Конечно си ја купив кремата Gorgeous, со емулазија и мешавина од шест органски масла. Како ја хидратира и омекнува кожата, ммм. Дефинитивно омилена крема за лице, by far!

Ја имам користено и Vanishing cream, топла препорака од мене за сите оние кои имаат комбинирана/масна кожа, конкретно кожа склона на акни и проширени пори.
Од парфемите користам само еден- Orange Blossom, за жал поради (за мене) пресилниот мирис, не би ги пробала другите, ама сепак е ствар на вкус. Мене овој ми е омилен! Со тврдите парфеми на Лаш немам искуство, другиве ми се попрактични.
Од сапуните го имам Карма, фејворит, кога и да излезам од бања цела мирисам на него. При крај ми е, и вчера го побарав во Рамстор, ама моментално го немаат овој, па си го заменив со Honey i washed the kids. Има мирис на карамелизирано колаче!
За усни си го користам највкусниот шеќерен пилинг Bubblegum, и поретко балзамот honey trap. Иако мирисот му е more like a crap, инстантно ги омекнува усните.

Од препаратите за тело си го користам Ocean salt, прекрасен за ревитализирање на кожата. Иако често си правам и homemade body peeling и не ми е нешто помалку успешен од овој.

Путерот за тело Shimmy shimmy ми е пресладок, еспешли заради мирисот на ванила, а гелот Snow Fairy е прекрасен!
Најомилениот производ од оние за бања ми е
..тадааам! Дефинитивно шумливата купка Think pink. Мирисот на ванила и нероли... прајслес! Цел ден би останала во бања, милина е.
^ Шо си нежна бе срце

Ај и тука да прашам, сапунчето (т.е шампон) за против опаѓање на косата, користел ли некој, и ако може да ми кажете како им се движат цените...
Од шампоните го имам користено течниот I love juicy (од ананас, киви, папаја и манго), сите производи им се на природна база, а конкретно овој е за помасна коса. За мене лично поголем ефект имаше тврдиот Jumping juniper, исто така за масна коса. За отприлика два месеци имаше видливо подобрување на скалпот и регулирање на маснотиите. Така што иако не сум го пробала тој за опаѓање, не се сомневам во нивниот квалитет. Цената на тврдите шампони конкретно е околу петстотини денари. Јас сум презадоволна и дефинитивно во препаративна козметика досега немам најдено соодветна замена што може да им парира.
