- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248



Шефицата на дипломатијата на вчерашната средба со нејзиниот нов германски колега Штанмајер разговарала токму на темата - францускиот проблематичен однос кон Македонија.
Како што дознава А1, Германија ветила да лобира кај Франција. Исходот ќе биде познат во понеделник, кога се очекува на агендата да биде дебатиран во Брисел.
А во меѓувреме и претседателот Црвенковски и вицепремиерката Шеќеринска го вперуваат прстот во буџетот. На самитот на ЕУ, буџетот е причина за стресот.
„Ако има некое стравување дека може да дојде до блокада на самитот во Брисел, по прашањето на буџетот, што ќе загрози генерално донесување на било каква одлука“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија.
„Европската комисија, која беше задолжена да направи објективна проценка, предложи статус на кандидат и сметаме дека земјите членки треба да ја следат оваа објективна анализа која што ја бараа од ЕК“, рече Радмила Шеќеринска, вицепремиерка.
И додека денеска Тони Блер во „Даунинг стрит“ е фокусиран на деблокирањето на преговорите за буџетот, овој викенд за државниот врв е последниот пред раскрстување со веста - што ќе се случи на 15. декември.