Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Ах макаа голема ..снегов ме распукна значи не престанува да врне дома ќе треба да седам го натрупа до колена и малце да се смирам да се релаксирам на кајгана кога што да видам и овде врне it`s too much I can`t take it anymoree....
 
Од најубав, денов најсрање стана.

Мака ми е од снеџиштево глупо, шо кај и да си, те прает ко отцепен од цивилизација да си. Мака ми е од „агилноста“ на Македонија Пат, зашто благодарение нивно, сат и пол возев од Ново Лисиче до Кисела Вода и назад.

Мака ми е шо требит пак вечер да ја чистам колата - и то во најдобриот случај - ако супеам да ја извадам и да излезам. Заш, можда вработенине во Македонија Пат имаат седнато Шехерзад да ја гледат, па са забореле да са опулат низ џам, да видат дека врнит.

19.12.2009 - Македонија ја победува шенгенската бариера и добива визна либерализација, со што е на чекор поблиску до ЕУ.
19.12.2009 - Македонија нема резерви на песок и сол за патиштата.
 
Мака ми е од дождов..
и од моиве што ја пратат Шехрезад
како и од Македонија Пат за брзата интеревенција на патот Охрид Струга
 
Како да не ми е мака, се јавувам на еден вол за нова година за стан вика нема проблем средено е денес требаше да идам да го видам станот вика еј дечко го издадовме станот и ај сеа како да не ми е мака АААААААААА мамето на таквите луѓе..
 
muka mi e ot ZeroStyle.dusata mi ja izvadi i namaci :(
nogu golem klosar e hehehe (negova zelba bese ova)
ete serce hehehhee
 
Е мн. е мачно да си нов член на кајгана, па неможеш да се снајдеш ... А да не збориме колку е тапа тоа шо незнам да проценам луѓе, што секој ден, сите ми се различни, што се наоѓам во години коа расположението ми е ептен променливо. Ми се превртува желудинкот коа гледам како сите си се праат другарчиња меѓу себе а уствари се утепуваат од јадење г**** едни за други.
 
Ajде, сезоната на маките за 2010 е започната, дури на 7ми јануари.Којзнае каква ќе ми биде тогаш годинава..

Мака ми е од тоа никој да не ме сфаќа и да ги нарекуваат моите важни работи во животот - ситници и глупости
Мака ми е што не ме сфаќаат сериозно дури ни најблиските, и место тоа ми се смешкаат во фаца.
Мака ми е што помислив дека почетокот на годинава ќе биде убав, кога воопшто не е..
Мака ми е што цело време се убедував дека работите ќе ги средам(средиме), а не дека ќе дозволи некој да бидат средени сами од себе..
Мака ми е што мислат некои личности, дека со "давање" време, ќе направат да заборавам некои работи..
Мака ми е што морам секогаш да бидам насмеана, а внатре срцето ми се пара..
Мака ми е што и тој што го чита овој пост сега се смешка и вика ќе и` помине..(кога нема!)
Мака ми е што морам секој ден да се справувам со инатот и со гордоста пак добивајќи ништо..
Мака ми е што воопшто имав надеж за нешто убаво..
Мака ми е што ме остави сама да се борам..
 
Мака ми е што цел ден за се нешто ми е мака :toe:
 
Мака ми е шо е далеку од мене и шо не е со мене секогаш кога ми треба, во секој момент!
 
Мака ми е кога ќе видам некој убав дечко со грда девојка!
 
Мака ми е што веќе 10 минути чекам да ми заѕвони ѕвончето на врата за да се видам со драга личност
Мака ми е што кога куцам на тастатура (односно кога седам пред пц) десната рака секогаш ми е ладна (па и сега).
Мака ми е што сабајле се влечев до лекар само за да ми кажат дека докторката денес не била на работа, иако сама ми рече во петок да идам на контрола.
Мака ми е што имам испиено само едно кафе денес, а дефинитивно имам потреба од уште најмалку 3.
 
Мака ми е кога ми текне дека не знам што да правам, а уште по мачно ми е коа ми текне дека ништо од плановите не сакам да реализирам за вечерва хаха
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom