Луѓето се менуваат или....?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Nikogas nemozi da se smeni edna licnost, bez ogled na okolnostite nema da se promeni, kakvi karakteristi ima takvi i ke i ostanat. I jas mislev deka mozat da se promenat, ama ne nikoj ne se menuva, mozi samo da odglumi pred tebe.
 
Според мене луѓето не се менуваат. Нашиот карактер е мешавина од гени и воспитување. Созреваме, недискутабилно е, растеме (психички) може да се смениме во однос на вкусови, денес ми се допаѓа страчатела, утре ванила, денес преферирам ќелави момци, утре плави, начинот на размислување, што сакам во животот и сл.
Но, тоа што навистина сум, тие главни карактеристики на карактерот како сме создадени -
пр. интровертност/екстровертност, интелегенција, смисла за хумор и сл. не.
 
Луѓето НЕ се менуваат. Знам дека е така по мене. Сум пробал да бидам нешто што не сум - да се сменам, не ми успеало. Некои работи ти се предодредени на некој чуден начин и што и да правиш неможеш на тоа да влијаеш. Можеш да смениш некои ситни работи, но не и долгорочно, јас така мислам. Некои работи кои ги правам, и сакам да ги правам, нема начин да престанам да ги сакам и да ги правам. Мислам дека секој е така, се заљубуваш во тоа што секогаш ти се допаѓало, преферираш спорт кој секогаш си го сакал, храната која ја јадеме, не може да станеш вегетеријанец, ако страстно сакаш месо - само да си речеш еве престанувам. Јас мислев дека така со одлука се менуваат работите, но се излажав. Си реков ај ке пушам цигари, нема проблем, купив кутија цигари, ги испушив - ништо посебно. Утредента пак, појаки..и така 2-3 месеци за на крај да го вадам филтерот од BOSS Classic и така да ги пушам, да почувствувам што е тоа што другите го сакаат, стануваат зависни и слично. Ништо, другарите ми велеа „ти си готов, сега оставање цигари никако“, но не, реков толку и навистина толку - предодредено ми било да не пушам цигари, може е нешто подсвесно но незнам. Друг пример, сакав пирсеви и обетки. Стигнав до „тунели“ од 15мм и повторно си реков, ова не сум јас...сега не носам обетки. Во два (од многу примери) сум пробал да се променам (на полошо во мојот случај) но не ми успеало...
 
Луѓето не се менуваат. Луѓето само можат да видам што е погрешно, што не е и така и подоцна да се однесуваат. Ние само созреваме со текот на времето, за многу работи и тоа се единствените наши промени.
Сум пробала многу пати да се сменам.. но не иде.
 
Верувам дека човекот може да се смени ако му се случи нешто многу лошо или многу добро во животот.
 
Секако дека луѓето се менуваат. Тоа е нормално самооо не секогаш се менуваме на подобро ;)
 
Женските упорно сакат од некој лош момак да напраат човек.
Машките сакат секоја мома да ја напраат како курва у кревет.
Ни едните успеват, ни другите. На крај скршени илузии.
 
Женските упорно сакат од некој лош момак да напраат човек.
Машките сакат секоја мома да ја напраат како курва у кревет.
Ни едните успеват, ни другите. На крај скршени илузии.

Љубовта всушност и почива во најголем дел на илузија и помал дел на инерција :)... Инаку, најзалуден е обидот да се промени некој поради нашите потреби и мотиви, па колку и да се тие благородни и исправни. Човек може да промени дел од своите вредности, убедувања, навики, ама само и единствено поради себеси и кога самиот ќе е спремен на тие промени. Додека карактерот и темпераментот остануваат во голема мера непроменети во текот на животот, но со вежба и искуство може да се дозираат поправилно манифестациите :) .
 
Така е, љубовта е доста добар претекст за да почнеш да го делкаш саканио според твојте стандарди. Заради таа причина, повеќето човеци не можат да различат дали са вљубени у самио човек, или у идејата да бидат вљубени у тај човек. Па после се почнува еми тава не чине, оваа не чине, масажи, дискусии, ситни уцени, манипулации, и стане една голема чорба каша (особено ако почне и сексо да се користе како оружје за промена)..... Абе живот, компот, зимај лажица и сркај како ненормален. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Вредности се стекнуват, и се губат. Убедувањата стануват поконзервативни како човек старее, навики се пеглат у зависност на животен стил и услови. Ама сите овие нешта, па дури и промените са инспирирани од карактер и темперамент. А дали некој ќе може да се извежба да се контролира, и да ги користе у правилните моменти... тава си е виртуозност, ретко се среќава такво нешто.
 
Во врска со болдот се согласувам во целост, и мене некако се‘ повеќе ми се стеснува либералниот поглед на светот, на сметка на конзервативниот, со изминување на времето :)... Условено е сето тоа од карактерот и темпераментот и од конкретниот услови, т.е. средината во која е фрлен, или затекнат човекот, а во однос на контролата, се стекнува, па губи и пак макотрпно стекнува, важна е упорноста :)...
 
Мислам дека се е индивидуално дали човекот се менува на подобро или полошо.Тие луѓе што се смениле на полошо всушност се луѓе кои не знаат, па мислат дека е тоа единственото што преостанува за да си оправдаат некои падови или тешки пресврти во животот и си наштетуваат себеси или пак уште полошо на некој друг.Ние сме така програмирани да учиме се од нашето раѓање така што не постои нешто што не може да се стекне или промени.Битни се карактерот,волјата и здравата и трезвена свест. Треба да ги прифаќаме искрените сугестии од надвор и да се трудиме да се запознаеме себеси што е и целта во животот.Луѓето што не успеваат се таквите кои или се сакаат себеси во такво руво или не се труделе доволно.На крајот на краиштата човекот е нели светскиот двигател на нештата како најумно и најразвиено суштество.
 
Evolucija na svesta. Sekako deka e mozhna i potrebna. Da rastesh vo mudrost i razbiranje. A toa chovekot go mozhe!:D Ta neli se razlikuvame od majmunot i od volkot?:ROFLMAO:
 
Луѓето не се менуваат, само ги менуваат маските, внатре остануваат исти.Зависи кое Его е на власт денес, таква маска ќе си стават.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom