Како што кажа членот погоре, мачето е доволно возрасно, па и дошол периодот за парење.
Тој период обично трае 4-5 дена, a доколку не се спари тогаш, повторно се јавува за околу 3 недели, и се повторува истото, се додека не се оплоди (во тој случај бременоста им трае 2 месеци, 2 месеци ги дојат малите, па за брзо одново истиот циклус)
Многу се напорни кога се во тој период, со мјаукање по цел ден, тртење на газето, прпелкање по подот ...
Има некои методи за краткотрајно справување, но за жал единствен траен начин е стерилизација.
Кај женките е покомплицирано отколку кај мачори, постапката е операција со целосна анестезија.
Процедурата трае неколку часа, заздравувањето минимум 5 дена.
Понекогаш може да се појават и контраиндикации: гоење, таложење на масно ткиво на долниот дел на стомакот, промени во однесувањето.
Стерилизацијата е важна одлука, па информирај се добро пред да ја носиш на операција, после тоа нема назад.