V
Vollstandig
Гостин
НА ВОДИЦИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ЧЕКАШЕ ТРИ ЧАСА
На гиро во Солун
Мешаниците почнале уште во саботата, но на Водици границата кон Грција ја поминале дури 5.000 македонски државјани
Наместо со топла ракија и со посна трпеза на Водици, според православните обичаи, илјадници Македонци го прославија традиционалниот празник во Грција со "узо", гиро, суфлаки. Граничниот премин Богородица завчераутро беше затнат од колони возила кои трпеливо чекаа по неколку часа да ја преминат границата.
"На секој празник, било верски било државен, е вака", вели граничната полиција. Цариниците додаваат дека ден пред празник и тие и нивните грчки колеги се подготвуваат за празничната навалица, но кога ќе се формира долга колона, чекањето за излез и влез во земјата е неминовно оти толкав е капацитетот на смената и на електронскиот систем.
Мешаниците почнале уште од саботата, кога на Богородица границата ја поминале 3.202, но кулминирала во средата кога, според податоците на граничната полиција, кон Грција се упатиле дури 5.000 македонски граѓани. За влез се чекаше до три часа. Некои од возачите губеа трпение, па имаше и меѓусебни кошкања.
"Меѓу Охрид и Солун, сепак, го одбравме Солун. И заради прошетката покрај море, но и заради големите попусти и задоволството што се вика шопинг, оти кај нас божем има попусти, ама како да ги нема, а и понудата е никаква. И покрај снижените цени во Охрид за Водици, убеден сум дека и рестораните и таверните во Солун се поевтини", вели еден скопјанец што чекаше во редицата за влез во Грција со целото семејство.
Сепак, на прашањето што планираат да ручаат во Солун, повеќето нашинци одговараа гиро или суфлаки, чија цена се движи од две до три евра во строгиот центар на градот. (В.К.)
Превземено од вест.ком.мк
Ете ја причината зошто грција секогаш не турка на најдолно ниво. Имаме толку макеоднски градови кај шо е евтино, и се останато, ама мора да е грција и да е поскапо. Грција гирото било 2 евра, и незнам колку а истата цена за гиро во битола е 2 евра, и има толку многу таверни и ресторани за прослава , само проблемот е шо нашите ресторани стоеја празни а грчките полни.
Македонски патриотизам...my ass