Македонија е делумно слободна земја

Член од
14 ноември 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
Локација
Skopje
Македонија се најде во групата на делумно слободни земји во најновиот извештај „Слобода на светот“ на невладината организација Фридом хаус во кој се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи.
Нашата држава е оценета со тројка и во однос на човековите права и во однос на политичките слободи. Највисоката оценка е единица, а најлошата е седумка. Во групата на делумно слободни земји спаѓаат , Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Украина и Пакистан. Како слободни земји од Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска.
Според извештајот делумно слободните земји патат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализмот.
Што се однесува на состојбата со човековите права на глобално ниво, во светот во 2012 година имало 90 потполно слободни држави, односно 46 отсто од 195 земји, колку што се опфатени во извештајот.
Според оваа организација 58 земји се делумно слободни, додека 47 се неслободни. Неслободни држави се оние во кои не постојат основни политички права, а граѓанските слободи се кршат систематски.

Кое е вашето мислење за нашата "слобода"?
 
Да има корупција и етничка и верска дискриминација тоа највеќе ми смета... другото не е толку страшно.
 
јас се чуствувам доволно слободен кога велам дека сите досегашни извештаи на сите владини и невадини организации, профитни и непрофитни здруженија шо постоеле и ќе постојат,сите подеднакво се complete and utter bullshit
 
овој извештај е од ланската година:icon_lol:
 
А кои слободи ви се скратени ако смеам да прашам, пошто гледам се сложувате дека е делумно слободна земја.
 
Државата константно ме дискриминира бидејќи не сум од вистинска националност и вера и партиска припадност. Плус ми имаат барано мито од државни органи и тоа најдиректно во фаца...имаше среќа типот инаку ќе му го скршев носот и после пријавив во полиција. Слобода и еднаквост нема баш голема.
 
А која би била таа националност вера и партија.
Мито и корупција има , имало и ке има, не само тука туку секаде.
Со самото тоа што си пријавил во полиција доволно кажува.
Да беше поинаку немаше ни до полиција да стигниш, мислам ме сваќаш што сакам да кажам.
Напротив ако одиме по балкански стандард пошто сепак кај нас има балканска матрица ние за повеќето држави ако не и за сите во околината и пошироко сме поим за демократија.
 
Море Владе по толку време пак си бил кај Шпицо а ? :pos:
 
Сите знеаме која е повластената националност вера и партиска/ски припадност...да не тупам за тоа ќе ја затераме во политика.
Не викам дека Македонија е Зимбабве ама далеку е од земја без корупција дури и за банални работи мито и врски ти требаат а за посериозни нема шански без корупција и непотизам да завршиш некоја работа во државава. Закони не се применуваат многу пати еднакво. Криминал се толерира селективно. Медиуми во главно се во рацете на една партија. Подобри сме од пред 20-30 години кај кај ама пак далеку е Македонија од вистински слободна земја.
 
Абе под слободна земја некој подразбира да можи да оди пред полиција и да им се посери пред врата, па да го викни дежурниот за да му донеси тоалетна или шише( кој како си преферира). Се под тоа е диктатура.
Инаку немам одено, се чувам за кога ке дојдеш;)
 
Си бил владе и то сега брзо си вратен по муабетиве се познаа :icon_lol:
 
Сите знеаме која е повластената националност вера и партиска/ски припадност...да не тупам за тоа ќе ја затераме во политика.
Не викам дека Македонија е Зимбабве ама далеку е од земја без корупција дури и за банални работи мито и врски ти требаат а за посериозни нема шански без корупција и непотизам да завршиш некоја работа во државава. Закони не се применуваат многу пати еднакво. Криминал се толерира селективно. Медиуми во главно се во рацете на една партија. Подобри сме од пред 20-30 години кај кај ама пак далеку е Македонија од вистински слободна земја.
Зависи како гледаш на тоа.
Ете според мене привилегирана вера е муслиман, нација албанец, партија дуи. Сега што правиме ??
За медиумите аман не ме смеј. Досега гледав А1 или по ново 24 вести каде госпоѓата досега го дрвеше дека сме диктарура.
За корупцијата кажав , а ти повели освем северна кореја која друга земја не е корумпирана. Ја спомнувам северна кореја како комунистичка земја каде по правило во тие земји летат глави за помали работи не пак за корупција и мито. Сега ако сметаш дека северна кореја е слободна држава тоа е сосме друго.
За криминалот секаде ти е исто. Судиите ни тука ни никаде на светот не јадат сено( ако го знаеш вицот ).
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 21:42 ---
Си бил владе и то сега брзо си вратен по муабетиве се познаа :icon_lol:
Со самото тоа што ти дозволуваат да пишуваш тука на форум сметам дека не да сме слободна држава туку и премногу слободна:P
 
Абе и тоа се скрати море, ни на форум нема да смееш да пишеш шо сакаш отиде апсаана го донесоа законот од март месец стапува на сила.
Па иди пиши ти нешо да те видам или кажи оп апсаана клевета навреда ова она.
 
Ај баш и тоа да го видам. Ене го март кај е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom