Лудиот босански коментатор

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Коментаторот Един Авдиќ ги воодушеви босанските навивачи и за брзо време стана вистински хит во Босна и Херцеговина.
Се чини дека најдобар потег на босанската федерална телевизија беше изборот на коментатор за натпреварите на Босна и Херцеговина на Евробаскетот. Босанците првенството во Словенија ќе го паметат по храбрата игра на нивните момци, но и по ,,лудиот'' коментатор Авдиќ.

Ако ние го имаме Игор тие го имаат Един коментатор кој дефинитивно се возбудува ненормално а посебно јаки му се: Од Соблекувална, Паркинг... а инаку и што видов еден коментар на видеото пишале: da je utakmica trajala duze pogodio bi on i iz hotela :pos:
 
Авдиќ е легенда, кој прател НБА у земјава кога идеше на ОБН и кога беше Авдиќ кај нив го знае...

Финалето на истокот пред неколку године кој играа Булси и Бостон никад нема да го забраем, коментираше Авдиќ и уште еден не ми текнуе како се викаше, цареви беа двајцата, ми беше милина да глеам заради нив !!
 
Ова "из свлачионице" и "са паркинга" му е украдена фора од шпанскиот коментатор кој ја коментираше Македонија - Шпанија (во подготвителната фаза). Познат наш, голем маШ - Перо Антиќ и неговото незауздано шутирање од далечина и непотврдено, али се сумња Шпанецот со коментар:

"Перо Антиќ повторно шутира од Скопје...!" :D
 
Секоја чест, јас почитувам вака да се внеси за својата репрезентација...овие Босанциве по една легенда си имаат и за Фудбал и за Кошарка :pos:
 
Не е луд , баш како што треба си е . И не иритира како на пример хрватските коментатори за фудбал кога коментираат , или србчињата на јуроспорт Ноле кога игра .

Ме изненади тоа што и двајцата коментатори се релативно млади , отпрвин си мислев дека и двајцата се 55+ ( по бојата на гласот и откаченоста )
 
Един не е од вчера, беше и во ОБН и Арена. Фантастичен коментатор, со одлични познавања. Тоа што коментира со емоции е уште еден плус.
 
Един не е луд туку класа коментатор. Овие фрази што ги изговори на натпреварот помеѓу Босна и Литванија беа од адреналинот, човекот едноставно се внесе во натпреварот, неговата земја ја плескаше Литванија.
Един е најдобриот балкански кошаркарски коментатор без никакви дилеми. Човекот повеќе знае за кошарката од 70% од македонските тренери налик Лазовски и компанија. Ги знаеше сите напади на Босна на првенствово, буквално знаеше како диши екипата заедно со нивниот тренер. Се би дал пак да го чујам како коментира НБА.
 
Шаренац ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom