Мајка природа

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Немам ништо против твоето размислување, уживај.Тоа е точно, да спиеш и во куќа денеска со сите овие електронски уреди вклучени е неподносливо.Ама за тоа е тука таа клима.За тоа служи таа технологија.
Па и да немаш клима еве, вака така ќе мораш да живееш зошто ако се вратиш на земјенка ќе ти се укинат многу благодети што ги имаш од еден стан, како на пример хигиената.А ако не држиш хигиена тука е ризикот од фаќање на разноразни болести што на еден начин значи и кратење на животот.Станот си има многу предности.Сега становите со автомобилите немаат никаква врска, тука правиме муабет за тоа кој е најголем загадувач на природата а ако ги споредиме автомобилот со уредите во станот што ги имаш тоа е како да споредуваш мравка со слон.

Џабе ти технологија на клима ако немаш пари да ја купиш или платиш сметката за струја така или не? Не можат сите финансиски да си дозволат клима дома во станот. И сето тоа благодарение на технологијата во која спаѓаат и парите.

Е сега луѓето некогаш што живееле во земјенки не биле ни шугави ни мутави, знаеле како да си држат хигиена, па и сите шампони пасти за заби сапуни средства за чистење се на база на тревки херба плус некои опасни хемикалии. Си знаеле луѓето која тревка за што е.
 
Добро, затоа реков дури и да немаш клима, ти пак имаш корист од станот и апаратите во тој стан.Сакаш да ми кажеш дека ти хигиена и правилна исхрана како што одржуваш денес, ќе одржуваш на исто ниво и во земјенка?
 
Џабе ти технологија на клима ако немаш пари да ја купиш или платиш сметката за струја така или не? Не можат сите финансиски да си дозволат клима дома во станот. И сето тоа благодарение на технологијата во која спаѓаат и парите.

Е сега луѓето некогаш што живееле во земјенки не биле ни шугави ни мутави, знаеле како да си држат хигиена, па и сите шампони пасти за заби сапуни средства за чистење се на база на тревки херба плус некои опасни хемикалии. Си знаеле луѓето која тревка за што е.
добродојде во 21 век. алелуја
патемречено кога луѓето живееја во земјенки животниот век им бил 30 години во просек.а и тогаш имало земјенки и земјенки.зависи кој колку имал сега можи не пари ама ете да речиме овци.
а и замисли ова чудото наречено модернизација и цивилизација што се има направено.наместо плитар од кал измислија армиран бетон, наместо солено месо имаш фридижер наместо крави и кози во дворот си имаш млеко тетрапак.ако те боли забот имаш забар и не одиш кај селскиот маѓепсник.ако ти треба лек не одиш кај бајачка туку во аптека итн итн. да не должам.па сега ти види кога било подобро пред 2000 години или сега.друга работа е со таа технологија од пред 2000 години како очекуваш дека ке нахраниш 6 милијарди народ.оди пробај едно нивче ископај со мотика , па потоа не му фрлај ѓубриво, носи вода со кофи уствари не тогаш немало кофи, носи со лејки и не му фрлај ич пестициди и да видиш колку ке ти излези за тебе.ако било толку убаво на село никој немаше да оди на град.тука не збораме за викен на село кај баба и дедо туку практичен живот на село како во повик на дивината.
а и впрочем секогаш можеш да се вратиш на природата само незнам колку време ќе издржиш!!!???!!
 
добродојде во 21 век. алелуја
патемречено кога луѓето живееја во земјенки животниот век им бил 30 години во просек.
Од каде таа информација? Ај види по колку години живееле познатите историски личности. Умрел некој од нив на 25-30 години?
а и тогаш имало земјенки и земјенки.зависи кој колку имал сега можи не пари ама ете да речиме овци.
а и замисли ова чудото наречено модернизација и цивилизација што се има направено.наместо плитар од кал измислија армиран бетон, наместо солено месо имаш фридижер наместо крави и кози во дворот си имаш млеко тетрапак.ако те боли забот имаш забар и не одиш кај селскиот маѓепсник.ако ти треба лек не одиш кај бајачка туку во аптека итн итн. да не должам.па сега ти види кога било подобро пред 2000 години или сега.друга работа е со таа технологија од пред 2000 години како очекуваш дека ке нахраниш 6 милијарди народ.оди пробај едно нивче ископај со мотика , па потоа не му фрлај ѓубриво, носи вода со кофи уствари не тогаш немало кофи, носи со лејки и не му фрлај ич пестициди и да видиш колку ке ти излези за тебе.ако било толку убаво на село никој немаше да оди на град.тука не збораме за викен на село кај баба и дедо туку практичен живот на село како во повик на дивината.
а и впрочем секогаш можеш да се вратиш на природата само незнам колку време ќе издржиш!!!???!!
Во тоа модерно време исто имаш и:
1) ниво на канцер најголемо досега во историјата
2) СИДА
3) биолошко оружје
4) нуклеарно оружје
5) глобално затоплување
6) дупки во озонот

Добредојде во модерното општество.
 
Од каде таа информација? Ај види по колку години живееле познатите историски личности. Умрел некој од нив на 25-30 години?

Во тоа модерно време исто имаш и:
1) ниво на канцер најголемо досега во историјата
2) СИДА
3) биолошко оружје
4) нуклеарно оружје
5) глобално затоплување
6) дупки во озонот

Добредојде во модерното општество.
александар македонски како за пример.на 31 умрел.подобар пример амин.
се зезам некаде имам читано и да и ден денес во некој зафрлени места каде се мноогу зависни од природата животниот век им е 30 години.
во минатото имаше
1 чума
2 сипаници
3 туберколоза и да не должам
замисли си го животот само без пеницилинот.умираја како муви пред тоа и тоа од обична настинка или рана која се инфицирала.
за рак можеме да дискутираме од што е и како е , ама не дека го немало и порано само разликата е што тогаш или ке умреле млади па немало да ги фати или ако подостареле ке речеле му дојде времето.смрта тогаш било нормална појава.
за оружјето што е битно од што ке загиниш, дали од мач или копје или од радијација.битно е дека ке бидиш мртов.
низ историјата имало каде каде поголеми глобални затоплувања и ладења така да можеби само живееме во погрешен момент од историјата на планетата.порано сахара била зелена и тоа долго пред да има технологија така да рачунај ти сега.
дупки во озонот, можеби има можеби нема можеби така треба можеби од секогаш си биле само немаше кој да ги измери.било како било гледам сите тие кај екваторот пошто нели најизложени се на зрачењето по некоја логика умрени се.во африка чоек нема за жив да го најдиш од тоа зрачењето.
не наседнувај на се што ти кажуваат на тв.сепак фармацевската индустрија е сепак индустрија и тоа со многу голем прилив на пари.
 
Мислам дека сега е доцна за враќање назад. Не можеме да бараме враќање на состојби стари еден век па и повеќе.Таму сме каде што сме. Наивно би било исто така, да се очекува дека во догледно време нешто би се сменило на глобално ниво. Имаме население кое е психолошки обработено, кое нема време да мисли, кое не може да мисли или најлошо, не сака да мисли. И зошто би сакало да прави нешто што друг го прави за него? Имаме навики и технологија од кои, такви какви што сме, сме премногу зависни, независно од тоа колку ни се навистина потребни.
Многумина западнале во некакво ескапистичко расположение, оти животов сега е се` само не едноставен и наивен, па годи помислата дека некогаш можело и подобро и поубаво и поедноставно да се живее. Јас не мислам така. Јас верувам дека токму денес, со целиот технолошки прогрес што е остварен имаме шанса нешто да направиме, пред се` со себе, како поединци. Иако ги земам предвид сите фактори, сепак од нас најмногу зависи што, каде и како ќе јадеме, пиеме, живееме. Значи убеден сум дека некаква алтернатива во начинот на живеење сепак е можна, и дека таа зависи од личниот избор на секоја личност. Освен ако некој мисли дека чекањето револуција е попаметна работа. А најчесто не е. Не верувам дека толпата може да прави скокови во своето напредување (иако одлично назадува во одредени сегменти), па еволуцијата некако ми се чини дека е најразумното решение.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom