Maкедонци на гиро во солун

  • Креатор на темата Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување Време на започнување
V

Vollstandig

Гостин
НА ВОДИЦИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ЧЕКАШЕ ТРИ ЧАСА

На гиро во Солун

Мешаниците почнале уште во саботата, но на Водици границата кон Грција ја поминале дури 5.000 македонски државјани

Наместо со топла ракија и со посна трпеза на Водици, според православните обичаи, илјадници Македонци го прославија традиционалниот празник во Грција со "узо", гиро, суфлаки. Граничниот премин Богородица завчераутро беше затнат од колони возила кои трпеливо чекаа по неколку часа да ја преминат границата.
"На секој празник, било верски било државен, е вака", вели граничната полиција. Цариниците додаваат дека ден пред празник и тие и нивните грчки колеги се подготвуваат за празничната навалица, но кога ќе се формира долга колона, чекањето за излез и влез во земјата е неминовно оти толкав е капацитетот на смената и на електронскиот систем.
Мешаниците почнале уште од саботата, кога на Богородица границата ја поминале 3.202, но кулминирала во средата кога, според податоците на граничната полиција, кон Грција се упатиле дури 5.000 македонски граѓани. За влез се чекаше до три часа. Некои од возачите губеа трпение, па имаше и меѓусебни кошкања.
"Меѓу Охрид и Солун, сепак, го одбравме Солун. И заради прошетката покрај море, но и заради големите попусти и задоволството што се вика шопинг, оти кај нас божем има попусти, ама како да ги нема, а и понудата е никаква. И покрај снижените цени во Охрид за Водици, убеден сум дека и рестораните и таверните во Солун се поевтини", вели еден скопјанец што чекаше во редицата за влез во Грција со целото семејство.
Сепак, на прашањето што планираат да ручаат во Солун, повеќето нашинци одговараа гиро или суфлаки, чија цена се движи од две до три евра во строгиот центар на градот. (В.К.)

Превземено од вест.ком.мк

Ете ја причината зошто грција секогаш не турка на најдолно ниво. Имаме толку макеоднски градови кај шо е евтино, и се останато, ама мора да е грција и да е поскапо. Грција гирото било 2 евра, и незнам колку а истата цена за гиро во битола е 2 евра, и има толку многу таверни и ресторани за прослава , само проблемот е шо нашите ресторани стоеја празни а грчките полни.
Македонски патриотизам...my ass
 
Mладината е предавнички настроена

п.с. пак некој нека рече дека македонците немале пари гркланот ке му го исечам .
 
младината е предавнички настроена
п.с пак некој нека рече дека македонците немале пари гркланот ке му го исечам .
Македонците немаат пари.Значи, да резимираме.
Македонија има 2 милиони луѓе.
На граничниот премин имало 5000 луѓе.
Тоа значи дека Македонците имаат пари.
Брилиант.
 
Македонците немаат пари.Значи, да резимираме.
Македонија има 2 милиони луѓе.
На граничниот премин имало 5000 луѓе.
Тоа значи дека Македонците имаат пари.
Брилиант.

дојди пред рамстор .
 
сезона на попусти беше(и уште е) не им е ради гирото
 
"Меѓу Охрид и Солун, сепак, го одбравме Солун.

Јас меѓу Охрид и Грозни би го избрал Грозни. Полоши луѓе од Охриѓани реткко се наоѓаат.

--- надополнето ---

дојди пред рамстор .
Зошто да дојдам пред Рамстор? Ти дојде пред влада кога протестираа тутунарите? Се бореше на фронт 2001ва? Гласаше за реферндумот 2004та? Јас го напрвив тоа... Ама нема гајле, кажи ми што има пред Рамстор ќе дојдам зошто да не.
п.с. Рамстор е Турско.

--- надополнето ---

Наместо со топла ракија и со посна трпеза на Водици, според православните обичаи
Или со тепање за тоа кој да го земе крстот па попот викаше немојте, смирете се... Бре, ова текстов кој го пишувал еј, јас кога постам за Велигден ме гледаат ко да сум луд, сега наеднаш цела Македонија пости.
 
Кој каде сака ќе си оди. Демократија е и секој си има право на избор, е сега кој колку има развиена национална свест зависи од поединецот. Лично јас лани бев многу поголем патриот отколку годинава. Причина за тоа е лошата економска состојба на земјава и политичарите кои што си ја немаат сфатено сериозно улогата што ја имаат. Во нашава земја нема политичари во вистинска смисла на збор.
 
Си начекав неработен ден за верски празник (кој не го славам бидејќи сум атеист) и си отидов за Солун. Попусти има сега после 15ти јануар, нормално дека ќе одам во Солун. Си земав убава јакна за 120 евра, а тука асална јакна под 200 евра нема да најдам. Којзнае и дали ќе најдам нешто асално. Сеа некој ќе ми рече за 80 евра сум го продал газот на Грците, ќе ме викаат предавник, партиски војник на СДСМ или којзнае уште како. Гајле ми е право да ви кажам.

Иначе имаше доста сељачишта што не им се чекаше ред, па пробуваа преку ред да идат, да се убацуваат у колона, па за малце ќе дојдеше до судари, па после имаше карање, фалеше уште и да се истепаат како некоја стока.
 
[/COLOR]
Зошто да дојдам пред Рамстор? Ти дојде пред влада кога протестираа тутунарите? Се бореше на фронт 2001ва? Гласаше за реферндумот 2004та? Јас го напрвив тоа... Ама нема гајле, кажи ми што има пред Рамстор ќе дојдам зошто да не.
п.с. Рамстор е Турско.

Па веројатно за да ти го пресече гркланот:)

тој напиша: „п.с пак некој нека рече дека македонците немале пари гркланот ке му го исечам “ па ти се јави прв и затоа те бара да одиш пред рамстор, ако си маж, коа си се фатил на орото играј до крај...
 
ВТФ?
 
Еми нека одат. Сами си заработиле парите. Ќе си ги трошат како што им се допаѓа.
 
Јас меѓу Охрид и Грозни би го избрал Грозни. Полоши луѓе од Охриѓани реткко се наоѓаат.

--- надополнето ---

Зошто да дојдам пред Рамстор? Ти дојде пред влада кога протестираа тутунарите? Се бореше на фронт 2001ва? Гласаше за реферндумот 2004та? Јас го напрвив тоа... Ама нема гајле, кажи ми што има пред Рамстор ќе дојдам зошто да не.
п.с. Рамстор е Турско.

--- надополнето ---

Или со тепање за тоа кој да го земе крстот па попот викаше немојте, смирете се... Бре, ова текстов кој го пишувал еј, јас кога постам за Велигден ме гледаат ко да сум луд, сега наеднаш цела Македонија пости.

Јас напишав кој ке рече дека немаат македонците пари ке му го исечам гркланот ,ти се направи фраер и ми напиша прв дека македонцие нема пари .
Може да си учествувал во војанта иако не верувам дека си толку стар,си протестирал пред валада со тутунарите знали си забеган бидејки гледаш политика а не тутунот .
Кога веке сме кај тоа колку сме храбри сигурно нема- направено толку деликвенски работи колку јас .
п.с мака ми е што не отидов да ги сомелам илирија а толку имав кејф .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom