Македонците од егејскиот дел на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата manastirli
  • Време на започнување Време на започнување
Во средината на јули 2008 година поранешниот грчки премиер Костас Караманлис изјави дека во Грција нема „македонско малцинство“, никогаш немало и секое поинакво тврдење е апсолутно неосновано и не одговара на историската реалност на регион, како одговор на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски, во кое тој настојува за признавање на „македонското малцинство“ во Грција.

Каде погреши Караманлис и Грците во нивните калкулации?

Блокирајќи го признавањето на Македонија тие самите всушност го свртија вниманието на светот кон македонското малцинство во Грција:

„Во рубриката „сите земји од светот“- во делот за Грција стои дека таму живеат нешто над 11 милиони жители. Од нив според етничката структура, 90,4 проценти се Грци. Најголемо е македонското малцинство со 1,8 проценти од вкупната популација, а помал е бројот на Aлбанци, Турци и Роми.“

Но, проф. Георге Зотиадес во 1961 година забележува дека етничката композиција значително се променила по миграциите на Турците и муслиманите од Македонија во Турција, на Албанците во Албанија и на Грците во грчкиот дел на Македонија.

Според грчките пресметки[1], на територијата на Македонија во 1912 година, бројноста на населението и етничките групи изнесувало:
Словени* – 632,600 (55.1%)
Турци – 205,900 (18.0%)
Албанци - 161,900 (14.1%)
Грци – 76,500 (6.7%)
Власи – 33,700 (2.9%)
Роми – 16,200 (1.4%)
Други – 20,400 (1.8%)
Вкупно - 1,147,200 (100.0%)

* Не треба да објаснуваме што подразбирале Грците под терминот “Словени“ – Македонци кои го сочинувале убедливото мнозинство како и денеска.

Не им помогна ниту злогласниот закон број 2366 од 7 септември 1938 година со кој се забрануваше говорење на приватни и јавни места на “словенскиот дијалект“.

Според јазичната композиција претставена од страна Меѓународниот Центар за Истражување на двојазичноста [2], на Универзитетот во Лавал, во 1984 година, на страна 289 во графата за македонски јазик, означена со жолта боја од наша страна, стојат следниве податоци:

Македонски јазик
  • Година 1978
  • 165.060 Македонци
  • Област: Македонија (грчкиот дел), регионите на градовите Лерин, Костур, Воден, Кукуш, Серес, Драма и Кавала и регионите на реките Вардар,Струма и Места.
Меѓу другото, да ги спомнеме и следниве бројки:
  • 1978 год. Албанци: 450.000 ( Северен Епир - Чемерија)
  • 1977 год. Турци: 101.000 (регион Западна Тракија)
  • 1981 год. 7.400 Бугари + 35.000 Помаци-муслимани = вк. 42.400 кои говорат на Бугарски. (Тракија)
До 1981 година постои евидентирано 760.000 НЕ-Грчко население во северниот дел на денешна Грција, областите на Чемерија-Македонија-Тракија.
Сега можеби е појасна паранојата на господинот Караманлис и останатите грчки политичари кои се трудат да ги сокријат овие податоци.

„Дали веќе е Грчки, денеска, Солун? На новите мапи, секако; Во боите на куќите и на уличните знаци, да.
Но, дали и во другите делови?
Во своето срце
градот не е и никогаш не бил грчки ... Ова е меѓународен град пар екселанс. Или, поточно, денационализиран град. Дури и по неговото анексирање кон Грција, Грците во Солун се само делче, па не е ниту ни најголемото, од неговите жители.“
[3]

Извори:
[1] „Ethnic Groups and Population Changes in twentieth century Central-Eastern Europe” by Piotr Eberhardt, page 132, Table 6.13.
[2] Linguistic Composition of the Nations of the World: Europe and the U S S R” By Heinz Kloss, Grant D. McConnell, International Center for Research on Bilingualism, Published by University Laval, 1984, pages 281, 283-292
[3] „Dalla Serbia invasa alle trincee di Salonicco” pages 113-114, A. Fraccaroli (Milan, 1916)

http://macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/opropaganda/514-2011-03-05-03-30-21
 
Знаме на батајлонот "Гоце"

%25D0%2597%25D0%25BD%25D0%25B0%25D0%25BC%25D0%25B5.jpg
%25D0%2597%25D0%25BD%25D0%25B0%25D0%25BC%25D0%25B5%2B-%2B%25D0%2591%25D0%25B0%25D1%2582%25D0%25B0%25D0%25BB%25D1%2598%25D0%25BE%25D0%25BD%2B%25D0%2593%25D0%25BE%25D1%2586%25D0%25B5.png

Слика на знамето и реконструкција

Знаме на леринско-костурскиот баталјонот популарно наречен "Баталјон Гоце" во чест на Гоце Делчев. Формиран е на македонскиот национален празник 2 август 1944 година во Грција. На почетокот броел 400, а подоцна дури 1500 борци.

Баталјонот бил вклучен во грчкото национално-ослободително движење ЕЛАС и учествувал во операциите за ослободување од германците.

Во октомври 1944 година поради недоразбиње со раководството на ЕЛАС баталјонот преминува во вардарскиот дел на Македонија и се става под команда на тогашниот Главен штаб на партизанските одреди на Македонија. На 18 ноември 1944 година влегува во состав на новоформираната Прва егејска бригада во Битола.

Знамето е изработено од свила од жените на костурското село Дмбени (?) . Денес се чува во семејството Шалваринови.
 
Павлос Воскопулос е паметен човек. Ова може да му се признае. Инаку не е во право, дека само во Република Македонија се изучува ромски јазик. Во Бугарија исто така се учи. За другите земји не знам како е.
 
Во средината на јули 2008 година поранешниот грчки премиер Костас Караманлис изјави дека во Грција нема „македонско малцинство“, никогаш немало и секое поинакво тврдење е апсолутно неосновано и не одговара на историската реалност на регион, како одговор на писмото на македонскиот премиер Никола Груевски, во кое тој настојува за признавање на „македонското малцинство“ во Грција.

Каде погреши Караманлис и Грците во нивните калкулации?

Блокирајќи го признавањето на Македонија тие самите всушност го свртија вниманието на светот кон македонското малцинство во Грција:

„Во рубриката „сите земји од светот“- во делот за Грција стои дека таму живеат нешто над 11 милиони жители. Од нив според етничката структура, 90,4 проценти се Грци. Најголемо е македонското малцинство со 1,8 проценти од вкупната популација, а помал е бројот на Aлбанци, Турци и Роми.“

Но, проф. Георге Зотиадес во 1961 година забележува дека етничката композиција значително се променила по миграциите на Турците и муслиманите од Македонија во Турција, на Албанците во Албанија и на Грците во грчкиот дел на Македонија.

Според грчките пресметки[1], на територијата на Македонија во 1912 година, бројноста на населението и етничките групи изнесувало:
Словени* – 632,600 (55.1%)
Турци – 205,900 (18.0%)
Албанци - 161,900 (14.1%)
Грци – 76,500 (6.7%)
Власи – 33,700 (2.9%)
Роми – 16,200 (1.4%)
Други – 20,400 (1.8%)
Вкупно - 1,147,200 (100.0%)

* Не треба да објаснуваме што подразбирале Грците под терминот “Словени“ – Македонци кои го сочинувале убедливото мнозинство како и денеска.

Не им помогна ниту злогласниот закон број 2366 од 7 септември 1938 година со кој се забрануваше говорење на приватни и јавни места на “словенскиот дијалект“.

Според јазичната композиција претставена од страна Меѓународниот Центар за Истражување на двојазичноста [2], на Универзитетот во Лавал, во 1984 година, на страна 289 во графата за македонски јазик, означена со жолта боја од наша страна, стојат следниве податоци:

Македонски јазик
  • Година 1978
  • 165.060 Македонци
  • Област: Македонија (грчкиот дел), регионите на градовите Лерин, Костур, Воден, Кукуш, Серес, Драма и Кавала и регионите на реките Вардар,Струма и Места.
Меѓу другото, да ги спомнеме и следниве бројки:
  • 1978 год. Албанци: 450.000 ( Северен Епир - Чемерија)
  • 1977 год. Турци: 101.000 (регион Западна Тракија)
  • 1981 год. 7.400 Бугари + 35.000 Помаци-муслимани = вк. 42.400 кои говорат на Бугарски. (Тракија)
До 1981 година постои евидентирано 760.000 НЕ-Грчко население во северниот дел на денешна Грција, областите на Чемерија-Македонија-Тракија.
Сега можеби е појасна паранојата на господинот Караманлис и останатите грчки политичари кои се трудат да ги сокријат овие податоци.

„Дали веќе е Грчки, денеска, Солун? На новите мапи, секако; Во боите на куќите и на уличните знаци, да.
Но, дали и во другите делови?
Во своето срце
градот не е и никогаш не бил грчки ... Ова е меѓународен град пар екселанс. Или, поточно, денационализиран град. Дури и по неговото анексирање кон Грција, Грците во Солун се само делче, па не е ниту ни најголемото, од неговите жители.“
[3]

Извори:
[1] „Ethnic Groups and Population Changes in twentieth century Central-Eastern Europe” by Piotr Eberhardt, page 132, Table 6.13.
[2] Linguistic Composition of the Nations of the World: Europe and the U S S R” By Heinz Kloss, Grant D. McConnell, International Center for Research on Bilingualism, Published by University Laval, 1984, pages 281, 283-292
[3] „Dalla Serbia invasa alle trincee di Salonicco” pages 113-114, A. Fraccaroli (Milan, 1916)

http://macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/opropaganda/514-2011-03-05-03-30-21

Исто од Македонска искра:

„Дали веќе е Грчки, денеска, Солун? На новите мапи, секако; Во боите на куќите и на уличните знаци, да.
Но, дали и во другите делови?
Во своето срце градот не е и никогаш не бил грчки ... Ова е меѓународен град пар екселанс. Или, поточно, денационализиран град. Дури и по неговото анексирање кон Грција, Грците во Солун се само делче, па не е ниту ни најголемото, од неговите жители.“

Всушност, според некои извори, во Солун најбројни биле Евреите, а градот бил нарекуван „Мајка на Израел“. Грци имало малку, ама нивниот број, се разбира, се поправил по балканските војни. Мене ме интересира дали некој знае колкав бил бројот на Македонците во овој град? Секако биле повеќе од Грците. Дли биле побројни и од Евреите?
 
Според проценките од разни извори во втората половина на 19 век Солун броел околу 120 илјади од кои секако Евреите биле најбројни (60 000). Останатото население го сочинувале Турци (околу 30 илјади од кои еден дел биле всушност исламизирани Евреи), Грци (10 - 15 илјади) и Македонци (10 - 15 илјади).

Грците во Егејска Македонија особено во делот од Солун преку Халкидики, Серез, Драма до Кавала биле во најголем број доселени од Мала Азија и островите во текот на 18 и првата половина на 19 век. Според Феликс Божур, патешественик и француски конзул во Солун во периодот 1800-1817, во првата половина на 18 век во Кавала воопшто немало Грци додека познато е дека пред почетокот на Балканските војни нивниот број е значителен. Графата Грци во Егејска Македонија секогаш вклучува и значителен број гркофили-Власи кои се доселиле овде после разурнувањето на Москополе.

Така што, она што може да се смета донегде "автохтоно" грчко во Егејска Македонија се ограничува на неколку десетици илјади население по средниот и долен тек на Бистрица и западното крајбрежје на Солунскиот залив. Имајќи ја впредвид топонимијата прашање е колку е и тоа "грчко".
 
Грците во Егејска Македонија особено во делот од Солун преку Халкидики, Серез, Драма до Кавала биле во најголем број доселени од Мала Азија и островите во текот на 18 и првата половина на 19 век. ...

интересно, кој ги доселил тие грци?
какви грци биле тие во време кога никој на светот немал поим за збор хелени-хелада и грци-грција?
какви грци биле тие кога мајчиниот јазик им бил-турски?

зошто турците би доселувале грци (непријатели) во тие подрачја, кои се главни региои за производство на храна и важни пристаништа?
зошто дури и ден денес, ако прошеташ низ селата околу Керкени (споменатите обласи), ќе најдеш грци кои зборуваат турски?
зошто тие грци имаат виткани коси, се темномурести и со мустаќи по турски?

дали сите турци биле муслимани или имало и христијани меѓу нив?

дали православните турци се всушност посочените грци?

што е со поимот Ромеи, Пулески 100-на год. по тоа кажува дека тие се нарекувале Уруми, никаде кај него нема збор Хелада, Грција?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom