако очигледно пропуштаат одредени периоди, тие што едвај вчера - во шеесеттите години “како запалени демократи се помирија со воен преврат, што создаде еден од најреакционерните режими - седумгодишната диктатура на полковниците „ (Пол Теру). Грците немаат ниту менталитет, ниту можности да ги поддржат измислените им од Европа можни историски конструкции. Заплашени се, слично на Сизиф, да бидат смачкани под таа историска конструкција па затоа прибегнуваат кон апсолутна конзервација “ на државата, на црквата, на политиката. Во државата господарат неколку произведени политички кланови кои и одговараат на аристократијата од 18 век. Државата е образец на верски фанатизам и реакционерност. Средната класа е обезвреднета и очајна, бидејќи е во улога на „третиот услов“ според времето на Француската револуција од 1789 година. Само што во случајот главен двигател на бунтот е младината, чијашто невработеност надминува 20 проценти. Грција стана член на Европската унија во 1981 година од политички причини, како и Бугарија. Во моментот помеѓу 27- те членки првото место по корупција на Грција и го оспорува Бугарија. Факт е дека околу 30 проценти од бруто домашниот производ на Грција е дело на сивата економија и по тоа е слична со Средна и Јужна Италија, каде што управува мафијата. Со два збора, грчко општество разјадено од шовинизам, корупција и насилство се наоѓа во лавиринт без излез. Пречистување не е можно, бидејќи се трули самите основи на грчката држава, . Беспатието по кое оди Грција ги заплашува со криза, многу потешка од финансиската, нејзините стари покровителки во Европската унија. Така наречената Нова Европа беше зачната со лаги и насилство. Доаѓа времето да се плати сметката.
Мечтата за „Голема Бугарија“
Стефан Влахов Мицов
Голата кампања се меша со економски притисок, купување надворешнополитички сојузници, материјална и бизнис поткрепа за бугарските Македонци. Каква е крајната цел? Од една страна, Софија декларира откажување од територијални претензии. Во практиката значи задачата е „приопштувањето кон бугарската нација на Бугарите од Република Македонија, Србија, Албанија и Косово“. Ако некому не му е јасна до крај целта на доктрината од изнесеното до тука, нејзините автори прават многу значајна паралела со Германија и Австрија, и со Романија и Молдавија. Првиот пример наметнува асоцијација со времето на Хитлер и „единствената“ германска нација, вториот - со своевремениот хаос во некогашната советска република. Нејзиното рускојазично население објави автономија, а државното раководство се колебаше за конфедерација со Романија. Ете ја суштината на старата- нова бугарска надворешно политичка доктрина. Не само анексирање на Република Македонија, откако пред тоа ја прогласија за „втора бугарска држава“. А и реализација на Санстефанските идеи во насока Србија, Косово и Албанија. Видливо е дека бугарските медиуми сесрдно печатат и пропагираат закана со „ Голема Албанија“. Едноставно за да ја прикријат мечтата за „Голема Бугарија“. На крај да го посочам и најголемиот гаф на авторите. Доктрината кон Република Македонија што ја предлагаат на државните институции практично се реализира од бугарскиот државно - политички врв. И тоа не од 2006 - 2007 година туку дури од 2001 година. Зошто ја објавуваат сега? Бидејќи, од една страна, очигледно пропаѓа и не дава резултат. Едноставно, агентското сценариото со Љубчо Георгиевски не се реализира. Во таа ситуација, на бугарското општество, кое не ја одобрува бугарската државна политика ниту во однос на Србија, ниту спрема Македонија, се предлага друга варијанта. Антимакедонските кампањи кои течат во медиумите треба да подготват јавноста за официјална промена на државниот курс кон Република Македонија. Според испробаниот рецепт од времето на комунизмот, кога државно - политичкиот врв се „потчинуваше“ на растревожената општествена свест. Во случајот, улогата на загрижен за „недобрососедското“ поведение на Република Македонија ја изигра вториот ешалон на државата. Првиот ешалон, пак, во лицето на претседателот, премиерот, шефот на парламентот, министерот за надворешни работи и на МВР направи торжествена промоција на старо-новата политика меѓу 6 и 12 март оваа година на средбите со македонското раководство. Има логика во тоа вистинските автори на доктрината да ја претркаат промоцијата на формалните нејзини творци. Вистинската, а не формалната логика бара и нешто друго. Треба да се има предвид усложнетата ситуација за НАТО и за ЕУ поради „доборсоседството“ на Грција и на Бугарија, во Република Македонија да се создаде постојан стратегиски центар од експерти, чиј единствен интерес е Македонија. Анализите и препораките на тој центар треба да бидат гордост на целиот македонски државно-политички врв, којшто ќе ги користи постојано. Наместо во кризни ситуации да се бара решение „ад хок“, при што се јавува противречност и настанува хаос. Со оглед на принципиелното гарантирање на својата безопасност и територијалната целовитост на Република Македонија, треба: 1) Да се склучи во најбрзо време договор за одбрана и заемна помош: со САД, со останатите држави, кои на средбата во Букурешт категорично ја поддржаа за членство во НАТО и со Албанија. 2) Да се насочат дипломатските напори кон признавањето на државата под уставното име од други држави од светот, со оглед на побрзото достигање на мнозинството од две третини во ООН. 3. Грција да биде дадена на меѓународен суд за нарушување на двостраната спогодба од 1995 година. 4) Да се активира процесот со финансиско барање кон Грција за обесштетување на депортираните Егејски Македонци5) Да се достави нокаут-мерка спрема Грција по согласност со претседателот на САД. Таа мерка да биде најсилното оружје на Република Македонија, исклучувајќи предвремено и медиумско разгласување.