Македонија и нејзините соседи

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ченто чуствувам обврска да бидам успешен,да градам добрососедски односи,да ме прифатат бугарите грците србите да бидеме христијански брака да бидеме европјани.Вие веке се завршивте членки сте на ЕУ а ние македонците треба да се докажуваме кои сме и што сме.Бевме заедно во османската империја се надевам ке бидеме заедно во ЕУ

Cekaj be MKEUpatriot. Site braka gi zede samo brakata Albanci gi zaboravi :):) Kaj ke odis bez mene :toe: aj vrati se nazad :pos2:.

Odmah rece braka Grci, eh odmah vrti grb bre bre. Samo da ides vo EU. Pa ti boli kako ke se vikame tamo :)
 
Велат дека и лошата реклама е реклама, со други зборови - нема лоша реклама. Ако целта ви е драги македонци да останете во разговорот со нас, дефинитивно успеате. Но понекогаш тоа што велите е толку апсурдно дека разговорот едноставно запира. Ќе ви кажам зошто јас одлучив да пишувам на македонски форум - бидејќи сфатив што се пишува за нас б'лгарите и тоа ме изпровокира. Така да - можате да останете во разговорот со нас. Но ова е залудно, нема да даде добар резултат. Животот деца е тежок сега - ако сакаш да имаш добар стандард треба да работиш напорно, ако спреш - оставаш out of board буквално. Луѓето тука немаат време за национализам, главните проблеми поврзани со национализмот се решени и веќе секој прифатил за лична кауза собсвенија успех и благосостојба. Секој разбира дека усвојувањето на јазикот на омразата и поделбата ќе врати општеството со децении наназад и тоа директно ќе се одрази на секој еден од нас. Начинот да догониш соседот не е како го вратиш назад, а како запретнеш р'кави и започнеш да работиш здраво. Општеството е доволно зрјало веќе да разбира провокациите кон кого се насочени и кој е нивниот извор. Неколкуто форумдjии кои визирам пред ми беа смешни ... Ако тоа се вистинските нагласи на вашето општество - тоа е достојно за жал :toe:. Јас верувам во здравите сили на народот и дека ќе успеете да го надминете овој темен период и повторно да бидеме заедно како сме биле заедно и преди.

Успех!:smir:

Edin suvet ot mene-ne si gubi vremeto tuka.
Kolkoto i dobrojelatelen da si nikoi ot tezi hore ne iska da te razbere- i vinagi ste budesh plut..Bil sum 7 pati v Makedonija, pisal sum v tozi forum pove4e ot 6 meseca i mi e jasna kartinkta. Tam horata misljat edno,privatno kazvat drugo a tuka pishat neshto savsem razlichno..
Prav ili ne ne za teh si ostavash nejelatelen. I pravi sa tezi koito ti pishat-te sa tova koeto sa.Na teh toja jivot i tazi situazia im haresva ,taka 4e neka gi ostavim da jivejat i misljat kakto na teh im haresva..
Koi kriv ,koi prav .tova e drug vupros..
naj-dobri pojelania
 
Прво расчистување на сопствениот двор




Во дворот на Албанците гние ѓубрето што го растури низ Балканот во 1998 г. Албанската академија за науки со нејзината Платформа за решавање на националното албанско прашање
get



[SIZE=+0]Од каде најпрво Македонија да се сочува од нападите од соседите: дали од Караманлис и Бакојани, кои не можат ни на сон да замислат дека сме Македонци, дали од Прванов, Димитров… и другите, кои велат дека сме нивни помали браќа сестри, или од Албанците кои не дозволуваат буква да им се каже кои се и од каде се. Србите како да се стишени.

Хорско-агресивната реакција на Албанците од Македонија, Косово и Албанија против Македонската Енциклопедија можат да се разберат доколку нивниот двор е исчистен од нечистотија за која ја обвинуваат Македонија, реализирајќи ја заканата дека ќе го запалат македонското знаме. Се случи и тоа: Албанците на Косово го сторија она што имо го нареди Пандели Мајко, иако е опозиционер на актуелната власт во Тирана. Македонското знаме изгоре вчера на трибините на стадионот во Приштина!

Во дворот на Албанците гние ѓубрето што го растури низ Балканот во 1998 г. Албанската академија за науки со нејзината Платформа за решавање на националното албанско прашање. Тој иредентистички документ, без никакво чувство каде и што ќе предизвика, беше испратен, да потсетам, до сите фактори во Брисел, Вашингтон и на други релевантни места. Во него, Албанската акдемија за науки ја промовира националната стратегија за решавање на нивното национално прашање. Таму стои дека Албанците полагаат право на сопственост на север до Ниш, на исток и југ до Штип, на југ преку Битола до Чамерија и на запад до Јонското море. Тоа свое право, според умовите на најумните Албанци, се темели на фактот дека во старите времиња живеалиштите на Илирите се протегале до таму. Дали тие се нивни генетски наследници науката уште го нема кажано последниот збор.

Но, оваа идеја не е нова и не е без основа. Сите Албанци во една држава е идеја и желба што влечат корени длабоко во историјата, а стратегиски е формулирана во Резолуцијата на Втората призренска лига од јануари 1944, усвоена во градот Бујан, во Албанија, кога е извршена мобилизација на сите способни мажи од 18 до 50 години. Во октомври истата година ЦК на Лигата издал проглас со кој "Сите Албанци се повикуваат да се кренат како еден за одбрана на етнички чистата Албанија".
Оружјето на Албанците за остварување на таа цел беше активирано во 1999 г. на Косово и во 2001 г. во Македонија. Епилозите се познати, но дали повторно оружјето ќе ѕвечка зависи од тоа дали Албанците ќе смогнат ум и сила прво да го исчистат гнилежот од ѓубрето што го растури низ нивниот национален двор нивната Академика на науки, па дури потоа да имааат право за да расчистуваат туѓи дворови.
[/SIZE]
 
Naj problematicna virusna zemja na balkanot e Grcija,zaradi toa balkancite treba da se iscistat od tie mali viruscinja.:tapp:
 
БУГАРИТЕ СЕ` УШТЕ ГО СОНУВААТ САНСТЕФАНСКИОТ СОН
DA4DB0A66571E34082DA057CF414B89B.jpg

Интервју: Јонко Грозев, бугарски адвокат и активист за човекови права
Пишува: Борис Георгиевски
Со Јонко Грозев разговаравме во Софија само неколку дена пред најновиот курцшлус во македонско-бугарските односи, поттикнати од затворската казна за бугарската државјанка од Гевгелија, Спаска Митрова. Години наназад Грозев е постојано ангажиран како адвокат на претставниците на македонското малцинство во Бугарија кои се обидуваат да регистрираат сопствена политичка партија. Темата на овој разговор, сепак, не беа малцинствата, туку обидот да се пронајдат корените на недоразбирањата меѓу двете земји кои со децении се обременети со недоверба и со меѓусебни обвинувања.

n Каде се корените на овие негации на македонскиот идентитет кои во бранови доаѓаат од Бугарија во изминативе децении?

Проблемот е во историската, културната и општествена идентификација на бугарското општество. Тоа е идентитет кој во Бугарија се гради од втората половина на предминатиот век и тој во целост се заснова на идејата за национална држава. Во практиката, таа идеја минала низ официјалната историографија, образованието, и тоа е една политичка практика од средината на предминатиот век, кога започнува тој процес на изградба на национален идентитет во Бугарија. До средината на минатиот век, тоа продолжува да биде еден политички исклучително силен фактор во бугарското општество.

Од таа гледна точка, сите земји со словенско население во целиот балкански регион се всушност Бугари, а за етнички граници се сметаат границите на Санстефанска Бугарија. Повторното постигнување на таквата целовитост на таа бугарска држава е најосновниот двигател на политичката идеологија околу која е изградена бугарската држава. Тоа е клучното.

Постигнувањето на таквата целовитост е идеолошки приоритет за земјата до средината на минатиот век. Потоа комунистичкиот режим се обидува да ја присвои таа идеологија. Тоа никогаш не е сменето. Тоа е основото разбирање за начинот на кој се разбира што е Бугарија и што значи да си Бугарин. Тоа е централниот фундамент.

Имено, поради тоа, прифаќањето на фактот дека во Бугарија има луѓе кои се идентификуваат како етнички Македонци е исклучително тешко за бугарското општество. Тука не е во прашање да се дозволи на едно малцинство да се чувствува како што сака. Ние немаме никаков проблем со Турците, со Ромите, со Ерменците, итн. Со нив проблемите се во однос на прагматичната политика. Во однос на Македонците проблемот е во целост на полето на идеологијата. Самото признавање дека во Бугарија има луѓе кои се идентификуваат како Македонци значи дека основниот идеолошки концепт околу кој е изграден бугарскиот идентитет не е точен, односно дека има некаков проблем со него. Значи, не е можно Бугарија да е разделена на делови, а во неа да има луѓе кои се нарекуваат Македонци. Од прагматична политичка гледна точка, постоењето на не повеќе од 10 илјади луѓе кои се чувствуваат како Македонци не може да биде проблем, но тука недостасува каква било рационалност. Тоа е прашање за кое се реагира многу ирационално и затоа тоа е многу лесно за експлоатирање од политичарите. Во однос на тоа имаме целосна согласност кај сите бугарски политичари. Тука не е само Каракачанов во прашање. Кај него, тоа е само централно прашање. Во практикатаа нема ниту една политичка партија во Бугарија која е на друга позиција. Мможеби за некои тоа не е толку високо како приоритет, но нема поинаква позиција.
B14EDC20F060664E83479C1B4E9C9842.jpg


Како ја дефинирате таа позиција. За што зборуваме, за негација на идентитетот, јазикот...?

Таа не е точно дефинирана, но пошироката позиција би била следната: македонскиот идентитет е изграден врз основа на историски околности, односно како неможност да се обедини тој дел од Бугарија со матицата во последните 70-80 години. Тоа е процес кој се случувал на таа територија и таа е нова творба. Значи, тоа се случило затоа што таква била државната политика.

Значи, генералната позиција е дека Македонците се Бугари со променета свест?

Точно, тоа е позицијата. Тоа е најмасовното разбирање и може да се каже дека бугарското општество и бугарската политика така гледаат на тоа прашање. Можеби има некои мали разлики, но тоа е тоа.

Конкретниот проблем меѓу двете земји е постоењето на македонскиот јазик. Дали тоа е само еден од начините да се негира идентитетот на Македонците?

Од гледна точка на мнозинството, во Бугарија се прифаќа дека Македонија се изградила како независна држава со јазик, историја итн., но со крцкање на забите, со една болка. Оспорувањето на јазикот е обид да се проблематизира целата автентичност. Тоа е резултат на едно непознавање на историјата и на историските процеси. За тоа нема реално разбирање. Овде луѓето мислат дека бугарскиот јазик паднал од небото, не разбираат дека и тој јазик е на еден или друг начин вештачки создаден.

Низ целото соседство се негира постоењето на Македонците, сеедно дали на името, јазикот, црквата, итн. Каде е проблемот според Вас, кај нас, или кај соседите?

Кај сите е проблемот. Сите држави во регионот се млади држави, кои се изградиле како држави врз база на идеологијата на националните држави. За да добијат легитимност сите тие се дефинираат врз на основа на земјата, историјата и кој прв дошол. Апсурдно е денес да се расправате дали Кирил и Методи биле Македонци, Срби или Бугари, но, идеологијата на националните држави има нужност од такви расправии и затоа и се јавуваат такви спорови.

Поранешниот претседател Петар Стојанов изјавуваше дека Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја, а актуелниот премиер Борисов пред неколку месеци велеше дека Софија треба економски да го покори Скопје. Дали ваквите изјави се дел од таквата политика?

Таа изјава на Стојанов е многу точна и треба да се чита многу внимателно. Македонија е толку големо парче од бугарската историја што е невозможно да се тргне. Сите во бугарскиот политички живот се определиле за тоа како да се обединат со Македонија и тоа е клучот на сето она што се случува во последните 100 и повеќе години, од Сан Стефано наваму. Таа изјава на Стојанов не беше во форма на аспирација, ниту на негирање на идентитетот, туку таа беше факт. Единствено преку дијалог можеме да ја надминеме таа чувствителност.

Имаат ли Македонците право да се чувствуваат загрозени од овие грчки или бугарски негации и аспирации?

Не, во бугарското општество, целата таа емоционалност е видлива, но од гледна точка на прагматична политика, идеја за тоа да има агресија во однос на Македонија не постои.

Не мислам на безбедносни проблеми, туку на пример, да го земеме издавањето бугарски пасоши на македонските граѓани. Може ли во иднина да се случи, Софија да ги прогласи сите овие граѓани со бугарски пасоши за Бугари и да бара посебни права за нив во Македонија?

Да. Тоа бугарската држава најверојатно ќе го направи. Ќе кажат дека тие луѓе самите се определиле како Бугари, а дали од тоа ќе следува некаква друга цел, тоа ќе видиме. На тој терен за кој зборуваме, значи Македонци во Бугарија и Бугари во Македонија, се многу силно вмешани тајните служби. Тоа до одреден степен е резултат на комунистичките тајни служби кои ги наследивме и кои го имаат тоа како своја задача. Дали од тоа можеме нешто да очекуваме? На крајот на краиштата, ако има луѓе во Македонија кои се чувствуваат како Бугари не гледам проблем во тоа.

Сепак, би рекол дека идејата за некаква долгорочна стратегија во однос на Македонија е премногу конспиративна. Со делењето на пасоши на Македонците се добива некакво задоволство тука, дека ете има Македонци кои се пишуваат за Бугари, но идејата дека со тоа се турка некаков тројански коњ во Македонија за мене е неприфатлива. Како што ви реков, основното јавно мислење во Бугарија го прифати фактот дека постои независна Македонија.

Се следи ли кај вас спорот за името меѓу Македонија и Грција? Има ли некаков интерес во вашето општество околу тоа како ќе се вика Македонија и како ќе се нарекуваат Македонците во иднина?

Бугарското општество не го интересира како ќе се нарекува Македонија. Ние немаме никаков интерес за таа држава, ниту за тоа како ќе се нарекуваат Македонците. Идејата дека Бугарија сега ќе се вклучи во тој спор за да ја искористи ситуацијата и од Македонците повторно да создава Бугари, тоа нема да се случи. Никој нема да се занимава со тоа, освен неколку радикали.

Србите се постари од амебите, Грците се наследници на целиот антички свет, Бугарите имаат потекло од прото-Бугарите, еве и ние во Македонија денеска се прогласуваме за наследници на Александар. Колку историја е доволна за на Балканот нормално да се живее?

Не е проблемот во историјата. Таа секогаш ќе биде недоволна ако целиот идентитет го градиме на историјата. Проблемот е што националниот идентитет се гради на митовите, а не на политичко-граѓанско решавање на проблемите.

И Франција и Германија се градени на митови, но на Балканот како да не можеме да избегаме од нив?

Нашите митови не се ништо поразлични. Искуството покажува дека обидите да се напише заедничка историја на Европа се исто толку неуспешни како и обидите да се напише заедничка историја на Балканот. Во тој однос ние не сме уникатни. Едноставно, кај нас процесите се многу помлади, нашите држави се од пред 150 години и сето тоа е уште многу свежо. Треба уште малку време да помине и да започне процес на изградба на граѓански идентитет. На западот имаа многу повеќе време да го сторат тоа.
 
БУГАРИЈА СЕ' УШТЕ СЕЕ СТРАВ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ
9F063D2F16CB5544B95CEF6F65D3275A.jpg


Интервју: Стојко Стојков, Копретседател на ОМО „Илинден“- ПИРИН


Господине Стојков, поминаа десетина години од забраната, а Вие никако не можете повторно да ја регистрирате вашата партија ОМО „Илинден“- ПИРИН. Не Ви помогна ни тоа што сите пресуди од судот во Стразбур е во ваша полза.

- Минатата година повторно поднесовме жалба во Стразбур. Сега имаме два паралелни случаја, едниот е реализацијата на првата пресуда на Судот во Стразбур за забраната на нашата партија, којашто Бугарија се' уште ја нема спроведено, и вториот се двете нови жалби во врска со двете одбивања на софискиот суд да ја регистрира. Судот ни даде приоритет за разгледување на тие жалби. Оценија дека станува збор за рецидив во нарушувањето на правата на здружување во Бугарија. Од друга страна, за нас е многу позитивно што Комитетот на министрите на ЕУ го надгледува извршувањето на пресудите. Фактички, ја прифати нашата позиција дека реализирање на пресудата од Стразбур значи враќање на претходната нарушена состојба за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Бугарската влада тврдеше дека со тоа што платила определена минимална сума пари ја реализирала пресудата. Случајот се' уште е отворен и сите обиди Софија да го затвори се неуспешни. Од Европа се врши се' поголемиот притисок врз неа да ги почитува нашите права. Европската комисија испрати писмо во кое бара да биде информирана дали е реализирана пресудата од Стразбур. Колку што знам, досега тие немаат добиено одговор од бугарската влада.

Очигледно е дека Софија не сака да ги прифати одлуките на Стразбур и бара начин ОМО „Илинден“ – ПИРИН да не се појави на политичката сцена.

- Да, токму така. Поради големиот притисок од ЕУ, Софија реши да ја примени истата тактика што ја користеше и во изминатите години. Кога ќе наближеше можноста за регистрација на ОМО „Илинден“-ПИРИН го менуваше Законот за регистрација на политичките партии. Тоа го направи во 2002 година, кога го зголемија бројот на потписниците за регистрација од 50 на 500 члена. Кога се очекуваше да ја спроведе пресудата од Стразбур, одново го смени законот и бараше не 500, туку 5.000 потписи. И сега, кога ние го поминавме тој праг, во процедура е нов предлог од претседателот на државата, Георги Прванов, кој, како што се дозна неодамна, своевремено бил соработник на службите за безбедност токму за македонското прашање. Со предлогот, практично, се сака да се елиминираат малите, регионални партии од политичката сцена. Се бара секоја партија да има свои организациони структури во две третини од општините на Бугарија. А тоа значи да има свои основни организации во околу 170 општини, услов што тешко можат да го исполнат дури и големите партии. Има и еден друг необичен предлог. Партиите можат да учествуваат само на парламентарни избори и ако таму добијат одреден процент гласови, ќе можат да учествуваат на локалните избори. Со тој предлог се гледа дека сакаат да се уништат регионалните локални партии во кои спаѓа и ОМО „Илинден“ – ПИРИН. Наше мислење е дека тоа ќе има силен негативен одраз врз демократијата во Бугарија. Практично, на изборите ќе можат да се вклучат само големите партии кои се контролирани од структурите за безбедност на Бугарија.

Дали нешто се менува во бугарската власт во односот спрема Македонците по нејзиното влегување во Европската унија?

- Негаторскиот однос кон нас продолжува и понатаму. За разлика од порано, кога против нас имаше силна кампања во медиумите, таа сега е тивка. Мислам дека сфатија оти отворената кампања против нас-Македонците им прави многу лоша услуга и го урива имиџот на Бугарија пред ЕУ. А нам ни дојде преку глава од постојаните напади врз партијата и Македонците и применивме друга тактика и за се' ги информираме сите институции на ЕУ. Кампањата во медиумите пред една и пол година одеднаш стивна. За нас повеќе не се пишува, ниту лошо ниту добро. Сега немаме случај да биде одбиено некое барање ако сакаме да се собереме по повод годишнината од убиството на Јане Сандански или годишнината од смртта на Гоце Делчев или Илинденското востание. На такви собирања повеќе не присуствуваат националистичките структури на ВМРО на Красимир Каракачанов, кои беше јавна тајна дека ги извршуваат валканите работи на државата. Нивните луѓето кои работеа за бугарските служби за безбедност одеднаш исчезнаа.

Дали има некакви шанси Софија под притисок на Европа да го признае македонското малцинство?

- Во догледно време нема никакви шанси. И понатаму Бугарија продолжува да го негира македонското малцинство и во тој однос нема никаква промена. Сегашната власт се обидува да им објасни на европските структури дека нема потреба од признавање на македонско малцинство. Според нив, доволно било што Македонците биле регистрирани со пописот и дека тоа, всушност, било еден вид нивно признавање. Ние го оспоруваме тоа мошне успешно пред комисиите со кои имаме разговори и им објаснуваме дека тоа не е никакво признавање, дека ние сакаме да бидеме регистрирани во документите поврзани со Рамковната конвенција за правата на малцинствата за да можеме како бугарските државјани со македонска свест, да ги уживаме сите права што произлегуваат од тој документ што го има верифицирано Бугарија. Засега, Конвенцијата е мртво слово на хартија која воопшто не важи за нас-Македонците. Ние сме бугарски граѓани и нашата иднина ја гледаме во бугарската држава, но сакаме да ги имаме сите права како национално малцинство. Сакаме нашите деца да учат и на македонски јазик за да можат да се запознаат со културата што се создава во Република Македонија. Сега тие се изолирани од развојот на македонската култура, а во бугарските училишта нив ги учат дека се Бугари и се' што е македонско е бугарско.
Кога очекувате да биде регистрирана ОМО „Илинден“ – ПИРИН, има ли надеж да престанат негирањата на македонското малцинство?

301225C8EDBAD34EB8343EDFB52A7170.jpg

Македонците ја добија повеќегодишната битка со бугарската полиција да се искачат на Рожен. Сега слободно можат да му оддадат почит на Јане Сандански
- За да не' регистрираат многу е важно да падне сегашната влада. Ова е најреакционерната власт во последниве десет години. Светлината се' уште не ја гледаме, но мислиме дека одиме по вистинскиот пат и нема да запреме. Ќе ја примениме тактиката капка по капка за на крајот да го скршиме каменот. Еден голем ирски револуционер рекол дека ќе победи не тој што ќе нанесе повеќе удари, туку тој што ќе истрпи повеќе удари, нешто во кое веруваме ние. На крајот, ќе мора Бугарија да се сообрази со реалноста, промените што како членка на ЕУ мора да ги направи ќе доведат и до нејзина демократизација која ќе биде корисни за неа, за сите бугарски граѓани и за нас - Македонците.

Колку е реална бројката од 5.000 Македонци, колку што се определија на последниот попис?

- Таа бројка не е реална. За ваквите тврдења постојат илјада причини, но ќе спомнам само неколку. Прво, во пописот не беше задолжително да се определат граѓаните што се по националност. Второ, пописните листи не беа потпишувани од нив, туку само од попишувачите. Имаше случаи кога тие воопшто не ги прашуваа луѓето каква националност се, бидејќи тоа не беше задолжителна графа, туку сами им ја определуваа нивната националност и така повеќе илјади Македонци ги запишуваа како Бугари. Многу Македонци се жалеле кај нив зошто не ги прашуваат што се по националност, а тие најчесто им одговарале: „Па, нели вие сте Бугари!“. Тогаш кога попишувачите не можеле да избегнат да ги запишат како Македонци, прибегнувале кон итрина и ги попишувале со молив, за подоцна да го избришат тоа и да ги напишат како Бугари.

Притисокот врз Македонците да се определат како Бугари беше голем. Еден кмет од едно помало село, кој според законот беше именуван од општината, поради тоа што се определил како Македонец беше повикан од неговите претпоставени кои му поставиле услов – или да го земе пописниот картон и таму да се запише како Бугарин или да го напушти кметското место. Селаните одржале собир и го убедиле да се запише како Бугарин за да може и понатаму да остане на функцијата, зашто бил способен и им бил потребен. Фактички, тој беше принуден да си ја смени националноста. За случајот се интересираа и европските организации за заштита на човековите права. Ако сите Македонци се попишат онака како што се чувствуваат, бројката ќе биде многу поголема. Се' уште се плашат да го направат тоа.

Дали кај Македонците е присутен стравот од власта како некогаш?

- Се' уште постои силен страв. Бугарската држава е свесна за тоа и нивниот страв постојано го потхранува. Тоа најдобро можеше да се види со акцијата што ја спроведе кога сите членови на ОМО „Илинден“ – ПИРИН ги повикаше во полициските станици за да провери дали навистина се потпишале на пријавите за зачленување во нашата партија. Тогаш беа повикани 5.000 луѓе за, наводно, да им ги проверат потписите, а всушност да ги исплашат. Ако некого го прашуваш дали ти давале пари да се потпишеш, каде работиш, што си по националност, се знае што се сака да се постигне. Сите ги прашувале дали знаат дека ОМО „Илинден“ – ПИРИН е бугарска сепаратистичка и незаконска партија. Со таквиот начин на распрашување, всушност, сакале да ги исплашат и да ги натераат да се откажат од партијата.

Таквиот однос на полицијата ни создаде големи непријатности. Имаме постари роднини кои сериозно не' предупредија, ако уште еднаш ги повикаат во полиција - ќе престанат да говорат со нас. Ни објаснуваа дека цел живот не биле викани во полиција и сега на стари години, поради нас, го доживеале тоа што според нив била голема срамота. Повикувањето во полиција страшно се доживува кај обичните луѓе. Ако некого го повика полицијата се смета дека е некој криминалец или измамник. Некаде полицијата ноќно време влегуваше во домовите, а да ти влезе полиција дома за нашите луѓе е голема срамота. Треба да помине многу време тој страв целосно да исчезне.

На прв поглед во односот на бугарската држава кон нас се' е в ред, но не е така. Таа казнува одредени луѓе за да испрати порака до сите Македонци како да се однесуваат, да знаат што смеат, а што не смеат да работат. Една службеничка во даночната служба во Сандански беше обвинета дека ни помагала околу потписите за регистрација на нашата партија, во што немаше никаква вистина, што подоцна го потврди тоа и судската истрага. Но, тоа не и' помогна, ја избркаа од работа и повеќе не ја примаат назад. Дури ниту една приватна фирма не сака да ја вработи. Тоа е јасна порака до сите државни службеници да немаат работа со ОМО „Илинден“ – ПИРИН, зашто може да настрадаат и притоа никој да не може да им помогне.

Се има впечаток дека европските институции недоволно се застапуваат за Вас-Македонците, а Бугарија поради тоа си тера по старо?

- Европа има разбирање за нас и за нашите проблеми, но, за жал, човековите права кај нив се на последно место. Сите други работи се пред тоа. И тука е проблемот за нас. Тие ни го кажуваат тоа многу директно. Самата европска политика провоцира екстеремизам, бидејќи тие работат врз принципот – нема конфликт, нема проблем. Тие ги решаваат проблемите само таму каде што има конфликт. Во КЕБС и во Комитетот на министрите, нам неколку пати ни е кажано дека во Бугарија нема конфликт како што тоа беше случај во Косово или во Република Македонија. Всушност, тие интервенираат само таму каде што мора да го решаваат проблемот. А таквото однесување може да доведе до појава на екстремни групи во некои држави. Кај нас нема опасност од тоа. Ние сме мирна партија и сме против такви работи.

Инаку, од Европската слободна алијанса имаме голема поддршка. Не' примија за член, надвор од прописите за прием, бидејќи во неа членуваат само регистрирани партии. Видоа дека Бугарија не' дискриминира, дека сме биле регистрирани и незаконски забранети, па не' примија, иако софискиот суд одбива да не' регистрира.
 
ЗАБОРАВЕНАТА ЕМИГРАЦИЈА СЕ ВРАЌА ДОМА

Историчарите бараат соработка со македонската емиграција во Бугарија спрема која се правеле многу грешки во минатото. Таа е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство. Со исклучок на т.н. меден месец на соработка, кој траеше само четири години, од 1944 до 1948 година, кога Софија ја призна реалноста за постоење на македонската нација, кога беше создадена културна автономија во Пиринска Македонија и кога беа пренесени моштите на Гоце Делчев во Скопје, со неа не постоела никаква соработка, а македонската држава спрема неа се однесувала доктринирано и идеолошки.

За оваа мошне чувствителна табу-тема првпат отворено се проговори на симпозиумот што го организираа Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за национална историја и Институтот за историја на Филозофскиот факултет. Општа оцена беше дека треба да се прави се' за да се урнат ѕидовите создавани од политичарите и во судбоносните времиња и Македонците од двете страни на границата да не се гледаат како непријатели. Без разлика што тие имале различни национални чувства поради историските околности и различните средини во кои живееле, и едните и другите се бореле и ја сакале Македонија.

БЕГАЛЦИ Реката македонски бегалци и емигранти тргнала кон Бугарија уште во 1878 година по нејзиното ослободување и непрекинато продолжила да тече по секое крвопролевање на македонските простори, најмногу по поразот на Илинденското востание и по Балканските и Првата светска војна. Колкав е бројот на тие што ги напуштиле родните огништа во Македонија и на нивните потомци точно никој не знае, но сигурно е огромен.

„Денес во нашата држава се говори за соработка со македонската дијаспора секаде во светот, само не за таа во Бугарија. Научна потреба е да се отвори оваа страница од нашето минато... Минатото е такво какво што е. Тоа не може да се менува, а идните истражувачи на оваа материја треба да се ослободуваат од страстите на минатото“, порачува академик Иван Катарџиев. Според него, односите на раководството на македонската држава и емиграцијата во Бугарија биле противречни и во нив имало многу идеологија, недоразбирања и само во еден кус период, неколку години по војната - соработувале. Во свеста на двете страни постоел неоспорен македонски патриотизам, а разликите се јавувале кога ќе се поставело прашањето околу решавањето на македонскиот проблем во постојните историски околности. „Во однесувањето на двете страни било присутно влијанието на средината во која живееле, ги оформувале своето знаење, демократската култура и менталитетот. Противречностите особено се експонирале околу прашањето за обликување на културниот и државниот идентитет на македонската држава“, подвлекува познатиот историчар.

Академик Катарџиев смета дека денес е цивилизациска потреба да се открие и да се приопштува во пантеонот на македонската култура, културното богатство што го создала и го остави во наследство македонската емиграција во Бугарија. „Ослободена од политичка функционализација, тоа може и треба да биде значаен фактор во градењето на соработката меѓу македонскиот и бугарскиот народ и создавање амбиент што ќе овозможи да се обноват контактите со македонската дијаспора во Бугарија“, нагласува академик Катарџиев.
55795066826A79468D3699F3CB410EFE.jpg


ТРАГИКА Д-р Виолета Ачкоска подвлекува дека голем број Македонци прогонети од беспатиците на војните и балканските погроми во Бугарија нашле парче земја за да пуштат нови корени и со своите интелектуални стопански и други потенцијали оставиле неизбришливи траги во развојот на бугарската политика и култура. „Македонската историографија конечно треба да навлезе посуптилно и подлабоко во трагиката на емигрантскиот живот и во психологијата на еден емигрант кој немал своја татковина и држава“, подвлекува професорката Ачкоска.

Таа истакнува дека македонската емиграција во Бугарија по септемврискиот преврат во Бугарија во 1944 година и' дала силна поддршка на антифашистичката борба на македонскиот народ. Таа организирано испраќала доброволци во македонската војска и собирала материјални средства. „Со децении наназад тие беа луѓе без своја држава, без своја матица, препуштени на брановите на асимилација, однародувањето, економската зависност или социјалниот безизлез, немањето каде да се вратат, каде да се зберат. Асномска Македонија им отвораше нови перспективи како припадници на македонската нација, но и како луѓе кои се надеваа на воспоставување поинакви балкански односи, според мерата на луѓето, а не според мерата на високата политика“, оценува Ачкоска.

Во годините по војната се водела дискусија дури за враќање на емиграцијата во Македонија. Во анализата што ја подготвиле познатите македонски интелектуалци во Софија Михаил Сматракалев и Асен Чаракчиев истакнале дека тоа практично не било изводливо, зашто поголемиот дел од тие луѓе кои биле без своја национална држава судбински и егзистенцијално се врзале за Бугарија, оформиле свои семејства, начин на живеење, го промениле менталитетот, им биле всадувани други вредности и не можеле повторно да го прифатат ризикот на миграцијата која оставила длабоки траги во нивната свест. Сматракалев и Чаракчиев истовремено оцениле дека на младата македонска држава и' се потребни искусни кадри кои стојат на македонските позиции. Тогаш, во тукушто ослободената Македонија, дошле Павел Шатев, Димитар Влахов, Алексо Мартулков, Шакир војвода, Васил Ивановски. „За жал, повеќето од нив, по воспоставувањето на југословенскиот централизам и расчистување со наводниот „автономизам и сепаратизам“ во КПМ, или за време на расчистување со Информбирото, како што запишал Д. Аџимитревски, брзо станаа жртви на нарцисоидната бирократска власт на спроводниците на југословенскиот централизам на чело со Лазар Колишевски, лица кои со голема недоверба гледале кон сите оние кои доаѓаа од емиграција, особено од Бугарија“, вели професорката Ачкоска.

АМБАСАДОРИ Д-р Новица Велјановски, кој имаше можност да ги погледне тајните документи и преписки на југословенските дипломати во Софија, истакнува дека првите години по војната се настојувало за амбасадори во соседните држави да се испратат проверени кадри, пред се' Срби или воени кадри на Црна Гора. Таков бил случајот и со Бугарија, каде што првите амбасадори потекнувале од Црна Гора. Според него, југословенската дипломатија во Бугарија во текот на 1947 година битно не ја зголемила својата активност меѓу македонската емиграција ниту, пак, изразила загриженост за укинување на тамошните македонски организации. Таа била фокусирана главно на други проблеми во Бугарија, но не и на македонскиот.

„Може да се заклучи дека југословенската дипломатија, поради едни или други причини, не го покажала потребното ниво на дејствување меѓу македонската емиграција. Таа недоволно ја проценила важноста на македонскиот емигрантски фактор за градење на реалните политички односи и на односот кон македонското прашање. Поминало доста време за да пристапи поорганизирано да се занимава со него. Поради поставеноста на југословенската дипломатија воопшто, како и поради положбата на НР Македонија во југословенската федерација, во тој период не било постигнато потребното ниво на соработка меѓу НР Македонија и македонската емиграција во Бугарија, кое резултирало со извесно разочарување кај неа“, подвлекува д-р Велјановски.

14B3B67C477A324088452778A2A729CC.jpg
НЕИСКРЕНОСТ
Д-р Стефан Влахов Мицов смета дека бугарските комунисти не биле докрај искрени кон македонското национално прашање, иако се согласиле да биде прогласена културна автономија во Пиринска Македонија. Дури и познатите македонски функционери на БРП (к), како што биле Тодор Павлов, Владимир Поптомов и Антон Југов, во повоените пописи не се декларирале како Македонци. Бугарските комунисти вистинското лице го покажале по Резолуцијата на Информбирото кога ја укинале автономијата и постепено го менувале односот спрема Македонците и македонската држава.

Осумдесет и петгодишниот Христо Матов, потомок на струшко семејство кое емигрирало во Софија (тој е син на војводата Милан Матов и внук на познатиот револуционер Христо Матов), своевремено ни изјави дека се чувствува и како Македонец и како Бугарин. „Јас сум роден во Софија, тука сум школуван и воспитуван, цело време живеам во оваа средина и не можам да се чувствувам поинаку“, ја кажа сета вистина за Македонците кои засолниште нашле во Бугарија, на кои Македонија им била најголема љубов, но и болка и пред која, како што вели, се крстеле како пред икона.
 
Осуммина Македонци министри во бугарска влада
26589EEB26A77643AA9FF5E89E03C504.jpg

Андреј Љапчев беше еден од осумтемина министри Македонци. Тој подоцна стана премиер на бугарската влада
Стефан Влахов Мицов истакнува дека во минатото, а и денес, многумина бугарски граѓани со македонски корен заземале високи функции во политиката и се познати имиња во културниот и општествениот живот на Бугарија. Тој цитира податоци од 1917 година, кога во Бугарија имало осуммина министри Македонци, 13 дипломати, 12 митрополити, 12 професори на Софискиот универзитет, 84 научници, писатели и публицисти, 32 уметници, скулптори и глумци, 70 лекари, 166 високи административни службеници, градоначалници, судии, адвокати, 266 активни и 453 резервни офицери. Истовремено, тој го цитира Тодор Живков, кој за време на расправиите што ги имал со Крсте Црвенковски во 1967 година за македонското малцинство истакнал дека околу 50 отсто од членовите на тогашниот Централен комитет на БКП и 30 отсто од членовите на СВП биле Македонци со бугарска свест.
Роднокрајски братства за зачувување на традициите
Македонците во Бугарија се организирале врз роднокрајска основа во братства, кои ги носеле имиња на местата од каде што доаѓале бегалците. Друштвата настојувале да ги зачуваат македонските обичаи и традиции и ги помагале сиромашните семејства. Меѓутоа, тие не ретко биле злоупотребувани и за политички и други цели од бугарската држава и од ванчомихајловистичката ВМРО. Христо Матов како дете се сеќава на средбите што ги одржувало Струшкото братство во Софија. „Сите стружани се собираа на Књажево, место во близина на Софија, 200-300 души, и со себе не' водеа и нас децата. Си носеа јадење, кој што ќе имаше. Ќе седнеа и ќе разговараа за Македонија, ќе пееја и играа, а ние трчавме околу нив. Нивната основна задача беше да не се заборави родниот крај. Немаше жена која не чуваше дома носија од Македонија. Ако на некого му требаше помош, му помагаа колку што можеа. Кога со закон ја забранија ВМРО, братствата продолжија со својата благотворна, културна, социјална и секаква друга дејност. Тие имаа и свои кооперации и банка. Градеа и сиропиталишта. Во Софија е познато сиропиталиштето ’Битола‘, во чија зграда денес е сместена банка на четири ката“, вели Матов.

Тој тврди дека тогаш во Бугарија имало 700 братства, но во документите на Националниот комитет на македонската емиграција се споменува дека нивниот број во 1930 година изнесувал околу 200. Денес во Бугарија постојат компактни населби формирани од македонската емиграција. Во Софија се познати Гевгелиска и населбата Јучбунар, а во Пловдив населбата Ќучук Париз.
Македонија е голема тема и голема болка
021F286FD75EAB46BBE70D374DC4B711.jpg
Здравка Итева, потомок на бегалци од Скрижево и Бапчор, кои со Конвенцијата за размена на население меѓу Грција и Бугарија биле доселени во Пиринска Македонија, вели: „Им припаѓам и на минатото и на сегашноста. Моето минато е поврзано со тие луѓе, кои се Македонци, кои биле Македонци, а и јас самата сум Македонка. Истовремено и' припаѓам на оваа држава, зашто тука сум добила образование, средно, високо, специјализација... Се омажив за Бугарин. Кога се зедовме, не гледав дали е Македонец или Бугарин, Американец или нешто трето. Ниту, пак, тој гледаше на тоа дека мене во пасошот ми пишува народност Македонка“.

Таа вели дека не може да прекине ниту со минатото ниту со сегашноста. „Од една страна на крстот се преживеаните спомени, сето она што се наталожило од минатото ме влече во еден правец. Но, овде во Бугарија јас имам син кој се чувствува Бугарин, а тоа е реалноста. Меѓу македонскиот и бугарскиот народ не треба да има не само физичка туку и духовна граница. Треба да се направи се' што е возможно тие два народа на Балканот кои се најблиски да имаат соодветни и најкомпактни заемни односи - културни и економски. Како наследство носам цел комплекс од тешкотии од тие крвопролевања што ги преживеал мојот род во срцето на Македонија. Не сакам да се повтори тоа. Сакам меѓу тие народи да има такви заемни односи, при што ниту една политика ниту една држава да не може да ги исправи едни спроти други за да се убиваат. Не сакам повеќе да има крв и палежи по тие места. Сакам да има културен, цивилизиран и срдечен однос. И никогаш да не бидат непријатели еден спрема друг. Зар мојот син и синовите на моите братучеди во Скопје со оружје в рака да тргнат еден спроти друг. Тоа не го посакувам никогаш“, заклучува Здравка Итева, нагласувајќи дека Македонија е голема тема и голема болка.
Во Бугарија емигрирале 100.000 Македонци
43154438F6EDEF498F817E5D534B1693.jpg

Точно не се знае колкав е бројот на македонската емиграција во Бугарија. Според академик Катарџиев, од создавањето на бугарската држава во 1878 година до почетокот на Втората светска војна од Македонија во Бугарија, поради разни причини, емигрирале или пребегале околу 100.000 души. До Балканските војни македонската емиграција во Бугарија доаѓала од територијата на цела Македонија, а по Првата светска војна најмногу од Егејскиот дел на Македонија. По Конвенцијата за размена на население меѓу Бугарија и Грција во 1924 година, Егејска Македонија морале да ја напуштат околу 31.000 Македонци. Многу семејства се населиле во Пиринска Македонија. Денес цели села се формирани од македонските бегалци, каков што е случајот со Мосомиште и други места во Гоцеделчевско.

Според бугарски извори, само од 1912 до 1926 година, во Јужна Бугарија и во Пиринскиот дел на Македонија официјално биле регистрирани 12.778 бегалски македонски семејства. Од нив во Петрич и во неговата околина се населиле 6.597 семејства, во Пловдив и Пловдивско 4.235, во Софија и околината 1.470 семејства, во Ќустендил и селата 350. Меѓутоа, имало голем број семејства што не биле регистрирани.

blank.gif
 
МАРКЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ НЕСОБОРЛИВИ

9D618CF2D4BDF64BB1055DF52A9FAF19.jpg

Македонската култура, македонскиот јазик, литература и фолклор се трајни обележја кои никој не може да ги избрише
„Мислев дека некои работи нема да се повторуваат, дека XXI век ќе биде век во кој сите ќе можат да се чувствуваат како што им налага нивното убедување, век во кој ќе се почитува различноста. Меѓутоа, сето она што се случува денес ми се чини не' враќа назад во годините од крајот на 19 се' до средината на 20 век - повторно оживување на негациите и на неможноста да се изрази слободно сопствениот национален идентитет. Овде престанува историјата, а почнува политиката. Политика кај која нема ниту колективна меморија, традиција и култура, туку само интерес“. Овие зборови изречени од д-р Тодор Чепреганов во воведниот збор на тридневниот симпозиум за македонскиот национален идентитет на најдобар начин ја отсликуваат суровата вистина пред која денес се исправени Македонците изложени на силните пропаганди и негации на соседите.

Нема никакви дилеми и не треба да се докажува постоењето на македонскиот идентитет чии маркери се македонска култура, македонски јазик, македонска литература, македонски фолклор. „Тоа е реалност која не може да се негира. Сметам дека не треба да дозволиме некој да мисли за нас како за народ кој не успеал историски и дека не бил способен да ги искористи своите шанси и дека не сме биле свесни за времето, настаните ниту за сопствените интереси“, додава Чепреганов.

Повеќе од педесет научници од Македонија и од светот, од САД, Австрија, Русија, Грција, Бугарија, Србија и од други земји расправаа на оваа тема на собирот што го организира Институтот за национална историја . Особено интересно беше да се слушнат мислењата на помладите генерации, посебно од соседните држави, кои неоптоварени од големоджравничките доктрини на земјите од кои доаѓаат, проговорија поотворено отколку нивните постари колеги за македонското минато.

Билјана Вучетиќ, од Србија, аналитички и со аргументи и без каква и да е пристрасност ги пренесе аспирациите на нејзината држава што ги имала спрема Македонија, образложувајќи ја детаљно целокупната српска пропаганда и стратегија на Белград за да ги асимилира Македонците. Таа вели дека за Македонија најпрво пишувале српските патописци и публициски, кои ширејќи ја српската национална пропаганда создавале идеална слика на националното минато и обичаите во Македонија, претставувајќи ги како српски. Еден од нив, Милош Милоевиќ, дури ги измислувал и историските настани и обичаи.

Србите кои патувале низ Македонија во времето кога таа била под турска власт заклучувале дека „Маќедонците” немале ниту грчко ниту бугарско потекло и дека тие особено од западните делови, зборувале српски, ги славеле и ги воспевале српските јунаци, кралеви и цареви, со нив се гордееле и играле ора како и Србите и целиот нивен живот им бил ист како и на Србите. „Целта им била да докажат дека Македонија била вековна српска земја и дека во неа живее српски народ”, подвлекува Вучетиќ.

Истражувањата што ги направила таа покажале дека српската влада, за да докаже дека Македонија е српска, финансирала и посебен проект и издала книга која ја превела и на германски јазик. Неа ја напишал Спиридон Гопчевиќ во 1889 година по патувањето низ Македонија, тврдејќи дека повеќето од македонските Словени припаѓале на српското, а не на бугарското племе. Според неа, Стојан Новаковиќ е идеолог на големосрпската политика спрема Македонија чии граници се совпаѓале со Душановото царство. Српската историчарка го цитира и Јован Цвииќ, кој во 1906 година напиша: „Маса македонски Словени немаат ни српски, ни бугарски чувства и свест. Бугарското име со кое се именуваат воопшто македонските Словени не значи бугарска народност. На која држава ќе припаднат Македонците, на српската или на бугарската, со нејзината народност ќе се асимилираат”.

Вучетиќ вели дека по распадот на Југославија се појавиле и некои националистички тези со кои се негирал македонскиот идентитет и се употребувале термини од 19 век, а Македонците ги нарекувале „Маќедонци”, како некогаш. Во 2004 година бил издаден и зборник на трудови под наслов „Срби во Македонија”. Со оваа тематика најмногу се занимавале Михајло Војводиќ и Словенко Терзиќ, кој во 1995 година напишал дека македонското прашање можело да се претвори во едно од горливите прашања во балканскиот регион, со оглед на тоа што , според него, иднината на некаква независна и самостојна македонска држава била крајно неизвесна.

Според Билјана Вучетиќ, во последно време српската историографија губи интерес за Македонија и за македонското прашање. „Денес без страв, комплекси и аспирации може да се говори за односите на српското и македонското национално битие. Свеста за територијално право на просторите на Македонија се развивала постепено, со дејноста на српската влада и пропаганда во процесот на формирањето на националниот идентитет во текот на 19 век и со големо учество и поткрепа како на историската, така и на другите сродни науки. Меѓутоа, современата српска историографија изгуби замав и не се занимава со македонското прашање и денес се свртува кон некои прашања кои се заеднички за двете страни”, заклучува српската историчарка.

Бугарскиот историчар Пламен Димитров го обработува периодот на окупацијата на Македонија од Бугарија. Врз документите на тогашната бугарска власт во Вардарска Македонија немало ниту едно лице кое било забележано дека има македонска национална припадност. „Тоа не може да одговара на вистината. Противречноста може да се објасни со две причини. Прво, митолошката претстава за Македонија, која тогаш постои во бугарската општествена свест, во никој случај не може да дозволи состојба, дека дел од македонските Славјани може да не се Бугари. Второ, недостигот на македонско национално движење, ослободено од идеолошките рамки на комунизмот и од надворешни протекции, автоматски поставува знак на еднаквост меѓу македонизмот и комунизмот”, вели Димитров.

Тој ја цитира наредбата на владата на Богдан Филов, според која сите жители на „ослободените земји” во 1941 година, кои биле југословенски или грчки поданици, а имале бугарско потекло, автоматски станале Бугари. Наредбата не предвидувала процедура според која требало да се утврди бугарското потекло на жителите зашто власта во тоа време сметала дека етничката припадност била очигледна и немала потреба од докази. „Логично прашање е дали имало во тоа време во Скопската и Битолската област лица со македонско национално самосознание и ако ги има, тогаш каков е односот на бугарската власт спрема нив?”, прашува Димитров и заклучува: „Во периодот 1941-1944 година бугарската државна власт не покажа со ниту една своја дејност дека признава постоење на македонско национално самосознание. Кон непријателите на државата во Вардарска Македонија ги ставала комунистите и автономистите на ВМРО, но тие се обвинуваат за политички, а не национален ерес. Како главен противник на бугарскиот национализам во Скопска и во Битолска област продолжува да биде третиран великосрпскиот шовинизам, а македонизмот се смета за негова мутација. Понекогаш државата ги дели Славјаните во Македонија на „добри” и „лоши”, но никако на Бугари и Македонци”, истакнува Пламен Димитров, подвлекувајќи дека реалноста, постоењето на македонската национална идеја во тој период била очигледна.

Според него, во тоа време многу луѓе биле со неопределено национално сознание. „Тоа е логично ако се има предвид дека државата е еден од највлијателните фактори за конечно формирање на модерната нација, а во Македонија до 1941 година не постоела ниту бугарска ниту македонска државна власт”, заклучува тој.

Според Жидас Даскаловски, формирањето на македонската нација задоцнило зашто Илинденското востание го немало тој одглас за да ги мобирилизира големите сили да интервенираат за создавање автономна држава, за разлика од другите балкански држави кои биле помогнати од големите сили да ги формираат своите држави. „Значи, востанието е дигнато подоцна и под потешки услови се создава идеја за нацијата и за историски континуитет. Она што е интересно за мене, ако ги апстрахираме сите други работи, можеме да заклучиме дека денес две држави Македонија и Косово се предмет на најголемите спорови на Балканот, спорови кои се потенцијално многу опасни за понатамошната безбедност на целиот регион”, подвлекува Даскаловски.

Според Даскалоски, за опстанокот на македонската држава поголема опасност доаѓа од Грција отколку од Бугарија. „Ќе речете дека и Бугарија не се однесува поразлично од Грција, но не е така, зашто политичките елити на Софија не се трудат многу да имаат аспирации кон овој дел на Македонија. Бугарскиот проект, нормално, секогаш тежнеел да ги асимилира Македонците во оној дел што беше зграпчен во Балканските војни и тоа е проект што трае”, истакнува тој.
Истражување на Анастасија Каракасиду
1F66258AB3FDA74CA32C60D36A2339A1.jpg

Сите морале да бидат Грци
Анастасија Каракасиду, грчка професорка по антропологија на американскиот универзитет „Велесли“ во Масачусетс, тврди дека Егејска Македонија веќе е грцизирана. За време на истражувањето што ќе го врши во малото место Ѓувезна во близината на Солун, подоцна прекрстено во Асирос, во кое иако пред Балканските војни повеќето од населението било словенско, ќе сретне само три постари жени кои знаеле да говорат словенски. Според неа, со тек на време сите биле грцизирани. „Таканареченото ослободување на Македонија во 1913 година било симболот што го означил почетокот на неприкосновената хегемонија во производството на култура-нација. Без оглед што биле луѓето од централна грчка Македонија дотогаш, јасно било дека оттогаш наваму морале да бидат Грци. И така и било”, заклучува Каракасиду во книгата „Полиња жито ридишта крв”.

Според неа, градењето на грчката лингвистичка хегемонија во Асирос, местото каде што истражувала, се случила релативно лесно, но во другите места тој процес бил насилен. Таа го посочува примерот на жителите на Сохос, источно од Лангадас, кои биле принудувани да пијат рицинус или били испраќани дури в затвор ако зборувале на некој друг јазик, а не грчки. „Во западна грчка Македонија, каде што словенската свест кај локалното население била посилна, а влијанието на грчкиот јазик историски послабо отколку во заедниците во централна грчка Македонија, како во Асирос, кампањата на хеленизација била поагресивна, а имало и поголем отпор спрема неа. Таму дури и младите ученици биле тепани ако зборувале словенски”, пишува Каракасиду.
 
АТИНА И СОФИЈА САКААТ ДА ЈА РАСТУРАТ МАКЕДОНИЈА
0A22AFE898EA9440A64C4133CBF1E4F9.jpg

Интервју со академик Иван Катарџиев

Македонија се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Грција не' спречи да влеземе во НАТО, а Бугарија не' уценува за влегување во Европската унија. Се стекнува впечаток како Атина и Софија да се здружиле против нас?

- Иако е рано да се дава прецизна оцена на тоа што ни се случи во Букурешт или да се споредува со Букурешт пред сто години, сепак, првиот впечаток, барем за мене, без да навлегувам во политичката страна на проблемот, е дека повторно профункционира оската Атина - Софија, иако тие имаат различни интереси во однос на Македонија. И двете страни од поодамна се во фаза на негирање на македонскиот идентитет, односно на македонското име, кое е синоним на македонската самобитност. Тие сакаат Македонија да ја третираат како географски поим.

Во периодот од 1991 до 1999 година, соседните држави сметаа дека Македонија како мала држава, меѓународно неасоцирана, непризната како самостоен политички и етнокултурен идентитет, со слаба економија, со многу тешки меѓунационални проблеми и друго, не ќе може да го издржи притисокот и сама ќе клекне на колена да ги моли. Бидејќи не се оствари тоа, и тогаш таа не падна на колена, сега тоа се повтори во Букурешт на еден пософистициран начин. Фактот што не добивме шанса да бидеме на масата на која се дебатираше за Македонија е жалосен, бидејќи ни е оневозможено, како и пред сто години во истиот град, да ги застапуваме своите интереси. Разликата е во тоа што во Букурешт пред сто години не бевме никаков субјект, бевме само топовско месо во балканските војни, кое беше аргумент на оние што ја делеа Македонија. Сега сме субјект, но нашата политика беше дисквалификувана.

Како гледате на ветото на Грција, дали е во прашање името на нашата држава или нешто друго?

- Проблемот со Грција е јасен. Не знам дали нашите политичари имаат јасна претстава за тоа, меѓутоа идејата на Атина за растурање на македонската држава како израз на субјективитетот и културниот идентитет на македонскиот народ е конзистентна. Тие се обидоа во времето на Мицотакис и Милошевиќ да го реализираат тоа преку поделба на Македонија и преку присоединување на Македонија кон Србија. Сега со ветото во Букурешт ја изразија таа иста идеја на многу пософистициран начин. Тие калкулираат со фактот дека во Македонија живеат други етнички заедници кои немаат ништо заедничко со македонското име, со македонскиот идентитет, дека со спречувањето на Македонија да влезе во НАТО како културно-национален и државен субјект ќе се поттикнат внатрешни судири меѓу различните национални групации, особено со Албанците. Грците очекуваат Албанците да настапат со тезата дека тие немаат ништо со македонското име и идентитет, дека тоа не е нивни проблем, туку на Македонците. А бидејќи проблемот е на Македонците, Атина смета дека ќе дојде до заострување на меѓунационалните односи внатре во државата, па и до сецесија, а тоа значи повторно реализирање на идејата на Мицотакис за поделба на Македонија, но сега на линијата исток - запад. Односно, меѓу Албанија и Бугарија, на линијата по долината на Вардар, идеја што е присутна уште пред потпишувањето на Балканскиот сојуз.

Како го толкувате заклучокот на НАТО дека ќе ја прими Македонија во оној момент кога ќе го решиме спорот со Грците?

- Тој заклучок личи на приспивна песна и ме потсетува на островот на сирените кои требало да го заспијат Одисеј кога поминувал. Колку што знам, досега немаме ниту еден предлог со кој Грците настапуваат во решавањето на проблемот со името. Она што го слушнав деновиве дека тие предлагале Република Скопје (Македонија) е тактички стратегиски потег, бидејќи знаат дека Македонија нема да го прифати тоа и да добијат легитимитет дека не е кооперативна во решавање на тие проблеми. Нема дилеми, нивната политика е по секоја цена на софистициран начин да ја остварат својата цел.

Непосредно пред Самитот во Букурешт, Софија обелодени насоки за идната бугарска политика спрема Македонија во кои се изнесуваат отворени претензии спрема македонското минато со нескриени уцени на нашата држава?

- Во најновиот документ на Софија, обелоденет деновиве, кој за мене е обичен памфлет, категорично се говори дека македонската нација е резултат на српската политика и, пред се', на Стојан Новаковиќ од 1889 година, која била прифатена и пренесена на Коминтерната со нејзината резолуција од 1934 година, а материјализирана со политиката на Тито од 1944 до 1991 година. Бугарската страна, за да докаже дека македонската нација наводно е коминтерновска творба, користи документ кој практично не постои. Таа ја има злоупотребено содржината на спомнатата резолуција, која нема ништо заедничко со тоа што денес се тврди во Бугарија. Практично, во тој документ не постои ама баш ниту еден збор во кој се тврди дека Коминтерната ги признала македонската нација и јазик. Во него се сугерира ВМРО-Обединета да се залага за афирмација на тие два атрибута на македонскиот идентитет. Тоа како политички став од бугарските социјалисти е исконструиран некаде во 1995 година, а е објавен во 1998.

BC85C6750CB5134086904396C07F4B3E.jpg
Во документот Софија изведува заклучоци зад кои стои намерата комплетно да се игнорира периодот на НОВ, а бугарската окупација на Македонија се третира како период на втора бугарска преродба на Македонија во сите полиња, во економијата, образованието, здравството итн. Истовремено се настојува периодот во кој Република Македонија како федерална единица на Југославија го афирмираше својот државен субјективитет и културен идентитет да се прескокне и да се игнорира, а тоа значи да му се каже на светот дека не постои македонската нација, дека во НОБ македонскиот народ не се вклучил во антифашистичкиот фронт. Таквата политика што ја водат тие спрема Македонија е понагласена од 1991 година. Тој антимакедонски елемент беше присутен и во текот на 1944-1991 година, меѓутоа зад Македонија стоеше авторитетот на Југославија. Според тоа, жестокоста на таа антимакедонска кампања на негирањето ја немаше денешната острина, повеќе имаше вербален карактер и не можеше да добие така нагласено антимакедонство, како што е сега по осамостојувањето на Македонија.

Во тој контекст треба да се сместат и предлозите за заеднички прослави на бугарскиот претседател Георги Прванов. Со тоа Софија сака да покаже дека македонската историја е заедничка со бугарската, а ние да признаеме заедничко минато. Тоа е таа бугарска негаторска позиција која, морам да кажам, со последните изјави што ги слушнав сега од официјални луѓе на Бугарија во Букурешт и во Стразбур ескалира во правец на комплетното негирање на македонската државност и претставува притисок Македонија да ги прифати грчките уцени.

Мислите ли дека македонската држава прави доволно за сопствена афирмација по осамостојувањето?

- Апсолутно не. Не треба да се понудат голем број докази за тоа. Погледнете ја ситуацијата колку македонски научници се испратени на специјализација или на подолго научно истражување во архивите во релевантните земји: во Англија, во Русија, во Бугарија, во Грција, во Франција, во Италија итн. Тоа е едната работа. Погледнете колку значајни книги објавени од областа на лингвистиката или на историографијата се преведени и пласирани во светот, на англиски, на француски или на германски јазик. На тој план имаме направено малку, што значи ништо.

Во овие последни 15 години како да почнува да се подјадува македонското национално ткиво, многумина зедоа бугарски пасоши?

- Не го делам тоа мислење. Напротив, мислам дека ако нешто во оваа земја во оваа трагична ситуација охрабрува, тоа е патриотизмот. Ако порано под притисок на пропагандите на соседите имаше проблеми со македонскиот идентитет во определени сегменти во македонското општество, сега, напротив, притисокот што се врши во Македонија раѓа патриотски отпор кој е за пофалба и кој треба да се поддржува. Не да се претвори во глупав, непотребен, ирационален национализам, туку во патриотизам што ги подигнува македонското достоинство и подготвеноста да издржи, иако е тешко. n
blank.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom