Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Не знаев како да ја крстам темава, па ја крстив наједноставно шо ми текна, според знакот за кој ќе се дискутира.
Популарно наречен "Devils horns" и популаризиран од Рони Џејмс Дио, уште од времето кога беше во Сабат. Знакот го научил од баба му, која го правела кога некој завидливо ќе ги погледнел или ќе ги навредел. Тоа значело враќање на „ѓаволските очи“ и истерување на несреќата. Со тек на време знакот му станал интересен и го комерцијализирал кога станал познат.
Се претпоставува дека знакот влече грчки корени, иако бил сретнуван како ретка појава во египетските гробници. Во круговите на луѓето што слушаат рок и метал музика овој знак е често употребуван, а во неговата долгогодишна историја ословуван е како: ѓаволски знак, ѓаволски рогови, козји рогови, металски рогови, металски знак, зли прсти, рогови, вилушки, рокерска тупаница, металска тупаница, тупаница на шок рокот, или како "Rock on" знак.
Во круговите на музиката се верува дека први го употребиле Битлси, како дел од каверот за албумот Yellow Submarine.
Како што може да се забележи, Ленон го прави знакот над главата на Макартни, што ја подгрева легендата за наводната смрт на Пол Макартни. Албумот е издаден во 1968 а наводно Пол настрадал во сообраќајка во 1966, но своевремено сите четири членови ја демантирале легендата како бесмислена и апсурдна.
После тоа, го искористил и Џин Симонс во 1977 на каверот за албумот Love Gun. Може да се забележи, левата рака на Џин Симонс (најдесно на сликата) го прави знакот.
Иако Дио отсекогаш жестоко го напаѓал Симонс околу тоа кој прв го направил знакот, документирано е дека Симонс го направил во мај 1977 на каверот на Love Gun, а Дио во 1979 по приклучувањето во Блек Сабат.
Дио има изјавено: „Секогаш ме измачува прашањето: дали бев прв што го направив тоа како човек кој бил посочуван со прст заради тоа. Но, тоа е како да велам дека сум го измислил тркалото. Некој сигурно го направил тоа пред мене, но откако почнаа да го употребуваат дури и дај-хард фановите на Бритни Спирс, некако го изгуби значењето. Ако го прашате Џин Симонс, тој ќе ви рече дека го измислил дишењето или чевлите... Сепак, јас го направив во јавност пред него“.
Иако фактите зборуваат поинаку, Дио останува на своето и не признава дека знакот што го направил Симонс на каверот на Love Gun е истиот знак. Oh well...
Уште неколку слики со Devil Sign:
Џин Симонс со devil sign:
Дио со devil sign: