Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=2534#.TxdNlYmJTFE.facebook
До сите тие кои го критикувате Кире имате поздрав од Борко....
ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА!!!!!!!!!!!!!!!!!

Јас не верувам дека некој од овде го извреѓа Кире или некој од Македонските репрезентативци. Го критикувавме повекето бидејки заслужи. Изигра под своите можности. Никој не заборава кој е нити што има направено. Пример Роналдо и Меси колку имаат направено за Реал/Барса па кога играат слабо се критикувани. Никој не го навреди го искритикувавме бидејки заслужи и толку, Тој е класа ракометар и верувам дека вечерва ке распали и верувам дека ке ни докаже и ке ни покаже на сите колку и што знае.
За денес за натпреварот. Очекувам победа. И тоа победа сигурна со 3-4 голови разлика. Чесите не се ништо посебно. Го имаат Јиха и се зависи од него. Слично како кај нас од Кире. Доколку му тргне нему отидовме јабана. Затоа треба добро да се затвори бидејки за другите добро кажа вчера коментаторот на Сител 3(готовани). Доколку асистира Јиха даваат голови сами неможат ништо. За срека ние ги имаме и Мојсовски и Миркуловски кој можат да повлечат по два три играчи на нив и да направат вишок. Тука и одличниот Стоилов, а и Алушевски уште не го кажал последниот збор. Очекувам да не демантира Кире и да распали како што знае. Одиме на победа...
 
нема простор тука за песимисти...одиме на победа и готово!:)
E, го ебавме ежот.:D
Ако победат денес на сред белградска арена ќе им го распостелеме да умрат од мака.
Ми се чини дека во Пионир ќе се играат натпреварите, само 1/2 финалето, мечот за трето место и финалето ќе се играат во Белградска Арена.
Ако грешам, нека ме поправи некој.

Иначе за тие што зборат дека сме го критикувале Кире, па нека видат слободно статистика, па после ќе збориме, има најлош процент на реализација, а е втор стрелец..
Па видите сеа кој форсира шутеви.
 
Ќе има наши навивачи на Шведска-Германија?
 
ЛЕЛЕ КОЛКУ САКАМ ДА ИСПАДНАТ ГЕРМАНЦИТЕ.
Реално, на страна све, не заслужија воопшто да одат понатаму.
Шведска,Македонија,Чешка, идеална комбинација за понатаму!:D
 
Вечер мора да го освоиме Нишкото поле и да го фатиме патот кон Белград, со штитот или на него..... МАКЕДОНИЈА !!!!!!!
 
Изгледа нервиве скроз ми отрпнале од натпревариве. Ни нервоза ме дрма, ни ништо:D
 
Имам други обврски,а не можам да ги завршам поради тоа што ме пука адреналин за утакмицава и паметот м е таму.
Штета ќе биде да не победиме.Штета за нас навивачите овде во Македонија и за тие во Ниш.
Штета за оваа генерација со играчи како Мојсовски,Лазаров,Диви,Борко,Алушевски.

Одиме јако денеска,ќе потклекнат пред атмосферата чесите и ќе го јадат.
 
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57664-Paga-koeficientot-za-pobeda-na-Makedonija

Башка чешките медиуми се прашуваат како низ македонскиот пекол.
Никако.:vozbud:Нема лек!:vozbud:
Има да бидат во 9тиот круг во пеколот на Данте. Море има да измислиме 10ти ако треба! АМА не излегуваат од таму!
 
402777_252707338135544_100001888399732_614923_1400869148_n.jpg


Си знае и она кој шал да го крене:D
 
Мое размислување за мечот со Чешка.

Уште пред почетокот на првенството јас нашата шанса ја гледав во дуелот со Чесите.Бодот откинат на Шведска е додатен бонус и вистински тестамент за борбеноста и подигнатата форма на нашите момци.

Ги гледав Чесите во живо во мечот со Германија пред нашиот меч, и мора да признаам дека не очекував толку зрело да го одиграат натпреварот.Германците на двапати им се доближуваа до еден минус,но чесите останаа упорни и дојдоа до победата.

Главна алка секако им е Јиха,и мора да признаам дека не ми се допаѓа што навивачите го минимизираат неговиот допринос,но знам дека нашите момци се свесни од каде доаѓа главната опасност. таков играч од таа класа не може да игра лошо двапати по ред. Истата логика важи и за Лазаров.

Јиха го следам уште кога дојде во Кил, и во последниве години му се развија драстично асистенските вештини и тоа го прави доста опасен. има топ физички предиспозиции но е доста подвижен, и тежок за чување.Сега,во Кил има доста добра поддршка од Ким и Нарцис,тука не е баш така. Затоа мислам дека е погрешно мислењето дека треба да се оди со класичен фластер на него, бидејќи чесите играат доста брзо и ќе се остава дупка во нашата одбрана. Колективен зид за него

Што се однесува до нашиот тим. Мора нападот да биде поразновиден,да се дигне притисокот од Кире. Мора Наум и Миркуловски да одат похрабро до позиции за шут, Можеби не е време за reality check но на ова првество се гледа зошто Наум не игра за голем европски клуб. Дечкото го има сиот талент на светот,но нема физички предиспозиции,едноставно е премногу низок за да шутира преку гранитни одбрани а финтите му се прочитани од сериозни тренери како тие на Шведска и Германија. Затоа треба да биде поинвентивен во играта,и пасовите да му бидат покреативни, до Столе или кон Стево,да се создаваат гол шанси,а не да се враќа до Кире кој од немај каде приморан е да шутира под закана од пасивен.

Чешка игра брз ракомет и нашите треба да ја смират играта а не да се бркаат по теренот со чесите.Таа игра не ни одговара. Мора да се игра смирено и да се градат добри шанси за гол,да се доведуваме до безизлезни ситуации.

Победа ќе е голем морален поттик за понатаму!
 
море шутрак, кажи дека ќе изгубиме само, не ти барам друго... :D
Песимизмот и моето ширење на негативна енергија го оставив зад себе заедно со стариот ник.

Ајм њу нау.

И нема да изгубиме вечер.
 
Од 00:00 ноќеска до кај 12 над 2000 души ја преминале границата накај Србија со насока НИШ!
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=10553&CatId=10
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 16:57 ---
Цело време денеска си пеам Дојчланд ауфидерзен, незнам зошто. :D
Се надевам (сигурно и сите на форумов) вечер ќе научиш зошто :D
Ах да е некоја среќа да им средимевечерва на Чесиве 5-0, 6-0 во серија и да се изгубат од почеток!Нешто како Кометал со Ларвик или Шлагелсе, не се сеќавам точно во некое полуфинале беше таму изгубија 6-7 овде победија со 7-8...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom