M-Banking во Македонија

Член од
1 декември 2010
Мислења
24
Поени од реакции
14
Колку што можев да видам Стопанска Банка прошлата недела објави М-Банкинг апликација. Меѓутоа иако најавија дека ќе биде достапна и за Андроид и за I-Phone телефоните, за I-Phone сеуште неможе да се симне.
Добро е што почнаа македонскиве банки конечно и со М-Банкинг, но...
Апликацијата ја превземав симнав на телефонот на жена ми Андроид, пошто јас користам I-Phonе. Лесно се наоѓа, доволно е да се напише “stopanska“ на Play Store, но иако првичниот впечаток многу пријатно ме изненади, има голем број на опции па дури и некоја финта што личи на он-лине аплицирање за кредит. Но...
на крајот испадна дека можноста за М-Банкиг плаќања сеуште не е развиена :), односно дека само може да се гледаат сметките, изводите и трансакциите, користејќи го прилагодениот пристап до нивниот е-банкинг (иако за воља на вистинат - убаво изгледа)

Ја отворив темата затоа што се работи за нешто новина кај нас која се надевам и другите банки ќе ја следат набргу, но истовремено не можев а да не си поставам многу прашања за сигурноста на трансакциите, тогаш кога ќе дочекаме “кај нас“ м-банкингот да значи правење на трансакции а не само гледање. Баш ме интересира како ова прашање ќе го решаваат банките, особено што свеста дека телефоните ни стануваат новчаници тешко ќе се развива кај нас.

P.S. - да не знае некој кога ќе излезе I-Phone верзијата на апликацијава?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183

Треба уште време додека да се развие мобилното плаќање во државава, народот уште не е навикнат на плаќањата дирекно преку интернет бидејќи поголемиот дел од работите можат да се завршат онлајн ама сепак на крај треба пак да идеш на шалтер. И аплицирањето за кредит преку апликацијата или дирекно преку е-банкинг системот на стопанска банка не е целосно аплицирање. Јас пред месец и пол аплицирав за ОК кредит дирекно преку е-банкинг, ги внесов сите податоци точно и добив известување дека апликацијата е примена во банката. Си чекав 2-3 недели и гледам ниту абер да ми се јават или да ми пуштат мејл и да ме известат што биднало па се јавив во подршка да прашам. Од таму дотката фино лепо ми кажа дека иако сум поднел барање преку системот, пак треба да одам во банка на шалтер и да го пополнам истото барање и да го потпишам со моја рака. Бев и во банката, пополнив барање и пак ми го одбија барањето, за 3-4 дена ми се јавија и ми кажаа Така да сеуште во Македонија неможеш по електронски пат да аплицираш за кредит ниту пак целосно да плаќаш сметки.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Може да имаат проблем со цертификатите за плаќање, за тоа најверојатно не може да се плаќа. Стопанска корисит activx мора само со интернет експлорер да се плаќа, додека се прилагодат на андроид ќе сменат па и со мозила да може да се плаќа.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Ја денеска си активирав телефонско банкарство.
Ми дадоа токенче, големо е колку приврзок за клуч и како такво ќе го користам.
И вака функционира: се јавуваш на бројот, стискаш 2, па 2, па ти се јавува оператор, па треба да му ја кажеш лозинката што ја генерира токенчето, па после му ги диктираш жиро сметките, твојата, таа на која префрлаш пари, износот.... итн.
Исто така ми рекоа дека, не кошта ништо ако во тек на 6 месеци направам 10 трансакции, а ако не, ќе треба да платам 500 ден.
Бројот на кој се јавуваш ќе те кошта како фиксен од Скопје, така да, фала богу што си зедов роденденска да морам и за тоа да мислам....
Се на се, изгледа интересно. Трошоци ќе немам. Ако можам да заштедам време на плаќање сметки, тогаш супер.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
24
Поени од реакции
14
Денес ја симнав и на мојот I-Phone. Незнам дали претходно ја немаше па сега ја пуштија, или ја грешев во пребарувањето.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Ја денеска си активирав телефонско банкарство.
Ми дадоа токенче, големо е колку приврзок за клуч и како такво ќе го користам.
И вака функционира: се јавуваш на бројот, стискаш 2, па 2, па ти се јавува оператор, па треба да му ја кажеш лозинката што ја генерира токенчето, па после му ги диктираш жиро сметките, твојата, таа на која префрлаш пари, износот.... итн.
Исто така ми рекоа дека, не кошта ништо ако во тек на 6 месеци направам 10 трансакции, а ако не, ќе треба да платам 500 ден.
Бројот на кој се јавуваш ќе те кошта како фиксен од Скопје, така да, фала богу што си зедов роденденска да морам и за тоа да мислам....
Се на се, изгледа интересно. Трошоци ќе немам. Ако можам да заштедам време на плаќање сметки, тогаш супер.
Незнам какво ти е тоа банкарство и од која банка, не изгледа воопшто лошо но има многу подобри варијанти(поефтини). Ке ти кажам 2 :)
Од стопанска банка а.д. битола доколку сакаш да користиш такво банкарсто ти даваат уникатен сертификат, така што го инсталираш во пц и тоа на некој начин ти е лозинката за на нивниот сервер да препознаат дека сварно си ти. Ако го дадеш тој сертификат на друг, нормално и он ќе може да прави трансакции(али преку твоја сметка). Колку што сакаш правиш трансакции а притоа не плаќаш 500ден. плус. Нормално, има провизија, но е премногу мала.

Последно од нлб тутунска понудата е предобра. Јас го користам мТокенот. Како што спомнаја некои од корисниците погоре. Си ја инсталираш апликацијата во телефон и она ти генерира one time pass. Така што исто така не мора да се јавуваш и да трошиш по телефон. Од тутунска на тутунска провизијата е 0, а кон други банки до 5000ден. мислам дека беше 4 или 6 денари, што е сварно смешна сума :)
Доколку немаш телефон кој би ја поддржал оваа програма имаш опција за хардверски уред токен, што функционира на сосема исто начин, а за да ти го дадат треба да платиш еднократно 700 ден. :)
 
Ова моево е од Стопанска. И баш како што кажа, токенчето генерира one time password. А не ми е некој трошок да се јавам, зошто сум на роденденска тарифа на вип. И нема да ги платам тие 500 ден. зошто едноставно ќе ги направам тие 10 трансакции и сум бесплатно после.

Така да, немам трошок никаков. Освен батерија на телефонот :)

А тоа што ми кажуваш се вика ebanking. Знам и за тоа.

А кажи ми ова за НЛБ како функционира. Откако ќе ти генерира апликацијата пасворд, што правиш?
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
А кажи ми ова за НЛБ како функционира. Откако ќе ти генерира апликацијата пасворд, што правиш?
Апликацијата функционира офлајн, сем кога треба да ја активираш, тогаш ти треба интернет.
Од нлб ти даваат user & pass, тие еднаш ги внесуваш во апликацијата и потоа кога сакаш да ја стартуваш само пин ти треба што предходно ти си го одредил.
Тие one time pass функционираат само за твојата картичка/сметка, така да идеш на нивната страна, се логираш и кога сакаш да извршиш трансакција си генерираш pass и тераш. Пак ќе речам, добро е што програмата работи офлајн :)
 
Абе незнам шо муабет правите, какви токени какви пари. Ви кажувам дека ако си корисник на е-банкинг на Стопанска (ваљда е сеуште бесплатно), преку мобилната апликација си се најавуваш и си ги гледаш сите сметки и трансакции. Мене ептен ми врши работа. Глупо е само што нема хоризонтално гледање и шо неможам да се задржам најавен (нема опција за сочувување на пасвордот). Деновиве жена ми (како програмерка) вети дека ќе нашла начин да ми го инсталира сертификатот од цд-то за да правам и трансакции - па ако може ќе пренесам.

Се надевам дека и другиве банки ќе почнат да воведуваат зошо сеа жена ми ми е љубоморна (она платата ја зема преку Тутунска).Иначе тоа од тутунска благе везе нема со мобилно банкарство (Мартин види наслов на тема). Го знам пошо она го зема (се прелажа) мислејќи дека е мобилно банкарство,за да го истестира пошо на работа работат апликации за мобилни. Коа тоа испадна дека е апликациче за генерирање кодови (претходно имаше за тоанекој уред у кој брцаш картичка). Иначе ко за генератор на кодови - функционира добро, само знам дека додека се регистрираш ќе се окозиш лутајќи по шалтерине на тутунска каде вработените појма немаа шо бараш иако беше повикана со маил да дојде ако сака мобилно банкарство.
 
Член од
15 декември 2017
Мислења
97
Поени од реакции
9
Ja imam problem so M-Banking aplikacijata ne me izvestuva za napravenite transakcii odma tuku duri naredniot den.Primer ako izvadam pari od bankomat duri naredniot den ke me izvesti.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom