Луѓето НЕ се менуваат. Знам дека е така по мене. Сум пробал да бидам нешто што не сум - да се сменам, не ми успеало. Некои работи ти се предодредени на некој чуден начин и што и да правиш неможеш на тоа да влијаеш. Можеш да смениш некои ситни работи, но не и долгорочно, јас така мислам. Некои работи кои ги правам, и сакам да ги правам, нема начин да престанам да ги сакам и да ги правам. Мислам дека секој е така, се заљубуваш во тоа што секогаш ти се допаѓало, преферираш спорт кој секогаш си го сакал, храната која ја јадеме, не може да станеш вегетеријанец, ако страстно сакаш месо - само да си речеш еве престанувам. Јас мислев дека така со одлука се менуваат работите, но се излажав. Си реков ај ке пушам цигари, нема проблем, купив кутија цигари, ги испушив - ништо посебно. Утредента пак, појаки..и така 2-3 месеци за на крај да го вадам филтерот од BOSS Classic и така да ги пушам, да почувствувам што е тоа што другите го сакаат, стануваат зависни и слично. Ништо, другарите ми велеа „ти си готов, сега оставање цигари никако“, но не, реков толку и навистина толку - предодредено ми било да не пушам цигари, може е нешто подсвесно но незнам. Друг пример, сакав пирсеви и обетки. Стигнав до „тунели“ од 15мм и повторно си реков, ова не сум јас...сега не носам обетки. Во два (од многу примери) сум пробал да се променам (на полошо во мојот случај) но не ми успеало...