Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Мака ми е кога треба да станам у 7 за на факултет а сум легнал у 5 сабајлето зашо сум се забораил од читање на кајгана.. немате претстава колку е мачно да стануваш посабајле ЦЕЛ МЕСЕЦ а спиен си само некои 2 3 саати.. после цел ден ти е мака невидена...
 
Мака ми е што укакав и сега не знам што да правам, мака ми е што во очите видов колку повредив со мојата идиотска логика, мака ми е што знам дека боли, а што не знам како тоа да го поправам... За мене гајле ми е, нека ме боли, мазохист сум... Нејзе не сакам да ја боли... Погледот само ми предизвика бура од мачнина, јад, бес, лутина кон сама себе... И не беше лута, не... Само ја болеше...
Мака ми е што сум идиот бе! Е тоа ми е мака!
Дечко, ти со брадата, извини, сакам да си порачам нова личност за себе и десетка со кромид за комшиите! Сакам да си порачам ново минато за себе и три пива! И флаша вино и едно узо!
Мака ми е! Да знаеш само колку!
 
Мака ми е прибидејќи ќе морам утре да идам на пракса(планот ми се поремети :( ) :tapp: а ме мрзи да учам :nerv:
 
Мака ми е... Ме боли главата...Се прибрав у 6 ипол сабајле и го преспав цел ден. Ептен ми е мака.
 
Мака ми е од монотонијава во градов, особено навечер.
Мака ми е од умарачи, манипулатори, досадни ликови...
Мака ми е што касно ги увидувам последиците од работи што сум ги згрешил.
Мака ми е од Цедевитана од протокал која веќе со недели ја пијам а никако да ја испијам.
Мака ми е што нема ништо на ТВ баш кога јас ќе се решам да го фатам даљинското...
Мака ми е што не знам од што точно ми е волку мака!
 
Мака ми е....се нервирам...........не знам што ке се деси со тој испитот...толку ли мене не ме бива или и до неа е нешто?
 
Мака ми е што се чувствувам дека целиот ентузијазам и целата мотивација за учење ми отидоа во бестрага!
 
Се случува и неколку пати на ден да поминам низ дворот од болница само ретко кога влегувам внатре. Денеска влегов и издржав машки како што и требаше, не си докажувам себеси колку сум големо и цврсто мажиште затоа што знам и дека сум, туку тоа го направив за мојата мајка која што не сакав да ме види загрижен и со тоа да биде во полоша ситуација. Лизгав коловоз сите имаа среќа во несреќа дури и мојата мајка :icon_frow, нема сериозно повредени. Душата ја вложивме.....
Ако е напукната карлицата ќе треба операција да се прави, ако е само набиена тогаш не....
Мајка ми е голем борец работи 24/7 ништо не може да ја турне. Оди на работа работи класична работа, си доаѓа дома пак работи....
Пред некоја ден додега го пазев и чував внук кај што патка затоа што има само година дена, и следува не она, не ова, не ваму, не таму. Нејзините зборови за мене беа остави го тој е како тебе се ќе искрши и се ќе исфрли. Кога го крштевавме во црква имаше голема гужва сите бебиња плачеа само тој се дереше, црквата одекнуваше од гласот негов и попот ни вика ајде првин него, преку ред само за него.....
Денес сум овде и надвор од каллта благодарение на Господ, мојата мајка и блиските, и филозофијата моја......
 
Мака ми е од некои личности за кои сега сфаќам какви се навистина.
Мака ми е од времево.
Мака ми е од учење.
Мака ми е од главава, не престанува да боли.
И за крај, мака ми е од животов.
 
Мака ми е од УЧИЛИШТЕТО наредната недела има да не скинат од испитување и тестови!!:nesvest:
 
Мака ми е што сум растргнат на сто страни и што не знам кој пат да го фатам!
Мака ми е што имам време за се, а толку лошо го планирам последниве денови што не ми останува време за ништо!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom