Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
62 до 65 дена трае носењето на мачките. Ако е трудна најмногу се познава по цицињата кои и се јако розеви и набабрени :)
 
62 до 65 дена трае носењето на мачките. Ако е трудна најмногу се познава по цицињата кои и се јако розеви и набабрени :)
Да, да на мојава и пораснале цициња, ама се познава и во мешето ко буренце е..
 
Да, да на мојава и пораснале цициња, ама се познава и во мешето ко буренце е..

Епа сега чекај :) И мојата треба секој ден да се породи едвај чекам :)
 
Ако е некој заинтересиран за мачиња(4), нека ми пише...родени се на 18ти април, така да за 2-3(макс) недели ќе мора да ги дадам.
Во секој случај ќе ги дадам само доколку се работи за вистински љубители на мачки!
Пишете и резервирајте со време ;D)))
 
mans, moze li sliki od macinjata??????? rece ke stavis!
 
Сега ке ви се пофалам со мојот “циркус“ пошто посотјано е во движење и не знае да застани :)

216443_115833568498847_100002166128643_136055_3049716_n.jpg


225047_115833591832178_100002166128643_136056_1693631_n.jpg
 
Еј брат, одкаде го најде мачево? Да не ти од ОгласникМ ??
 
Photo0548.jpgM.jpg

Две слики од тикварот мој,малце поголем сеа,ко аждаја е,исто како порано јаде по 10 пати во ден и доаѓа дома само за спиење,се закача со поголеми мачки гајле си нема,а и често знае да се качува по покриви и да брка гулаби :pos:
 
Подарувам 4 мачиња (стари се 5 недели) чувани во домашни услови.
Телефон за контакт 070 700 525 или преку email : mihailo@mail.com
 
Имам мачка и многу се сакаме. Кога излегувам в град ме следи како куче до крај на нашето маало. Цело време мјаука, завива, не сака да одам, па ќе стои, стои и на крај тажна се враќа дома. Кога беше мала, беше брлива и хиперактивна. Мајка ми смени три завеси (по 6 месеци ми кратеа пола џепарац за казнена партиципација). Сега е зрела женска, нема проблем, жива елеганција. Кога се омачува сака да сум покрај неа, само ме пули во очи и чека помош како да сум бабица. Најтешко ми е кога татко ми мора да фрли 2-3 од мачилото. Обично задржувам по две за кои до сега за среќа се наоѓаат кандидати да ги вдомат.
 
Сабајлево прибрав две многу малечки мачиња од улица. Ги малтретира едни дечишта. Е сега прашањето ми е следново. Бидејќи се многу мали (моја проценка е дека имаат 3-4 недели) сеуште незнаат да се хранат самите. Пробувам да им давам кравјо млеко со шприц, но безуспешно. Ве молам за било какви совети, како и со што да хранам, на какво место да ги одгледувам темно-светло сл. Многу полесно ке ми беше мајка им да ја најдев ама сега сум препуштен сам на себе. Благодарам однапред :smir:
 
ова беше мојата гордост ама за жал ми умре .инаку кој чувал сијамска мачка во случајот мачор знае шо табиет се.главна фаца у мало, самобендисан и тн да не должам.
cufi.jpg

инаку муабетот ми беше за крлежите.прво и основно не ги вадите со раце со пинцети или со било што кога сме кај тоа, пошто ке им останат пипците во кожата и можи да се затруе животинчето или да се направат како згрутчувања на кожата.
за лекарства евтино и квалитетно и брка работа е најобичен прашок за болви.неопетроид мислам дека се викаше во секоја продавница за миленици го има и околу 100 денари е мислам.не е отровен за топлокрвни животни така да нема опасност од труење. кај што е крлежот ке го напрашите и ке го затриете да допри до кожата и толку.по некое време ке падни сам најверојатно другиот ден ке го нема.
 
^ И јас имам Сијамско мачорче, 7 месеци има.
Деновиве ќе поставам слики од него, ептем е пораснат.

Инаку мојов Сијамец е вистински лудак, се затрчува низ соба и рипа на кревет и вади еден длабок звук МЈАУ :pos2: ама ептем извештачено некако и се газам од смеа така кога прави (незнам можеби така прават и другите Сијамски мачки) баш ако го начекам некогаш така длабоко да мјаука ќе го снимам да ви го пуштам што циркузи е :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom