Лудници

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Жално е и скандалозно да нема тема каде се обработува тематиката околу менталното здравје, поточно околу институциите задолжени со таа навидум...благородна дејност.
Во РМ егзистираат 4 лудници.

Психијатриска болница „Демир Хисар“, со долга и богата традиција, trademark на истимениот град...

ImageServlet

Психијатриска болница “Скопје“ во атарот на село Бардовци, позната по името на селото кое ни криво ни должно станало синоним за ментални болештини...

1581B267EF39F54B9BCF2D8F5358686B.jpg

Помалку позната за поширокиот аудиториум каде секако спаѓаат и идни пациенти е Нервно-психијатриската болница “Негорци“, Гевгелија...

negorci1-10-9-10.jpg

Специјален завод “Демир Капија“, повторно во едно заборавено местенце познато по високи летни температури...

demir_kapija_spec_zavod_230_180.jpg

Порано имало уште една лудница во РМ, имам слушнато дека дел од денешниот ПМФ во Скопје бил лудница, а сега таму се држеле предавања на студенти...

Дали мислите дека бројот на лудници во РМ е доволен или треба да се отворат и нови, што не би исклучило и проширување на постоечките капацитети?
Дали сметате дека третманите на умоболните таму се во ред, даваат резултати, или треба да се воведат нови форми на лечење на институционализираните?
Има сето тоа некаков ефект или само привремено или трајно се изолираат лудите од општеството?
На каков став сте околу бројот на пациенти во наредниве години, посебно од оние крајни случаи (порано познати на запад како criminally insane) ќе се наголемува или е достигнат peak madness и нивниот број ќе стагнира?
Приватни иницијативи во овој сектор (санаториуми) ?

Прво и основно... Не постои термин "луд" - тоа е само една широко расплинета неологизма која сеуште непрофесионално се одржува меѓу народот!

Второ, не постои институција "лудница", чија цел е одвојување на како што велите "лудите" од општеството!

Трето... Станува збор за психијатриски установи и установи за третман на болните од средни до тешки ментални (ретардациони) нарушувања!

Инаку сметам дека треба да постојат повеќе установи за ментални нарушувања, пред се да се направи дистинкција на болестите од органска и од ментална природа, исто така посебна институција за лекување на Алцхајмер, Пакинсон, Хантингтон... итн... Целта на овие установи е ресоцијализација и барем приближно враќање на овие болни во функционален живот!
 
Реално во Македонија има доволно установи, само што нема доволно обучен кадар, кој би бил вработен овде и би ја следеле состојбата на пациентите. Овие пациенти спаѓаат во тешки болни и им требаат посебни третмани...плус, кај некои делуваат лекарствата, кај некои не...
Многу полемики...малку пари, за да се обезбедат установите со простор, нови кревети, чисти душеци и да не кажувам понатаму, бидејку во нашите, не само овакви установи, туку и во болниците општата хигиенска состојба е катастрофа.
А ако се заебаваме, реално во Македонија треба уше мнооогу вакви установи, за да им се обезбедат доволно кревети на оние што ни ја водат државата, не само владеачкава партија туку и сви остали!
Поздрав.
 
Прво и основно... Не постои термин "луд" - тоа е само една широко расплинета неологизма која сеуште непрофесионално се одржува меѓу народот!

Второ, не постои институција "лудница", чија цел е одвојување на како што велите "лудите" од општеството!

Трето... Станува збор за психијатриски установи и установи за третман на болните од средни до тешки ментални (ретардациони) нарушувања!

Инаку сметам дека треба да постојат повеќе установи за ментални нарушувања, пред се да се направи дистинкција на болестите од органска и од ментална природа, исто така посебна институција за лекување на Алцхајмер, Пакинсон, Хантингтон... итн... Целта на овие установи е ресоцијализација и барем приближно враќање на овие болни во функционален живот!

Ве конектираа таму или...?

1.Не само што постои терминот „луд“ туку е во масовна употреба со векови и векови.
Не знам како не си го приметил тоа досега или не си го слушнал тој поим, па тоа те шокира сега.
2.Лудници постојат, ете имаш и слики на цитираниот пост, прашај луѓе ако не веруваш, или посети ги наведените места...и тоа како тие места служат за одвојување и изолирање на лудите...
3.Хехех...“луд“ било неологизам, а психијатриска установа е стар збор, плод на долговековна народна традиција...лудило брате....хахах
4.Не се затвори за да биде целта “ресоцијализација“ туку официјалната цел е лекување на умоболните и овозможување на нивно функционирање во “нормалниот“ свет.
5.Се нема средства за соодветни установи за секој вид ментални болештини, така да се е на едно место, од луѓе во кататонична состојба до лесни пореметувања...
6.Можеби враќање кон традиционалните методи на лечење би дало резултат...
 
А ако се заебаваме, реално во Македонија треба уше мнооогу вакви установи, за да им се обезбедат доволно кревети на оние што ни ја водат државата, не само владеачкава партија туку и сви остали!
Поздрав.

Јас би гласал за проширување на областа која претставува објект на третман во посочените установи и мислам дека на спомнатата категорија потенцијални "пациенти" треба да им биде овозможено правото да ги користат потребните услуги. Потоа потребно е установи и за пациентите на "пациентите". Е тука, може да се соочиме со сериозен недостиг од средства бидејќи ќе треба да опфатат еден голем дел од општеството.

Настрана од политиката најверојатно постојните институции се доволни како број, но лошо организирани и екипирани.
 
Треба да се применат светските искуства во борбата против лудилото.
На пример да се пратат стажанти или психијатри на усовршување во светски реномирани лудници како Бедлам, симболот на британската грижа за умоболните, chasing evil spirits since 1357.
 
Како што беше наведено на темава, лудилото секоја година се наголемува меѓу популацијата.
Причините се повеќе од јасни, економската ситуација, задолженоста и социјалниот притисок си го земаат својот данок во sanity...

Втората голема инвестиција што ја најави Владата ќе биде во здравството. Ќе се реновира болницата за душевни болести во Бардовци. Во неа ќе биле инвестирани 13 милини евра. Ќе се размисли и за проширување на капацитетот, бидејќи како што информираат од Владата, од 450 места со кои располага болницата, постојано се пополнети над 430. Со проширувањето на капацитетот, ова изгледа како добра идеја. Според податоци објавено од Фондот за здравство, во 2008. година граѓаните на Македонија имале потреба од 500 илјади (или половина милион) рецепти за подигнување лекови што се нарекуваат антидепресиви, односно „лексилиуми“, „дијазепами“, „валиуми“ и сл. Истовремено, таа година на граѓаните им биле препишани еден милион и триста илјади рецепти за подигнување лекови за лекување на централниот нервен систем. Веројатно, како резултат на преродбата, односно само две години подоцна, во 2010 година, според истите податоци од Фондот, потрошувачката на антидепресиви во Македонија била зголемена за 50%, односно биле издадени околу 800 илјади рецепти. Бројот на потребните рецепти за лекување на централниот нервен систем на граѓаните од еден милион и триста илјади во 2008 година бил зголемен на два милиони и триста или речиси за 100 отсто.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A30FF5C64AF75E4EAEC375A5616F69DB
 
Не можам да ги најдам оригиналните податоци од фондот за здравство, меѓутоа под претпоставка дека ова што го кажува типов е вистина, тоа значи дека здравствениот систем се подобрил, а не дека луѓето побудалеле. Во овие два века архивирана историја на психијатриски заболувања не е познат случај кога пројот на ментално болни нагло се покачил или паднал, освен во случаи на војни. Поголемиот број на рецепти значи само дека поголем број од луѓето се обратиле на лекар за помош во случај на депресија. Депресиите се најголем проблем кога не се третирани, и најголем дел од самоубиствата се во случаи на нетретирани депресивци. Тоа што луѓето не се срамат и одат на лекар да побараат помош е одлична вест, и се надевам дека поголем број антидепресантите се на позитивната листа.

Аргументот со "лекови за централен нервен систем" е тотално невалиден зошто голем број од овие лекови не се за ментални болести туку за навролошки пореметувања (изливи, мс, трауми). На крај „лексилиуми“, „дијазепами“, „валиуми“ не се антидепресанти туку депресанти, ама тоа е кога ќе пуштиш партиски мегафон да урла за битни прашања на јавното здравство.
 
Невалиден затоа што не одговара на школски дефиниции за лудило!?
Погледни околу себе mate...:)
И кажи ми што забележуваш кај рајата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom