Лудоста на религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што има повеќе религии, кои егзистираат паралелно, не значи дека има и толку богови. Исус на тоа јасно предупредува: „..Не можете да им служите на двајца господари, оти едниот ќе ве намрази, а другиот засака...Не можете да му служите на Бога и на мамона...„. Оттука, јасно е и очигледно дека Христос не посочил други богови, освен Едниот Бог. Надвор од Бога, нема други богови-или ќе Му служиме на вистинскиот Бог или на оној кој сакаше да стане бог.

Ова што си го напишал е од Христијанска гледна точка, што станува за другите религии? Што ако Алах е вистинскиот бог и он ти вика да немаш други богови освен него, а ти „служиш“ на светата трица...
Згора на тоа ако стварно постои и ако стварно е милостлив и добар и се како што викате, зошто тогаш би барал да му бидете слуги, пошто нели му служите?
Нели кога него би му се правдале и би му се правеле лојални, а нели како луѓе сите мора да згрешат, нели би биле лицемери?
 
- Да, она кое го пишувам е напишано од православна христијанска гледна точка.
- Што станува со друте религии, не е тема со која сум оптеретен, иако и за тоа може да се зборува. На припадниците од другите религии, нека им биде според нивната вера.
- Јас го избирам Троединиот Бог, Света Троица и тој мој избор ќе има последици само на мојот грб.
- А зашто да Му служиме? Па кон Бога и треба да имаме стравопочит: страв, оти може и душата и телото да ги отера во пеколот, а почит оти не создал од ништо и оти не повика на вечен живот. Плус тоа, волјата Божја вели дека не треба да имаме други богови на кои ќе им служиме, а верничка должност е својата волја да се прилагоди кон волјата Божја.
- Лицемер е оној кој својата вера ја изразува само формално, фарисејски, пред другите луѓе, за да биде виден. А Христос заповеда: „..не покажувајте се праведни пред луѓето, за да ве видат..„
 
Back
На врв Bottom