Македонците наjрелигиозни во Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Баш оти на форумов има еден куп атеисти.....................то е најголем доказ дека Македонците не се најрелигиозни......како само не се сетив на нештово.
 
Да, и мене ми требаше доказ за да сфатам колку сте сите лесно умни и верувате на се и сешто од новини и медиуми:cool:
Западна Европа е 20 пати порелигиозна отколку една Македонија.Сакаш да кажеш дека едни Македонци се порелигиозни од Ирци, Англичани, Германци, Италијани и други народи?Тоа што ние христијанството го славиме комунистички колку само да се собереме на празници и да се изнапиеме и пукаме петарди незначи и дека сме религиозни.Кога би биле религиозни на друг начин би фукнционирале.

Јас за многу работи се сложувам со тебе, но религиозната западна Европа е смешна теорија. Живеев во Гетеборг, Швеѓаните ги боли онаа работа за рисјанството. Англичаните религиозни? :icon_lol:

Ирците? Нивна религија е алкохолот. Италијаните се лицемерно религиозни, никој не е практикува двоен морал како нив. Кај нив папството е туристичка атракција.

Се во се, религијата е една несреќа на човештвото, која за среќа е на умирање, само ние овде ја воскреснуваме и ги дебелееме свињите од типот на Стефан. Македонскиот народ се дави во една форма на тупа религиозност и глупаво суеверие...
 
Тоа е заради повеќе фактори.

Фактор 1 - Проблемот на неоделивоста на религијата со етничката определба. За жал, кај нас, ако си Македонец, директно те сметаат за Православен Христијанин, ако си Албанец директно си Муслиман. И луѓето, кога ќе ги прашаат што религија се, кажуваат автоматски православни, само да не испаднат помалце Македонци од тие православните.

Фактор 2 - Махиналното одговарање за религиозноста, само зашто родителите биле/се религиозни. Повеќето од луѓето, од мали се определени дека се со таа религија и мислат дека ако кажат дека не се религиозни, ќе бидат не сакани од нивните родители и така не им одаваат почит како родители.

Фактор 3 - Стравот од општеството дека како атеист ќе те сметаат за помалце морален човек. Така луѓето се приврзуваат со декларирањето на религијата, само да не бидат обележани од општеството како помалце морални луѓе од нив, религиозните.
 
Доста чудна ми е оваа статистика.
Како прво, анкетирале мал број на луѓе, како второ си има државни пописи кои водат статистика за религиозност, како второ ја нема Норвешка меѓу најнерелигиозните нации иако 60% од населението се атеисти.
Како трето и најважно, сигурен сум дека Турција е далеку порелигиозна нација од нашата, не знам дали била вклучена во анкетата.
 
Ма каво религиозни бреееее! Шител пак лаже :LOL:
 
Можда сме најрелигиозни, ама затоа сме најмизерна земја.

Општо познато е дека во сиромашните земји најголем прогрес имаат:
- Банките;
- Лотаријата;
- Религијата;
 
jа спомнуваат Галуп Интернеjшенел ама на нивниот саjт не наjдов ништо

Па? Знаат дека рисјаните нема да се бунтоваат, да поверуваат без да видат. Што дека не постои, а? :icon_lol:
 
Можда сме најрелигиозни, ама затоа сме најмизерна земја.

Општо познато е дека во сиромашните земји најголем прогрес имаат:
- Банките;
- Лотаријата;
- Религијата;
Останува уште да ги обвиниме Евреите и масоните за светски заговор против Македонија и против Македонците:sneaky:
 
Можда сме најрелигиозни, ама затоа сме најмизерна земја.

Општо познато е дека во сиромашните земји најголем прогрес имаат:
- Банките;
- Лотаријата;
- Религијата;

И спортот (за жал, навивањето, не спортот ко спорт), т.е. идентификување „преку нешто“ со нацијата, а.к.а. Гоцева раса.
 
Во Саудиска арабија според закон е забрането да не си муслиманин како е можно они да не се најрелигиозна нација ?
 
Во Саудиска арабија според закон е забрането да не си муслиманин како е можно они да не се најрелигиозна нација ?

Уште неколку милиони години тектонски пореметувања, и може ќе се интегрираат и географски во Европа.
 
Јас за многу работи се сложувам со тебе, но религиозната западна Европа е смешна теорија. Живеев во Гетеборг, Швеѓаните ги боли онаа работа за рисјанството. Англичаните религиозни? :icon_lol:

Ирците? Нивна религија е алкохолот. Италијаните се лицемерно религиозни, никој не е практикува двоен морал како нив. Кај нив папството е туристичка атракција.

Се во се, религијата е една несреќа на човештвото, која за среќа е на умирање, само ние овде ја воскреснуваме и ги дебелееме свињите од типот на Стефан. Македонскиот народ се дави во една форма на тупа религиозност и глупаво суеверие...
Затоа денес Католиците и Протестантите во Северна Ирска се тепаат како магариња, затоа што на Ирците не им е битна религијата;)
Ирците баш имаат огромен наталитет дека католицизмот е многу јак таму.
Како што има кај нас секакви така има и кај нив секакви, но нив тоа не ги прави помалку патриоти, религиозни и останато.
Америка и ден денес е силно поделена на религиозна поделба.
Ти можеш да збориш за Шведска , но не и за другите.И, во Шведска не верувам дека баш не ги боли папокот за рисјанството.Тоа што си атеист и си пристрасен е друга работа.
Ние не сме ништо помалку религиозни од останатите дури и сме многу понерелигиозни од другите.Доволен доказ ти е и форумот каде што 90% се анти христијани.

Во Западна Европа девојките се каде-каде почесни и подостоинствени од Македонките баш поради таа религиозност.Немој да ме убедуваш дека не е така.
И, не само затупени, необразовани се верници.Имаш еден куп доктори, физичари, научници, музичари што се верници;)
Религијата изумира во Европа, а додека во другите делови на светот константно расне.
--- надополнето: 30 јули 2012 во 18:19 ---
И спортот (за жал, навивањето, не спортот ко спорт), т.е. идентификување „преку нешто“ со нацијата, а.к.а. Гоцева раса.
Значи Англичаните, Шпанците, Италијаните, Французите се затупавени и далеку посиромашни од нас, затоа што се напалени на навивањето?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom