Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
За време на вечера мачето рипна на трпезариска маса и почна да ја душка храната иако пред тоа добра ја нахранив.Не би сакал ова да му прерасне во навика,а македонски сигурно не разбира,па не би било многу од помош ако културно го замолам да не се качува на местата на кој што јадам.Help anyone ? :D
 
Ја секад му давам нешто како љута пиперка или буковец да помириса, па коа ќе го намириса љутото бега ко ненормално и не планира да се враќа :D
 
Еј брзо ми треба одговор на ова, битно ми е многу. Прошлиот пат негде у зимата мачката ми беше у циклус на парење, па тогаш скокна од тераса и избега и се врати трудна. Од тогаш заглаив со мачињата. Требаше да ја стерилизирам откако ќе ги дадам мачињата пошто до ден-денес малите уште цицаа по некад. Али тоа сеуште не се случи, две од мачињата се уште кај мене. И сега што да видам. Станувам и мачката нигде ми ја нема. Најверојатно избегала пак. Прашањето ми е, дали може да затрудни, иако не е у циклус на парење??
 
Дали некој има искуство со апчиња за мачка за да не може да има деца на одреден период? Не сакам да ја сечат и слично, а слушнав само дека постојат вакви работи. Ве молам ако има некој искуство да сподели. :)
 
170002_1732796392253_4585606_o.jpg

Пред

2072_1087574862118_7199_n.jpg

Потоа

456775_3825567830231_568127576_o.jpg

1146271_10201189148543324_1813068032_o.jpg
 
Колку убава мачка! :)
Туку дај кажувајте јас што да правам. Мачката ми е попалена и на сите по дома многу ни досадува. :) Не сакам да ја парам, ама периодов многу е жешко за да ја носам на операција за да и ги подврзат јајниците. Кажите некој совет, чаре, ептен многу е досадна. Вие како се справувате во вакви ситуации?
 
Носи ја на ветеринар, имаат едни инјекции, за ден-два престанува да замара, мојата веќе 2 години е така.

За нареден период почнува многу подоцна пак да замара отколку што редовно би требало.
Ветеринарот викаше дека требало да ја носиме за да и ја стават пред да и почне, но од каде да знам кога бидејќи секогаш нагло почнува да се трти
 
Колку убава мачка! :)
Туку дај кажувајте јас што да правам. Мачката ми е попалена и на сите по дома многу ни досадува. :) Не сакам да ја парам, ама периодов многу е жешко за да ја носам на операција за да и ги подврзат јајниците. Кажите некој совет, чаре, ептен многу е досадна. Вие како се справувате во вакви ситуации?

Еве го и мојов, тинејџер, хормоните сто на саат, ме искина од клецање! :pos:
 
Дали некој има искуство со апчиња за мачка за да не може да има деца на одреден период? Не сакам да ја сечат и слично, а слушнав само дека постојат вакви работи. Ве молам ако има некој искуство да сподели. :)

без разлика дали мачката има однос со човек неможе да има деца научно е докажано и проверено
 
Му направив на мачето стуб со постоље за да гребе на него.Некој предлог со кој материјал да го обложам?
Бај д веј имаат навика вашите мачиња да рипаат ко Спајдермен и да праат месен нарезок од вашите нозе иако се наиграни,најадени и што уште не?Баба ми од кога знам за себе чуваше мачиња,од мали до големи,не памтам некое да имаше такви карактеристики.Имам и пријатели што чуваат мали,некои големи мачиња,не се агресивни дури ни спрема гости.Ова моево дое некој гостин,оп на кревет и ќе го угриза,а да не зборам шо ни праи на нас домашните.Бамити среќата моја..:cautious:
 
Така си го воспитал од мало и така ќе прави , мојава да знајш колку е мирна само да се гали сака ништо друго .
бтв ми се породи пред 15 дена роди 3 мали и кога ќе одам кај нив не се противи кога ги галам .
 
Што сум го воспитал од мало,едвај месец го чувам,кога го земав беше дали 2 месеца старо,што значи сеа нема ни 4 месеца.Такво си е,уште втор ден почна да апе.Тргни го,викни му не,игнорирај го џабе.Другарка зема негово братче ист ден со мене,мачето уста не отворило да ја апе.Ми се погоди такво дивтар изгледа на татко му се метнал.Мајка му беше ангорка,татко му којзнае каков контењерџија бил.
 
Избегнувајте со таблети и инекции кога им е време за парење, не си играјте со природата, како прво мнооогу се штетни и голема е можноста за заболување на матката. Јас прашав за мојата и ветеринарката ме советува или стерилизација или да ја оставам така без таблети , а и низ нет доста негативно имам читано. Не е многу неколку денови дека ќе се шета со кренато дупе и ке се тркала, се издржува де, а мачорите ги кастрирав дека маркираат а и не сакам мали (сакам ама не сум способна да се одделам од нив).
--- надополнето: 12 август 2013 во 23:54 ---
Што сум го воспитал од мало,едвај месец го чувам,кога го земав беше дали 2 месеца старо,што значи сеа нема ни 4 месеца.Такво си е,уште втор ден почна да апе.Тргни го,викни му не,игнорирај го џабе.Другарка зема негово братче ист ден со мене,мачето уста не отворило да ја апе.Ми се погоди такво дивтар изгледа на татко му се метнал.Мајка му беше ангорка,татко му којзнае каков контењерџија бил.

Имав и јас едно мало абе изгор, не дава рака да си пуштиш одма гриза...а сака да се милува се пика се мази, ама штом виде рака одма полудува и гриза. Може ќе се смири дека е мало уште... Инаку за острење на нокти ако нема по петшоповите специјална ортома за мачки, и обична ќе ти заврши работа.
 
без разлика дали мачката има однос со човек неможе да има деца научно е докажано и проверено
Може да има деца - мачиња исто како што може мачка да е мајка. Не се тие односи само кај луѓето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom