- Член од
- 12 март 2007
- Мислења
- 650
- Поени од реакции
- 73
:pos2: да да, дефинитвно тоа, башка и трауми од детство, строга контрола од родителите, и плус уште една работа битна, он или неговите сигурно ја читале книгата '' Дрога - болест на денешницата'', ја вчера случајно налетав на неа, и само шо не умрев од смеење, еден извадок од книгата:Абре знаеш, 2 њу ејџ документарци и 3 њу ејџ книги без никакво продлабочување и ширење на свеста, прифаќање ко здраво за готово и те вакви муабети испадаат ..... треба да му се објасни дека така ко што он си тврди се случува на луѓе со ниско ниво на свест, што си имаат фриквенси рејнџ до од 20 - 10 000 Hz, и им прави хаос и на гавчето и на душичката. Кај нас не е воопшто така. Кога ми е оно веќе по метафизиките,њу ејџ филозофиите итн, нека ми читка нешто околе развој на 3то око, како влијае тоа на ''3то уво'' ...
МУЗИКАТА И ДРОГАТА
Наркоманскиот стил на облекување, наркоманскиот специфичен и за многумина нејасен говор, заедно со бучната рок музика снимена на светските или домашните поп сцени, го комплетираат имиџот на наркоманот.
Наркоманите се добри познавачи на рок и поп музиката особено ако таа музика ја изведуваат музичари наркомани како што беа Џими Хендрикс, прочуената Џенис Џоплин, гитаристот на Ролингс Стоун - Брајан Џинс.
Нивните средби задолжително се проследени со разговори за актуелните музичари - наркомани, се дискутира на нивниот живот и за нивните најнови активности во светот на музиката.
Не ретко младите наркомани преку своето облекување и однесување вешто ги имитираат своите идоли, што претставува голем финансиски издаток за родителите. Но, ова би требало да претставува алармантен знак за родителите дека нешто чудно се случува со нивните деца.
Особено ако синот или ќерката подолго време минуваат лежејќи во кревет покрај музичките системи со бучна музика на само еден вид рок пејачи и доколку нивната музика ја повторуваат повеќе пати трудејќи се да ја запаметат, притоа останувајќи отсутни за средината во која живеат.
Денес јавните концепти и кафулиња со музика од типот рок претставуваат места каде што дрогата заедно со алкохолот и цигарите вешто им се доставува на младите лица. Тоа за родителите, чии деца таквата средина активно ја посетуваат, треба да претставува сериозен знак.
според оваа книга ја сум најголем наркоман на свето :pos2:
--- надополнето ---
@FallenHypaspist, закон аватар, Sunn O)), najjaka слика на бенд ever