Да ја освежиме темава малце:
Објаснување на техниките/помагалата за луцидни соништа.
Today on-line, соновник (dream journal).
Запишувањето на соновите е важен дел од луцидното сонување. За среќа, е лесно и интересно - и значително го зголемува вашето ниво на свест во сонот, правејки полесно да се “разбудите“ во сон. Просечниот човек има 5 циклуси на спиење. На крајот од секој циклус, има таканаречен РЕМ период. Повеќето луѓе сонуваат околу 100 минути секоја ноќ. Најдоброто време да се присетите на соновите и да ги запишете е утрото.
Најдете си луцидно сидро
Ако имате проблем со запомнувањето на соништата, користете луцидно сидро. Сидрата доаѓаат од фасцинирачката гранка на психологија наречена Neuro Linguistic Programming (NLP - Невро Лингвистичо Програмирање). Пред да заспиете, одберете предмет кој можете јасно да го гледате од креветот (положбата за спиење). Ова ќе биде вашето сидро. Сидрото треба да биде нешто што го гледате пред да легнете, и да е првото нешто што го гледате одкако ќе станете. Потоа, треба да си ја поврзете помислата на “запомнување/запишување соништа“ со предметот, и следниот пат кога ќе се разбудите и го видите предметот - ќе ви текне на намерата и ќе запамтите/запишете сонот.
Како да почнам соновник
Можеби некои од чекориве ќе звучат очигледни, но има и некои ствари кои ќе бидат вредни да се прочитаат.
#1
Најди тетратка, или поубаво некој тефтер со тврди корици, кој ќе биде стрикно за запишувањето на твоите сонови. Нека биде на дофат на рака од креветот во лежечка состојба. Соновите лесно можат да ви “избегаат“ па битно е да биде близу до вас. Исто чувајте и пенкало (или подобро молив, бидејки не сите пенкала пишуваат во хоризонтална положба).
Ако станете и почнете да зборите и размислувате за други работи, вашите моторни неврони ќе почнат да работат и ќе ви ја “избришат“ меморијата од сонот сметајки ја за неважечка.
#2
Секогаш запишувајте ја и датата на сонот. Запишете се што памтите во моментот во сегашно време пр.“одам низ улица кога жаба искача од грмушката и штолијазнам“.
#3
Идентификувај ги темите на сонот. Размисли за локацијата, ликовите, сензациите, звуците, предметите и емоциите од сонот. Подвлечи ги клучните зборови кои можат да помогнат да ги интерпретираш соништата пр.“жабата е тажна бидејки знае дека иде змија“
Бидејки можеби ќе сакате да ги интерпретирате вашите сонови темелно, задржувајте се на овие клучни зборови. Во спротива, пишувајте се што ќе запамтите за да ви се зголеми нивото на свест за соништата.
#4
Не се замарајте со ракопис, интерпункциски знаци и граматика. Се додека можете повторно да прочитате и разберете што сте напишале - на коњ сте.
#5
Направете скици од одредени моменти кои ги памтите јасни. Не е битно дали сте вешти, скицата е само за да можете полесно да визуелизирате што сте сонувате кога одново ќе го читате соновникот.
#6
Кога ќе завршите, анализирајте се себеси, можеби моментално сте депресивен поради љубовни причини, пробајте да ја најдете врската на вашите проблеми и радости со дејствијата во сонот.
#7
Дадете му на сонот добар/точен наслов. Ништо посебно, само нешто по што ќе го паметите. Ако сте станале луциден во одреден момент во сонот, запишете "Л“ (за луцидно) и заокружете го, веднаш до насловот. Идентификувајте што ве натерало да бидете луцидни, и запишете го под сонот.
Прашња и одговори:
Колку често треба да пишувам во соновникот?
Запишувај ги соновите штом можеш. Не мора да биде секој ден, али неколку пати неделно би било таман. (Најдобро, тие што најјасно ги памтиш - тие да ги запишуваш). Некогаш ќе ве мрзи да пишувате па е океј да скокнеш ден (освен ако не било екстра добар сон да се запише).
Како да ја зголемам свесноста во соновите?
Ако имаш проблем со запомнувањето на соништата, соновников може нема да изгледа дека ви помага. Но не се секирајте. Пишувајте ги сите мали ситници кои ги памтите, иако не се доволно обемни за анализирање или општо за комплетација. Ќе приметите дека со тек на време ќе помните се повеќе и повеќе.
Ако има прашања, слободно прашајте