Лудило и генијалност. Која е границата?

- не читав од почеток може има вакво мислење но сепак .
- што по критериумите на просечниот човек е лудило ?. тој секое несовпаѓање со просекот го поприма како лудило или ненормалност.
- од тука можеме да кажеме дека генијалците се ненормални , што во суштина е и точно бидејки тие се над нормалата на скалата на интелигенција.
- друго прашање е сега што т.н. нормални се репер за тоа кој како ке се окарактеризира , па се прави генерализација дека се што не се совпаѓа со нивниот терк на нормалност е лудило.
- затоа не треба да се поистоветуваат кутрите луѓе со заостанување во развојот и натпросечно умните. едноставно на вториве понекогаш од преоптовареност им "паѓа системот" , но тоа во никој случај не е лудило , само од преголемо оптоварување им се "спојуваат жичките ":uvo:.
 
Хм,јас имам кратко мислење за оваа тема.Мислам дека генијлците не се луди,туку генијални и обичните луѓе неможејќи да ги прифатат нивните ставови и однесувања за нормални ги прогласуваат за лудаци.Премногу генијалност за обичниот човек:)Па во минатото кога веле научниците дека земјата е тркалезна и се врти околу сонцето сите ги сметале за луди а денес и 5-годишно дете ќе зне да ти каже дека земјата е округла и се врти околу сонцето.:toe:А можеби и во периодот кога тие живееле нивноо однесување и мислење се сметало за некоја лудост,а понатаму низ годините се променува општеството и тоа мислење за некој може да биде и сосема нормално:smir:
 
скоро и невозможно е да се најде границата.Иначе тешко дека има многу генијалци.Суштествава на планетава маваат повеке кон првото(од насловов).
 
Тесна е границата која ги дели генијалноста и лудилото.Генијалноста може да биде подарок или проклество,но оние што ја поседуваат многу ретко припаѓаат на обичните луѓе.
 
За мнозинството, луди се сите оние чија лудост не се совпаѓа со нивната.
 
Луд си кога имаш чудна идеја на која сите ти се смеат.
Генијален си кога си им докажал на другите шо ти се смееле дека си можел да ги реализираш своите луди идеи.
 
Од утилитаристички аспект,

лудилото е генијалност само ако единката го подобрува животот на неопредел број луѓе со помош на своите “луди идеи“.

На пример, иако религијата е масовно лудило, заради способноста да создава определен душевен мир, е чиста генијалност.

настрана негативната страна која се јавува од организирано религиозно делување :)
 
Генијалноста е на ниво на умот , а лудилото е под умот.
Генијалниоста е производ на умот....ништо посебно.
Над умот си Ти.
Ти си се што не си, уствари Ти си ништо и ти си Се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom