MABA (Multiplayer Automatic Battle Arena)

Член од
6 мај 2018
Мислења
476
Поени од реакции
689
MABA е стратешки поджанр кој влече корени од МОБА игрите како „Dota“, и „League of Legends“, но во комбинација со стратегии базирани на кругови како „Heroes of Might and Magic“.
Овој поджанр се вика „Autobattler“ зашто станува збор за автоматски битки кои се одвиваат на табла со полиња, слично на шаховската. Фигурите на таблата автоматски се борат, а играчот ги избира единиците и ајтемите. Овие игри се* уште ги нема на конзола, се играат на PC и андроид апарати. Oва е привлечна опција за играчи на TBS зашто не е стресно како RTS.



Осум играчи играат една партија. Секој одбира различни единици (units). Има конечен број на херои и избрањето на истите функционира како драфт. Хероите се комбинираат и се унапредуваат, на нив се ставаат ајтеми, се поставуваат на таблата и потоа битката е автоматска. Противникот е случаен, а после неколку рунди има борба со неутралци. Со победи се добиваат пари и со нив се купуваат херои, се унапредува нивото на играчот и др. Последниот играч што ќе остане на таблата е победник. Секоја изгубена рунда доведува до губење на животни поени.

МАБА игрите почнаа како мод за „Дота 2“ на „Дродо Студио“, јануари 2019 година. „Dota Auto Chess“ доби четири милиони сабскрајбери за еден месец и 8,5 милиони во мај. Со 300.000 стабилни онлајн играчи модот постигна огромен успех. „Валв“ не успеаа да ги откупат „Дродо“ кои продолжија да работат на модот, но продолжија да соработуваат со што Валв ги задржаа авторските права. Валв ја објавија „Dota Underlords“ и бета верзијата излезе пред две недели. Рајот Гејмс ја објавија „Teamfights“ во јуни оваа година со задоцнување. ЛОЛ има огромна база на играчи кои ќе ја играат така што е можно и „Teamfights“ да се држи со „Dota Underlords“.

Постојат разлики помеѓу „Auto Chess“, „Dota Underlords“ и „Teamfight Tactics“. Во „Dota Underlords“ РНГ-то е на минимум, изборот е помеѓу три ајтеми, фокусот е стратешки, секако и тактички, има надигрување итн. Секоја единица може да има еден ајтем, постојат синергии помеѓу класите што и' даваат подобри ефекти на целата група. Позиционирањето е многу важно како и менаџирањето на ресурси. „Teamfight Tactics“ e најпроста од листава, но тоа не значи дека е и лоша. Брза е, една партија трае многу помалку, драфтот е полесен, хероите полесно се комбинираат и фокусот е на тактиката.


Ова е тема на која може да се расправаат билдови, натпревари и се' останато поврзано со МАБА. Јас моментално ја умрев од играње „Dota Underlords“ и е поприлично заразна.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
476
Поени од реакции
689
Ае бе доста, ебате дедото, иди чувај овци.
„Балдурс гејт и Плејнскејп Тормент се најдобри игри. И Блејдранер аркадната!" Бла бла.
Бла.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
5.458
Ае бе доста, ебате дедото, иди чувај овци.
„Балдурс гејт и Плејнслејп Тормент се најдобри игри. И Блејдранер аркадната!" Бла бла.
Бла.
H3 е најтешка за совладување, штом станеш про - про си и кај останатите turn based па и real time стратегии.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
476
Поени од реакции
689
H3 е најтешка за совладување, штом станеш про - про си и кај останатите turn based па и real time стратегии.
Не, шала на страна, Х3 е една од најдобрите игри. Ама ова е друг концепт, другачие функционира и направено е за пвп.
Не може да се споредуваат.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Овој тип на игри ги има одамна. Правиш армии, тимови, собираш единици, карти и само ги пушташ у битка. Сами се тепаат. Не учествуваш во битка, само у изборот на тие кои ќе учествуваат.
Најверојатно и на конзоли има некоја таква игра, ако побарам најверојатно ќе најдам. Особено затоа што у последно време инди творците све повеќе ги има и на тој пазар.

Нема врска овој концепт со HoMaM.[DOUBLEPOST=1562510144][/DOUBLEPOST]
H3 е најтешка за совладување, штом станеш про - про си и кај останатите turn based па и real time стратегии.
Ако си про на HoMaM, уопште не значи дека ќе бидеш про на RTS.
За други TBS може да ти послужи искуството од HoMaM, особено ако имаат hex based grid, мада за про да бидеш треба време да потрошиш.
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.448
Поени од реакции
5.849
H3 е најтешка за совладување, штом станеш про - про си и кај останатите turn based па и real time стратегии.
Не. Најтешка е, од тие шо ги знам, Eador: Genesis. HoMM/Age of Wonders/Disciples се баш за почетници, затоа беа толку популарни.
Оваа нема да ја допрам, не играм вакви МОБА клонови, за деца се тие. :D
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Никако не е најтешка TBS.
Има пун курац TBS-a што се далеку потешки од HoMaM.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
5.458
Не. Најтешка е, од тие шо ги знам, Eador: Genesis. HoMM/Age of Wonders/Disciples се баш за почетници, затоа беа толку популарни.
Оваа нема да ја допрам, не играм вакви МОБА клонови, за деца се тие. :D
Не е најтешка Eador, хибрид од HoMM&Civilization мада добра игра е.

Никако не е најтешка TBS.
Има пун курац TBS-a што се далеку потешки од HoMaM.
Пример?

Age of Decadence ми паѓа прва на памет мада онлајн шознам, HoMM је врло занимлива и тешка.
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.448
Поени од реакции
5.849
Не е најтешка Eador, хибрид од HoMM&Civilization мада добра игра е.[DOUBLEPOST=1562511670][/DOUBLEPOST]
Приемр?
Eador, оти е понова, значи си ја играл коа си бил повозрасен. HoMM веројатно кога си бил помал и ти се мешаат впечатоци. Мене така у RA2, една мисија кога треба да браниш еден мост, како детиште ми изгледаше невозможна, ми одзема денови. Тоа не значи дека RA2 е бенчмарк за хардкор RTS, туку дека глупо дете не се снашло.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
5.458
Eador, оти е понова, значи си ја играл коа си бил повозрасен. HoMM веројатно кога си бил помал и ти се мешаат впечатоци. Мене така у RA2, една мисија кога треба да браниш еден мост, како детиште ми изгледаше невозможна, ми одзема денови. Тоа не значи дека RA2 е бенчмарк за хардкор RTS, туку дека глупо дете не се снашло.
Ок тоа, јас пример имам заглавено пола година на таа граганџула ли како се викаше што требаше да ја бомбандираш у HL1 :lolzz:
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Не е најтешка Eador, хибрид од HoMM&Civilization мада добра игра е.


Пример?

Age of Decadence ми паѓа прва на памет мада онлајн шознам, HoMM је врло занимлива и тешка.
Прво што ми текна:
Oд новите: Wargroove, Darkest Dungeon...
Од постарите: X-Com, General сериите (Panzer, Allied, Fantasy...)...

Има уште многу TBS-a кои ми биле доста потешки од HoMaM.


Wargroove дури неодамна воведоа да си сетираш дификјулти, пошто доста проблематични беа сценаријата. Порано имаше едно дификјулти (кое сега се вика very hard)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
5.458
Прво што ми текна:
Oд новите: Wargroove, Darkest Dungeon...
Од постарите: X-Com, General сериите (Panzer, Allied, Fantasy...)...

Има уште многу TBS-a кои ми биле доста потешки од HoMaM.


Wargroove дури неодамна воведоа да си сетираш дификјулти, пошто доста проблематични беа сценаријата. Порано имаше едно дификјулти (кое сега се вика very hard)
Да овие кога играш против компјутерот се доста потешки од HoMM против човек не сум сигурен :icon_mrgr:
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.448
Поени од реакции
5.849
Прво што ми текна:
Oд новите: Wargroove, Darkest Dungeon...
Од постарите: X-Com, General сериите (Panzer, Allied, Fantasy...)...
X-Com кецот. Леле. Таа е, така е. Таа е смрт.
Другиве не ги знам, нејќам ww2 или random-generated, ама X-Com беше забегана. Ништо не ти објаснува, не те учи, те фрла у вода
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.144
Поени од реакции
32.059
Да овие кога играш против компјутерот се доста потешки од HoMM против човек не сум сигурен :icon_mrgr:
Ја играм цело време TBS-a и можам да кажам дека доста од нив ми се полесни кога играм против живи играчи.
 
На врв Bottom