Немој да се плашиш ми вели, се насмеав. Еј се смеам на стравот како емоција.
Последниот пат кога пишував на темава ти пишав друже дека често те сонувам, ама ни гробот не знам кај ти е, па ниту свеќа ти имам запалено.
Гробот сеуште не знам кај ти е, ама свеќа ти запалив во црквата.
Те нема во последно време во моите соништа.
Ајде те чекам вечер кога ќе заспијам да те видам. Ако се бунам дека ќе дехидрирам во сон од солзите мои кои што течат, искрено не ми пречи, се додека сме среќни јас и ти во тој сон.
Дојди ќе играме покрај бандера со скокалина како кога бевме деца, јас, ти другите сите. Ќе ти дозволам да ме победиш, на никој друг нема да му го дозволам тоа само тебе.
Ако сакаш ќе играме и баскет, ќе бидам малку понастрана од кошот, затоа што од мене нема да можиш топка да дофатиш. Само немој фудбал, знаеш дека сум тапа за фудбал.
План, мижитатара што сакаш само дојди вечер.
Моите најомилени игри ги оставам за последни партизани и германци, или каубојци и индијанци. Ќе играме со дрвени или пластични пушки, а не со вистински...
