Буквално една од најдобрите серии што некогаш биле направени. Прво и основно, ретко се наоѓа серија каде што ликовите се толку добро обработени, а ги има многу. Секој со своја приказна и минато, секој со свои карактеристики. Нормално, најдобро преставениот лик е Don Draper, елегантен, интелигентен, цврст. Човек што знае кога треба да зборува, а кога да молчи и слуша, а тогаш кога ќе проговори, знае точно што да каже. Човек кој од никој и ништо, станал лидер и идол на многу. Човек со многу маани, а навидум перфектен. Женкар; алкохоличар; себичен, но најчесто фер. Peggy Olsen е уште еден одличен лик, жена која се бори за своите права и своето место во пирамидата на успехот. Иако прави многу грешки и неморални работи, сепак не може да се негира вистинскиот труд и фокус кој го посветува на кариерата и полека со тек на време, отвара пат за многу жени. Joan Harris ми е еден од омилените ликови општо. Прекрасна секси жена која исто така се бори да го скрши стереотипот за жените кој владее во тие години. Жена лавица; дефиниција за женска убавина.
Ликовите се врв, приказната е одлична. Тоа што најмногу ми се допаѓа е како се прикажани тие години. Од облеката и ентериерот на домовите, до автомобилите и музиката, па се до историските и политичарските проблематики. Буквално се е опфатено во оваа серија. Убиството на Кенеди, убиството на Мартин Лутер Кинг, бунтови низ Њујорк, итн. Гледаме како се однесувале брачните партнери помеѓу себе, гледаме како родителите ги воспитувале децата, гледаме што ги мачело децата кои растеле во тие години, гледаме како биле третирани црнците, гледаме каква била позицијата на жената во "светот на мажите", итн. Перфекција од серија.