Мајка природа

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Храната што ја јадеме расте на земја со помош на вода и биолошко ѓубре од нас и од другите видови на живи суштества на оваа планета. Ние сме деца на оваа планета па и во библијата симболично се споменува нашето настанување од земјата која што е дел од оваа планета. Како човештво кое што живее во индустријализирано опшество ние веќе неколку генерации сме скоро надвор од комуникација со сопствената планета, не знаеме како се одгледува храната како се употребува, немаме никаква почит ниту за растителниот ниту за животинскиот свет. Денес во денешново наше модерно варварско опшество човекот кој што одгледува храна се смета за глуп прост неук човек, па оттаму изразите сељак, овчар, орач итн. Ама се заборава едно нешто ако го нема тој човек да ја произведе храната како храна или како суровина останатите што го навредуваат и не знаат да произведуваат храна ќе умрат од глад, размислете малку за ова пред да го навредите човекот кој што ја произведува храната.
Смислено намерно се имаат создадено услови за да има миграција село-град за да се отуѓиме од природата. Па се живее во големи градови каде за дом се смета бетонска коцка наречена стан кој што пак е сместен во уште поголем објект наречен зграда. Тоа не е во ред и луѓето кои што живеат во станови длабоко во себе го знаат тоа, па за своите градини и бавчи си имаат најдено замена во саксиите со цвеќиња, за животните од фармата имаат најдено замена во домашните животни, па така папагалот ја симболизира живината, морското прасе или хрчакот вистинското прасе итн. Со тие замени за вистинското нешто луѓето очајно се обидуваат да стапат во контакт со природата затоа што тоа е природен пат.
Па денес генетски изменетата храна и клонираното месо сакаат да ни ги протуркаат под носот и пред устата со објаснување дека тоа е добро за нас. Таа храна е отров за нас, целтта на генетски изменетата храна е генетски да не измени нас, да не направи роботи, машини или послушни робови. Ако не сакате да ви се случи ова што е повеќе од сигурно држете се до традиционалната храна која што не храни нас и голем број на генерации од предци пред нас.
Туѓинци намерно сакаат да не отуѓат од нашата природна средина, од нашата планета и донекаде успеваат, не дозволувајте и понатаму да го прават тоа. Читав сторија за фармер во САД кој што е казнет затоа што немал дозвола да ја одгледува сопствената храна, која што знае дека е добра за него и неговите најблиски, ако тоа го има таму прашање е на време кога ќе дојде таа уредба и кај нас.
 
Тоа што на луѓето кои произведуваат храна се гледа од високо е резултат на медиумска лоботомија и на нашиот образовен систем кој продуцира млади,урбани,неолиберални (или конзервативни зависи по потреба) единки кои не само што се оддалечени од контакт со природата туку се странци и на самите себе...

Смислено намерно се имаат создадено услови за да има миграција село-град за да се отуѓиме од природата.

Тоа има и економска позадина,урбаното население е тотално зависно од власта и економската елита и не може да опстане без да се покори на потребите на истата таа елита.
И не само тоа и било кој занает е непостоечки по медиумите на пример,да не правиме муабет за земјоделие и сточарство...со тоа во умовите на младата популација се ствараат пожелни модели на однесување а подоцна и при бирање партнер (посебно кај женската популација) при што имаме ситуации по селава на 45 годишни луѓе кои немаат пристап до жена...

Читав сторија за фармер во САД кој што е казнет затоа што немал дозвола да ја одгледува сопствената храна, која што знае дека е добра за него и неговите најблиски, ако тоа го има таму прашање е на време кога ќе дојде таа уредба и кај нас.

Не само во САД и во други земји го има тоа...бирократите во согласност со својата паразитска природа го обесхрабруваат населението кое оди кон поголема незавсност...
 
Се се работи систематски , нема ништо случајно.
Само се е у состојба на очај , си знаат "тие" убаво.
Време му е на народот да се БУДИ .
Јас мислам дека идеме до тој момент Timewave Zero што би го нарекол Теренс Мекена .
Време е планетава да се "испосни" од сите срања што и се десија у последниве 10 000 + години .
 
Браво за темава bucio :smir:
Денес во денешново наше модерно варварско опшество човекот кој што одгледува храна се смета за глуп прост неук човек, па оттаму изразите сељак, овчар, орач итн. Ама се заборава едно нешто ако го нема тој човек да ја произведе храната како храна или како суровина останатите што го навредуваат и не знаат да произведуваат храна ќе умрат од глад, размислете малку за ова пред да го навредите човекот кој што ја произведува храната.

Убаво кажано.Па дури и да е прост,тој човек е 100 % појак и поздрав од денешниве мажи мекуши шо си мачкаат помада на раците за да им бидат нежнички,и продаваат квази интелегенција.Јас имам работено земјоделие некое време,и ќе кажам тоа е многу благородна работа.Башка да знаете дека "сељаците" имаат мн. повише пари во џеб од клошарааната у град(со исклучоци)
.
Тоа не е во ред и луѓето кои што живеат во станови длабоко во себе го знаат тоа, па за своите градини и бавчи си имаат најдено замена во саксиите со цвеќиња, за животните од фармата имаат најдено замена во домашните животни, па така папагалот ја симболизира живината, морското прасе или хрчакот вистинското прасе итн. Со тие замени за вистинското нешто луѓето очајно се обидуваат да стапат во контакт со природата затоа што тоа е природен пат.

Држи вода воа.Секој човек си има потреба од тоа да биде бар момент дел со природата.
А за генетската храна,еве знаеме дека е срање,и па купуваат луѓево.
Иначе како шо правев муабет со една фамилија шо работи земја, околу природно-неприродно,ми кажаа дека и самите семиња веке биле измелезени,па да не очекуваме којзнае што и од тоа растение.
 
Миграцијата село-град не е само македонски феномен...туку глобален,почнувајќи од „светата земја„ капиталистичка...

When World War II began, 44 per cent of Americans were rural, and over half of them farmed for a living. By 1970, only 5 per cent were on farms. Altogether, more than twenty-two million migrated to urban areas during the post-war period. If that migration were to happen in reverse today, it would be the equivalent of the present populations of New York City, Chicago, Miami, Philadelphia, Boston, and Saint Louis moving out into the countryside at a time when the U.S. population was half of its present size.

http://www.alternet.org/books/14823...ass_in_joe_bageant's_"redneck"_memoir/?page=5

Ви делува познато? :)
 
Селото му треба на градот, и градот му треба на селото - нешто што сме го учеле во прво одделение а денес ретко коj се сеќава на тоа. Значи потребно е да имаме луѓе што ќе се занимаваат со земjоделие за нормално да имаме храна (не вештачки создадена туку природна како на времето што jа произведувале нашите претци). Инаку немам ништо против селаните, супер им е (посебно на оние чии села се на планина и имаат чист воздух). Ние што живееме во Скопjе за жал сме осудени секоjдневно да голтаме кило прашина и разни отрови и сме многу подлежни на разни болести и алергии (ама пак затоа сме по-фенси и искачаме у Колосеум и си имаме Феjсбук и iPhone 4! :) ).
 
Да те пофалам и јас за темава, бравос, во целост се сложувам со тебе и мислам дека дефинитивно сме оттуѓени од самата природа. Тргнувам од себе, поубаво ми е да поминам ден два у двор и да се занимавам околу цвеќињата, тревата, дрвцата или да појдам на лозјето да го скројам, копам или незнам што отколку да седам по цел ден на кафе некаде, ама ете од разно разни причини, повеќето општествени јас поише сум со модерната технологија отколку со природата и верувам така е кај повеќето од нас. И јас сметам дека миграцијата село град е повеќе вештачка творба отколку природна појава, добро смислена и систематски се применува, ради држење на народ во робство и зависност, пред се мислам на економско робство и зависност од пари, дневна политика и тн. Како и секое општество, така и нашево со тек на време ќе се промени и нема да остане вакво, е сеа во каква насока ќе се менува и со каков интензитет тоа е веќе друга тема на муабет. Природните текови на еволуцијата и развивањето на нас како живи суштества неможеме да го промениме, но можеме да влијаеме на тоа да се вратиме повеќе кон природата или конечно да ја отфрлиме и со тоа да си пресудиме самите на себе како род и како врста.
 
Еве го мојот херој од детството Нико, секогаш се бореше за за правда и не ебеше жива сила зборува како што треба од срце херојски:

Дали човековите предци биле попаметни затоа што живееле во земјенки, или денешниве луѓе кои што живеат во бетонски коцки наречени станови горе високо на петти шести петнаесетти спрат. Да земеме човек од пред 10000 години да го види тоа живеалиште сигурно ќе изјави дека да се живее така е надвор од здрав разум. Земјенката си има своја природна клима природен фрижидер нема потреба од електрицитет за разладување топлење и чување на храна. Скоро во сто проценти предизвикувач на пожар е неисправна инсталација или неисправен електричен апарат: Зградите се смртоносни стапици при потенцијални пожари, кога тој човек би видел како сме напреднале во однос на живеалиштата би се вратил назад во својата земјенка сигурно, не би живеел во стан.
 
Не ми е јасно како можеше со цел памет ваква глупост да напишеш, и потоа да кликнеш испрати мислење...
 
Не ми е јасно како можеш со цел памет ваква глупост да напишеш, и потоа да кликнеш испрати мислење...
Ти благодарам за квалитетната дискусија.
 
Дали човековите предци биле попаметни затоа што живееле во земјенки, или денешниве луѓе кои што живеат во бетонски коцки наречени станови горе високо на петти шести петнаесетти спрат. Да земеме човек од пред 10000 години да го види тоа живеалиште сигурно ќе изјави дека да се живее така е надвор од здрав разум. Земјенката си има своја природна клима природен фрижидер нема потреба од електрицитет за разладување топлење и чување на храна. Скоро во сто проценти предизвикувач на пожар е неисправна инсталација или неисправен електричен апарат: Зградите се смртоносни стапици при потенцијални пожари, кога тој човек би видел како сме напреднале во однос на живеалиштата би се вратил назад во својата земјенка сигурно, не би живеел во стан.

Па брат, иди во шума, мислам дека уште ги има тие рововите на „лево крило ОВК“ од 2001.Можеш да си направиш земјенка.
Зафрканции на страна, ова ме потсеќа на времето кога ми кажуваа моите, кога бил земјотресот на дедо ми нека му е лесна земја ( многу лош човек) му понудиле да му стават водовод и одвод.Овој им рекол :„па јботе ја имам природна ладна вода од бунар“. И така, затоа што земјиштето се водеше на негово име си остана до пред минатата година со своите шупи а сите наоколу мои соседи си ги изградија куќите и средија своите деца (кој со кредит, кој со продажба на ниви не е важно) а ние еве лично јас кој што живеам исто на тој имот со наполнети 23 години не можам и ден денес да се средам.Нема врска да не тупам, само сакав да ти дадам една паралела на работите.
Прво направи дистинкција помеѓу автомобил и фрижидер.Фрижидерот работи на електрична енергија, а автомобилот на гориво.Се знае денеска кој е најголемиот загадувач на нашата околина; тоа е: се она што работи на нафта.
Фрижидерот и градењето на објекти во споредба со автомобилот е мачкина кашлица.Воопшто нема врска.
Друго, како тоа не биле зградите сигурни?За кого-како....Во Македонија и Турција на пример да, не се сигурни, но оди во Токио да видам дали не се сигурни.Се е до тоа како се градени и од што се градени тие згради, и дали се правилно изградени, не мешајте некои работи.
Да се сега условите за живот исто како оние во 1500-тите години на пример, ти досега можеби немаше да бидеш жив, а исто и јас.6 милијарди луѓе на планетава сме благодарение на науката и технологијата.
Тоа што се злоупотребува науката од некои луѓе е веќе друга работа.
 
Фина тема. И онака планирам да се селам у планине за некоја година. Океј, може е и само детинесто мислење, ама кој ги ебе.:D

Де Буцио ако сакаш нешто повеќе за тие земјенките. Врска немам ни како изгледаат искрено. :срам:

Сакаш да кажеш дека зиме е топло, а лето ладно без воопшто никакво греење/ладење? ... или сепак треба некаков надворешен извор на енергија?
 
Друго, како тоа не биле зградите сигурни?За кого-како....Во Македонија и Турција на пример да, не се сигурни, но оди во Токио да видам дали не се сигурни.Се е до тоа како се градени и од што се градени тие згради, и дали се правилно изградени, не мешајте некои работи.
Да се сега условите за живот исто како оние во 1500-тите години на пример, ти досега можеби немаше да бидеш жив, а исто и јас.6 милијарди луѓе на планетава сме благодарение на науката и технологијата.
Тоа што се злоупотребува науката од некои луѓе е веќе друга работа.

Види сега тоа си е мое размислување, не мора само безбедноста на становите за време пожар, пример пробај да спиеш во ова време во стан на најгорен кат без клима со вклучени фрижидер бојлери машина за перење сите кои со својата работа ја греат околината, или да спиеш во визба, каде е попријатно?
 
Фина тема. И онака планирам да се селам у планине за некоја година...........

50510_102615493140933_174502_n.jpg

Еве ти по еден пар, за трНјето и за камењата.Отпорни се и на нуклеарка.Ги добија сите сертификати за квалитет на европските саеми.
--- надополнето: Jul 17, 2011 8:57 PM ---
Види сега тоа си е мое размислување, не мора само безбедноста на становите за време пожар, пример пробај да спиеш во ова време во стан на најгорен кат без клима со вклучени фрижидер бојлери машина за перење сите кои со својата работа ја греат околината, или да спиеш во визба, каде е попријатно?

Немам ништо против твоето размислување, уживај.Тоа е точно, да спиеш и во куќа денеска со сите овие електронски уреди вклучени е неподносливо.Ама за тоа е тука таа клима.За тоа служи таа технологија.
Па и да немаш клима еве, вака така ќе мораш да живееш зошто ако се вратиш на земјенка ќе ти се укинат многу благодети што ги имаш од еден стан, како на пример хигиената.А ако не држиш хигиена тука е ризикот од фаќање на разноразни болести што на еден начин значи и кратење на животот.Станот си има многу предности.Сега становите со автомобилите немаат никаква врска, тука правиме муабет за тоа кој е најголем загадувач на природата а ако ги споредиме автомобилот со уредите во станот што ги имаш тоа е како да споредуваш мравка со слон.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom