- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
MABA е стратешки поджанр кој влече корени од МОБА игрите како „Dota“, и „League of Legends“, но во комбинација со стратегии базирани на кругови како „Heroes of Might and Magic“.
Овој поджанр се вика „Autobattler“ зашто станува збор за автоматски битки кои се одвиваат на табла со полиња, слично на шаховската. Фигурите на таблата автоматски се борат, а играчот ги избира единиците и ајтемите. Овие игри се* уште ги нема на конзола, се играат на PC и андроид апарати. Oва е привлечна опција за играчи на TBS зашто не е стресно како RTS.
Осум играчи играат една партија. Секој одбира различни единици (units). Има конечен број на херои и избрањето на истите функционира како драфт. Хероите се комбинираат и се унапредуваат, на нив се ставаат ајтеми, се поставуваат на таблата и потоа битката е автоматска. Противникот е случаен, а после неколку рунди има борба со неутралци. Со победи се добиваат пари и со нив се купуваат херои, се унапредува нивото на играчот и др. Последниот играч што ќе остане на таблата е победник. Секоја изгубена рунда доведува до губење на животни поени.
МАБА игрите почнаа како мод за „Дота 2“ на „Дродо Студио“, јануари 2019 година. „Dota Auto Chess“ доби четири милиони сабскрајбери за еден месец и 8,5 милиони во мај. Со 300.000 стабилни онлајн играчи модот постигна огромен успех. „Валв“ не успеаа да ги откупат „Дродо“ кои продолжија да работат на модот, но продолжија да соработуваат со што Валв ги задржаа авторските права. Валв ја објавија „Dota Underlords“ и бета верзијата излезе пред две недели. Рајот Гејмс ја објавија „Teamfights“ во јуни оваа година со задоцнување. ЛОЛ има огромна база на играчи кои ќе ја играат така што е можно и „Teamfights“ да се држи со „Dota Underlords“.
Постојат разлики помеѓу „Auto Chess“, „Dota Underlords“ и „Teamfight Tactics“. Во „Dota Underlords“ РНГ-то е на минимум, изборот е помеѓу три ајтеми, фокусот е стратешки, секако и тактички, има надигрување итн. Секоја единица може да има еден ајтем, постојат синергии помеѓу класите што и' даваат подобри ефекти на целата група. Позиционирањето е многу важно како и менаџирањето на ресурси. „Teamfight Tactics“ e најпроста од листава, но тоа не значи дека е и лоша. Брза е, една партија трае многу помалку, драфтот е полесен, хероите полесно се комбинираат и фокусот е на тактиката.
Ова е тема на која може да се расправаат билдови, натпревари и се' останато поврзано со МАБА. Јас моментално ја умрев од играње „Dota Underlords“ и е поприлично заразна.

Последно уредено: