Играчите на Европско отидоа за да го дадат максимумот на секој натпревар.
Кога кажав да не се обрнува премногу внимание на овој натпревар, мислев медиумски, а не на играчки план. На никого нема да му подариме победа, има Грците да се испотат за да не победат.
Но, дајте да не се повтори 2009-та. Видео бимови на плоштад, масовни собирања, на Сител цело лето, 3 месеца пред Европско ташаците ни ги напињаа со најави и рекламиза натпреварот Грција - Македонија, организирано патување, големото знаме и уште триста тракатанции, за што? За да не декласираат 32 коша разлика.
Преголемо форсирање на овој меч значи и дека со евентуален пораз моралот ќе падне, а има уште 2 поважни утакмици пред нас.
Јас да сум Докузовски, би го одмарал Гечевски против Грција, нека не се ризикува ништо со него, нека чува сили со Босна и Финска.