Ловење на крстот во Делчево...

  • Креатор на темата Креатор на темата caci_slavco
  • Време на започнување Време на започнување
Писма: Фаќање на крстот во падобранско-диверзантски стил

Охрид, Водици 2011 – та, 10 и нешто часот сабајле. Пристаниште. Се’ е спремно. Од "Галеб" владиката ги пее последните стихови од "Во Јордание". На брегот, од страна на Капетанијата построени околу 200 капачи. Од бродот се оддалечени околу 50 метри. Некои влегуваат први, другите по нив. Езерото се пенее додека препливаат до "Галеб". Некои се веќе уморни од студот ама никој не се враќа назад. Просторот околу Пристаниште е опколен со петилјадна публика. Сите гледааат во правец на капачите и бродот од каде владиката ќе го фрла крстот. Тогаш, минута пред да биде чинот, група "диверзанти" наоѓаат порозно место во оградениот дел, од страна на поранешна библиотека, со кајче (значи потполно суви) доаѓаат до крмата на бродот, вешто се качуваат на "Галеб", скокаат метар-два пред останатите капачи, веднаш до бродот бидејќи имаат најидеална позиција и не се уморни. Прават обрач, владиката без размислување го фрла меѓу нив, еден го фаќа. Публиката вика УА. Но готово е. За "тили час" се горе – "Варош, варош...". Останатите остануваат со кратки ракави.

Не само 2011. Слични сценарија со ист исход од 1992 па навака. Едни те исти го фаќаат. Јавна тајна е веќе. Кај нас дури и добро беше. Гледам по други градови се истепале до крв, негде попот два пати го фрлал крстот...Ужас. Најубав празник, а така да биде банализиран. За што? За една рака "златници".

Спаско Костоски

*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.
http://ohridnews.com/index.php?mod=23&kat=24&id=27731
 
И не си заминаа сос него.....
 
Така ќе е се додека го ставаме материјалното пред духовното, се додека наградата ним е на прво место секогаш ке така, а сто мислите дали би имало тепачки доколку не се доделуват телевизори компјутери, парични награди...... , туку секој би влегол во водата за здравје и берикет
 
сељачаана!!!!!!!!!
и после тоа оди во црква и крсти се. веќе се прекрстив пред мониторов и темава со клиповиве и текстот од охрид и си реков: БОГ ДА ЧУВА!!!
 
Ајде море попе, от накај нас не прсна, ајде ќе ми помини снимањето :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Цццццц срамота, па добро овие имаат ли памет бе? Не ли размислуваат дека Крстот не се фаќа за наградата туку за здравје и среќа?! Овие не се нормални, срам за народот!

Ама http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=62173
Крстот не остана во рацете на насилниците. Свештениците одлучија да не го дадат светиот крст а општината нема да ја додели ни наградата. Телевизорот ќе го чека среќникот до следната година.

Браво за оваа одлука!
Попот освен да зборува на микрофнон, друго неможеше ништо да направи. Море требаше да си замине и му е гајле, овие нека се дотепаат ако сакаат! Срамота!
Толку ли немаше полиција, да влезат 15-тина полицајци да ги раздвојат будаливе, да ги изнесат на копно и право во станица!
Немам повеќе коментар стварно .................
 
Сељаци......:tapp:
вака се прави?????? глуперди
 
i posle nemalo vo provincija seljaci pa se seljaci se .
gledajte so e ova kakva eu kakva nato so vi e problemot nie sami sme si stoka be KRETENI I SVINJI OD NAROD zatoa u avtobus ke ti prdat i zdrigaat ili u kafic ke se derat ke krsat ko da ne vlegle cel zivot i za kafana vazi istoto i so posle ke kazete se seljaci be !!!

--- надополнето ---

Цццццц срамота, па добро овие имаат ли памет бе? Не ли размислуваат дека Крстот не се фаќа за наградата туку за здравје и среќа?! Овие не се нормални, срам за народот!

Ама http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=62173
Крстот не остана во рацете на насилниците. Свештениците одлучија да не го дадат светиот крст а општината нема да ја додели ни наградата. Телевизорот ќе го чека среќникот до следната година.

Браво за оваа одлука!
Попот освен да зборува на микрофнон, друго неможеше ништо да направи. Море требаше да си замине и му е гајле, овие нека се дотепаат ако сакаат! Срамота!
Толку ли немаше полиција, да влезат 15-тина полицајци да ги раздвојат будаливе, да ги изнесат на копно и право во станица!
Немам повеќе коментар стварно .................

znaci tamu nema policija dali ima 2 3 ili 5 dusi drugo sve e seljaci i kreteni
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom