Во моментов ми е мака за неколку работи и сето ова многу ме растажува...Како прво огромна иронија е тоа што моето најсакано друштво ми е во Србија...Мојата најдобра другарка ми е во Београд, а машкото друштво во Нови Сад...Си замислувам како сме сите заедно и се дружиме, излегуваме, се зезаме итн...
Не постојат такви ликови во градов што можат да ми ги заменат нив...Најискрено кога сум со нив заборавам на све ружно и си поминувам најубаво на свет...Ако сум во Београд кај другарка ми, по цел ден се шетаме, одиме на сладолед, готвиме заедно, се шминкаме, дотеруваме, излегуваме по клубови, спиеме до касно, се зезаме или пак со саати си збориме за све што ни се случувало...
Другарите од Нови Сад ми се посебна приказна (петорица се, а тројца од нив се помали од мене)...Во животов не сум видела пооткачени ликови (во позитивна смисла се разбира)...Ги сакам многу и ми фалат сите. Ми фали нивниот хумор, кој честопати ги поминува сите граници, нивните вицови, заедничките излегувања навечер и ми фали чувството кога седам со нив и се зезаме и јадеме заедно...Не знам зашто ама во животов најдобро ми иде кога се дружам со ликови од спротивен пол (никогаш не се љубоморни и зајадливи и прават да се осеќам посебно во нивно друштво...)
Од друга страна генерално ми смета што за многу машки кога ќе помислам дека ми се добри другари, покасно ќе установам дека ме гледаат како повеќе од другарка...Од другарите во Н. Сад можам со сигурност да кажам дека 4 од нив петтина не ме погледнале со други очи, а тој петтиот е исклучок и затоа го зезаат многу ради тоа...

Исто ми е по малку мака што луѓето со кои бев многу блиска тука во градов ги исфрлив од животов без некоја посебна причина (ме потсеќаа на моменто од мојот живот што ми се непријатни и болни)...Не е фер знам, али најдобро така...
И за крај мака ми е што понекагаш се осеќам осамена заради горенаведените работи

али јас сакам така и честопати сум си доволна самата на себе(кога ќе ми текне дека друштвото ми е во друга држава)...