Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Ма ајде глупости намаат попаметна работа,па ќе си играат играчки со мачките.
 
Може некој корпа да ми препорача...и секако фотељи за спиење (оние како перници што се), зошто не го можам веќе во кревет мачоров, ме турка :pos:
 
Ма џабе што и да му купиш. Ако твојот мачор се навикнал со тебе да спие (затоа што те сака очигледно- што е супер) ќе продолжи со тебе да спие. А ако те гура... гурни го и ти :)
 
Може некој корпа да ми препорача...и секако фотељи за спиење (оние како перници што се), зошто не го можам веќе во кревет мачоров, ме турка :pos:

Како му успеват?:toe:
 
Може некој корпа да ми препорача...и секако фотељи за спиење (оние како перници што се), зошто не го можам веќе во кревет мачоров, ме турка :pos:

Видов многу симпатични "перници" за миленици во Jumbo во Vero Center, беа околу 900денари максимум мислам. По пет шоповите се доста поскапи... мислам вреди да ги зирнеш мада мислам дека се во право кога ти рекоа дека ако тој се научил да спие покрај тебе, таму и ќе продолжи, тешко мачка да натераш да седи некаде ако таа сама не сака, поспецифични се во тој поглед за разлика од кучињата. :smir:
 
Може некој корпа да ми препорача...и секако фотељи за спиење (оние како перници што се), зошто не го можам веќе во кревет мачоров, ме турка :pos:

Знам дека кај Мелита во Bruno dog shop има стално такви фотељи,перничиња и триста чуда за мачки и кучиња,али доста се скапи кај нејзе.
Инаку арно ти кажаа погоре,ако се научило мачето да спие со тебе во кревет,многу тешко ќе ти биде да го одвикнеш.
 
Фала на сите за помошта за избор, но денес ми се случи трагедија...некој ми фрлил во двор од тој опасниот отров за вошки (ветеринарот ми го потврди тоа) и мачорот за 1 минута ми умре. Ако не јас, сам да си ги закопа децата, како што јас прееска го закопав моето. Ова е 5ти случај на отруена мачка кај мене во маало, не знам кој е тој што ги труе, ама ако го фатам господ нема да го спаси!
Чувајте си ги миленичињата како очите, јас моето го оставив 10 минути надвор и кога излегов ми испушти душа на раце, се укочи и толку беше...гневен сум, ама што ако, кога некоја будала сеуште шета, труе невини животни и му се дига егото.
Руско, сине мој, почивај во мир...
 
Пополно те разбирам ... јас во последната секунда ја спасив зошто од такви идиоти шо шетет безполезно на планетава морам секогаш да имам антибиотици и инекција.:nerv:
 
Фала на сите за помошта за избор, но денес ми се случи трагедија...некој ми фрлил во двор од тој опасниот отров за вошки (ветеринарот ми го потврди тоа) и мачорот за 1 минута ми умре. Ако не јас, сам да си ги закопа децата, како што јас прееска го закопав моето. Ова е 5ти случај на отруена мачка кај мене во маало, не знам кој е тој што ги труе, ама ако го фатам господ нема да го спаси!
Чувајте си ги миленичињата како очите, јас моето го оставив 10 минути надвор и кога излегов ми испушти душа на раце, се укочи и толку беше...гневен сум, ама што ако, кога некоја будала сеуште шета, труе невини животни и му се дига егото.
Руско, сине мој, почивај во мир...

Шо е работава денес со мачкиве, јас до сега ја барав мачкава моја и не ја најдов, преска кон 19:00 таја беше сама на тараса, и в двор изгледа дојде друга мачка па мојава ојде кај неа, спиштеа двете, и јас брзо излегов и ни трага ни глас.. Имат една мачка стално ми се врткат околу мачево, ако сабајле не го најдам мачево да си спиат на тараса, ќе ја отепам ова мачкава шо ми се врткат.
 
Треба да сфатиш дека околу нас има многу ИМПОТЕНТНИ и сексуално фрустрирани личности, со склоност кон некрофилија! Едноставно, се палат на лешеви. Уживаат во болка, и се кладам дека од далеку, со камера ја овековечуваат предсмртната агонија на своите жртви, за да можат да се возбудат. Лоша вест е дека нема лек за нив! Секако, како нормален човек, треба да најдеш разбирање, бидејќи сепак се работи за луѓе на кои што им е потребна стручна помош. И тоа под итно!

--- надополнето ---

Шо е работава денес со мачкиве, јас до сега ја барав мачкава моја и не ја најдов, преска кон 19:00 таја беше сама на тараса, и в двор изгледа дојде друга мачка па мојава ојде кај неа, спиштеа двете, и јас брзо излегов и ни трага ни глас.. Имат една мачка стално ми се врткат околу мачево, ако сабајле не го најдам мачево да си спиат на тараса, ќе ја отепам ова мачкава шо ми се врткат.

Климчо, твоето маче си нашло другарче. Биди добар со него.
 
Шо е работава денес со мачкиве, јас до сега ја барав мачкава моја и не ја најдов, преска кон 19:00 таја беше сама на тараса, и в двор изгледа дојде друга мачка па мојава ојде кај неа, спиштеа двете, и јас брзо излегов и ни трага ни глас.. Имат една мачка стално ми се врткат околу мачево, ако сабајле не го најдам мачево да си спиат на тараса, ќе ја отепам ова мачкава шо ми се врткат.

Не очекви секогаш да ти е дома пред врата. Сепак е мачка.
 
Вака сега,имам женско маче старо 6 месеци.Сега почна да пројавува интерес за парење и цело време мајука на врата,а јас ја чувам во стан и никогаш ја немам пуштено надвор.
Викаат дека кога ќе се кастрирале престанувале да мјаукат и се смирувале,станувале потромави.
Решив да ја кастрирам бидејќи стварно е веќе неиздржливо цело време мјаука.
Ај ако може од искуство да ми препорачате добар ветеринар за кастрација на мачки?

Инаку кучето го носам кај Д.р Диме во Капиштец,ветеринарот е одличен за кучиња,па се мислам таму да ја носам мачката на кастрација,али незнам дали е добар во кастрација на мачки,така да би ве замолила некој од искуство да ми препорача стварно добар ветеринар за кастрација.
 
Епа вака имам 3 мачки, полубели, 2 мали и една стара мачка и така.
 
Пред 45 минути си дојде едно маче само кај мене дома.Јас нормално го прибрав и првите 5-10 минути се плашеше ама еве го сега не дава да мрднеш од што сака да се гали.Сега прашањето ми е:
Дали ако го изнесам надвор вечерта дали ќе биде можно и утре да го најдам пак?
 
Зависи, ама најдобро преку ден "прошетај' го низ двор и внeси го пак внатре да ја запознае околината. За да бидеш сигурен чувај го неколку дена дома првин па после пушти го слободно. Се разбира од како првин ќе направиш како што ти кажав и нема да имаш проблем. Мачките и животните општо, заради инстиктот за преживување брзо разбираат каде имаат поголеми шанси дa oпстанат. На некој начин наоѓаат замена за топлата потпора на својата мајка во скутот на сопственикoт :)

П.С. Немој да се чудиш ако на сред галење почне да те гризе (со осет) така ја покажуваат првизаноста и позитивните вибрации кон тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom