Ауф, не ми се врува дека на крај со 2 бода отидовме во наредна фаза хахахаха
Тенка беше линијата, или отпаѓаме или со два бода

Реков и на почетокот, утакмицата Австрија-Чешка за нас беше чиста десетка. И пред првенството реков дека очекувам да падне Австрија, а од Чешка да загубиме. И реков дека ќе има драми затоа што очекувам Австрија да го земе скалпот над Чешка.
И би така

Секогаш математикиве ни одат во наша полза
Со скоро никаков состав, со 4 играчи Кире, Миркуловски, Столе и Борко влеговме во следната рунда и тоа со 2 бода.
Разочаран сум од дел од ракометарите, од другиот дел не можам да бидам разочаран затоа што едноставно толку им е квалитетот.
Во ситуација кога бевме со двајца бекови во составот, противничките тренери мораа многу подобро да не прочитаат и посдобри тактики да наместат. А освен Данска, другиве не практикуваа фластер над Кире.
Немаше шанси Миркуловски да игра сам во таков случај, ама за среќа и другиве репрезентации се мизерија, па од леснава група излеговме како што планиравме.
Е сега со Прибак во составот (мојот омилен играч, мора да признаам

), нападот може да биде поразновиден. Добиваме добар разигрувач во составот, добиваме конечно еден играч што може да покрие на лев бек, па дури и да го одмара Миркуловски на среден бек.
Другите бекови како да не постојат, освен Јоноски кој колку толку е добар во одбрана.
Два феила на цел шампионат се Дејан Манасков и Велко Маркоски.
Дејан Манасков летна во облаци. Многу е лош во одбрана, во напад непредвидлив. Мада он е играч кој не смее да си дозволи да утнува контри. Крилата таков луксуз не смее да имаат. И сите тие влезови на пикер од Гоце и Манасков МОРА да бидаат реализирани. А ние одвај 1/7 или 2/8 да имавме во вакви случаи на целиов овој шампионат. Плус направи неколку непромислени потези во одбрана од кои заработи исклучувања (играта со нога, скокот врз Јиха итн). Нема потреба да се повторувам, на првенствово Ојлески може дупло повеќе да покаже од Обрван, ама изгледа и Деки има некои протекции ради татко му.
Доказ дека ништо не се сменило со новото раководство на РФМ

Гоце Георгиевски исто променливо, ама бар од позициони напади е колку толку сигурен. Мора да ги поправи влезовите на шест метри...
Сепак мене повеќе ме разочарува Веле Маркоски. Изгубен во просторот. Головите не пикерот н Австрија паѓаа по вина на Веле. Лошо превземаше, го губеше дуелот, дозволува да му шутираат од кај сакаат. Нема ниеден фаул направено, ниедно исклучување

Таквите играчи во одбрана мора да се пожустри. Како Јоноски, како Абутовиќ од Вардар. Таман работа да му дозволуваш осд секаде да те решета. Блоковите се реткост истотака. Срамота е Столе да има неколку блока, а Маркоски да не може да блокира... МОра да се стегне малце.
Столе и Миркуловски најборбени. И двајцата јадат ќотек како магариња. Како што спомнав претходно, Австријците свесно ја разредуваа одбраната и притискаа накај 10 метри, со цел да ги убрзаат нашите напади, и да не натераат да правиме грешки, затоа што освен Мирклуловски другиве никој не знае да направи влез.
Миркуловски малку се изгуби во тој период, затоа и беше пресвртот, ама после ги искина и ја доби таа симултанка. Плус Столе постигна два многу важни голови во акции со Кире. Тоа е умешноста на Кире. Скок шут, бомба шут, и одлична прегледност на играта. Светски играч.
Не ми се допадна тоа што шутна во неизградена акција на крајот. Знам дека испадна херој затоа што со тој гол победивме, ама сепак сме виделе дека таквиот избрзан шут често ни носи порази. Сепак и онака само он можеше да ја завршува таа акција
Пецаковски ме премислува, со последнава партија. Иако е перспективен шутер, сепак некако нема смисла за игра. Неколку пати во моменти кога навлегува играчи, трга на влез кој очигледно ќе заврши со пробивање, а не приметува дека крилото останува само и имаш мат ситуација ако му додадеш.
Е Прибак ова ќе го реши. Испраксиран е со Дибиров. Ќе видиме колку Манасков (пошто не верувам дека Ојле ќе заигра) ќе ги искористи тие акции.
Борко денес играч на мечот, иако и нивниот голман се шина од бранење. Над 50% имаше со одбрани

Не ми се верува дека на крај дозволивме зицер да направат, среќа Борко беше на ниво.
Лесно е да победиш кога голманот ти гази. Браво Борко!
Многу беше смешно што со 5 играчи не полнеа цело време. Нашиве покажаа дека освен 6-0 друга одбрана многу послабо играат. Малку голови примаме бидејќи многу споро играме и нападите ни траат подолго време, па нема многу време за да паднат повеќе голови, а не дека играме добра одбрана.
Кога Австрија имаше играч повеќе, како изгубени се обидувавме да притиснеме, одевме понапред, и крилата нивни ни влегуваа на шест метри и не решетаа како сакаат...
Мора да се поправиме на ова поле, пошто секој меч сме резил со играчи повеќе на теренот. Па подобро играј си лагано и кад-тад ќе утнат, отколку да ги натераме на грешки, а не сме сдобри во тоа, па примаме лесни и демотивирачки голови.
То је то, одлично помина првава фаза. Посилни одиме во втората.
Мислам дека борбата за 9-то место ни е загарантирана, бидејќи Австрија нема шанси да победи против некој друг во втората фаза. Се друго е само добивка.
Ако ништо друго нема да бидеме аутсајдери во баражот за СП. Зошто во таков случај ќе го сонувавме овој континуитет кој го имаме засега.
П.с. СУДИИТЕ СЕ ОДЛИЧНИ ЗАСЕГА
