Чуствата и Мислите, не се така директно поврзани...можеш да имаш константно чуство , а да мислиш на ралични работи...и обратно , прво милиш на една работа, имаш едно чуство , потоа пак мислиш на истото а чуството ти се сменило.
А ти зборуваш за тоа како рекламите користат некои така наречени "финти" за да не хакнат да постапиме така како што од нас не бара....Чудно да не ти е тоа....или да не речам "Добро утро".
Buli убаво ти кажа, мора да постои комбинација од двете.....Чуствата се нешто на што се потпираме најчесто кога немаме некои сознанија....
Гледаш змија за првпат, незнаеш што е тоа, те фаќа страв затоа што ти изгледа некако језиво , и бегаш.Па дури и да имаш сознание дека змијата не е отровна пак ќе ти прпа да и се доближиш.
Понтата е , чуствата делуваат независно, за потоа сплотени со разумот да дадат краен резултат...
е сега од кај да знам ја на кој колку му тежи паметот да рационализира, или кој колку се потпира на чуствата, За да можам да ти дадам генерален одговор за тоа зошто некој пуши и покрај тоа што знае дека му се слатки цигарите(на пример).Едноставно кај таквите, чуствата го натежнуваат разумот.
А тоа дека психологијата вели дека прво се јавуваат чуства па после тоа зборови кои ќе ја зокружат одлуката.....Амммммм, не го вика тоа психологијата , него тоа е само теорија кажана од некој како мене и тебе.Што мене лично не ми се допаѓа , затоа што истата неможе да одговори на много прашања, како што е :
Од теоријата следи дека комуникацијата ќе се одвива на следниот начин....кај мене се појавуваат чуства...тие се конвертираат во зборови, (нема да ти го опишувам цел пат како тоа еден збор ќе допатува од мене до тебе, само грубо ќе кажам), кои понатака допираат до соговорникот, за понатака кај него да се претворат во чуство за тој да може да го разбере истот...фината е што постојат многу повеќе зборови отколку чуства.
Ете затоа неможам да ги спојам чуствата со зборовите.
Сума сумарум , таа реченица* е точна само од аспект на тоа дека чуствата можат да го надвладеат разумот.Доколку се посилни, и затоа што чуствата можат да потегнат зборови...во спротивно не важи
* Психологијата вели дека луѓето пред да направат одлука прво се јавува чувство, а потоа со помош на зборовите рационализираат.